МакедонијаМакам-транс: Заедно со Министерството за транспорт ќе ги решиме проблемите на превозницитеОд Асоцијацијата истакнуваат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение и оти целта е да се обезбеди непречено вршење на дејноста превоз во патниот сообраќај.Од Асоцијацијата „Макам-транс“ велат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение за проблемите со кои се соочуваат превозниците при престојот во шенген-зоната во преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација на Европската Унија. Посочуваат дека веќе има позитивни одговори од некои од институциите и коморите по чекорите што ги презедоа за поголемо лобирање за наоѓање решение и апелираат на што поголем заеднички ангажман од сите во оваа насока. - Има реакции од Стопанската комора, од каде што има поддршка, од Американската стопанска комора, каде што, по првичната комуникација, испративме и дополнителни информации за нашите предлози за решението. Постојано имаме поддршка од Министерството за транспорт, очекуваме Министерството за надворешни работи и надворешна трговија да закаже состанок со амабасадорите. Има одговори и од некои од амбасадите до кои се обративме да ни укажат какви визи постојат за професионалните возачи за влез на територијата на шенген-зоната - изјави денска за МИА, Билјана Муратовска, генерален секретар на „Макам-транс“. Од Асоцијацијата истакнуваат дека активно учествуваат во процесот на изнаоѓање решение и оти целта е да се обезбеди непречено вршење на дејноста превоз во патниот сообраќај, со целосно почитување на меѓународните и европските правни стандарди и без дискриминација на професионалните возачи од нашата држава. По состанокот од минатата недела (11 февруари) на работната група на претставниците од шесте држави од Западен Балкан со тие од шенген-зоната, нов состанок според најавите треба да се одржи на 23 февруари. На состанокот на работната група на 11 февруари од претставниците на шесте држави од Западен Балкан биле побарани технички показатели, како број на возачи, превозници... и по консултациите во рамките на шенген-зоната ќе се одржи нов состанок за наоѓање соодветно решение за преодниот период до целосно спроведување на новата стратегија за визна либерализација. - Во дополнетата стратегија за визна либерализација на ЕУ првпат се признава дека професионалниот возач е лице што врши дејност и треба да биде третирано соодветно, односно да има можност за подолг престој од 90/180 дена исто како екипажите во другите видови транспорт - потенцираат од „Макам-транс“. Како дел од конкретните чекори за поголемо лобирање, „Макам-транс“ испрати официјален допис до Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со барање за институционална поддршка преку организирање средба со сите амбасадори на државите членки на шенген-зоната, кои имаат амбасади во нашата држава, со покана и до амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, и претседателот на Комората за странски инвестиции. Испратени се и барања до амбасадите на земјите членки на шенген-зоната во нашата држава за добивање информации за поднесување барање за добивање посебна виза за професионалните возачи за подолг престој во нивната држава, односно со можност да важат и за сите држави од шенген-оната. Освен до стопанските комори, испратени се и дописи до Организацијата на работодавачите, до застапникот од Федералниот секретаријат од Белгија за секторот Патен транспорт и логистика и до превозниците за обезбедување поширока поддршка преку нивните соработници од земјите на шенген-зоната. Исто така, и до делегацијата на Европската Унија во државата со барање за воспоставување услови за преодно решение до целосна имплементација на новата стратегија во согласност со Спогодбата за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ. „Макам-транс“ укажува дека целта е да се обезбедат услови и во преодниот период за непречено вршење превоз на стока и патници на територијата на ЕУ, без неправедни ограничувања и дискриминаторни постапки во согласност со Спогодба за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ во 2001 година и сите билатерални спогодби од областа на патниот превоз. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески вчера порача дека бизнис-секторот и Kомората ќе ја продолжат битката за транспортните компании за трајно решение за престојот на превозниците во шенген-зоната. Азески нагласи дека неразбирливо е земја шр=то доброволно се стреми кон членство во Европската Унија да се соочува со санкции и ограничувања. - Ако некој го ограничува движењето на луѓето и на стоките, тогаш го прави најголемото злосторство што може да постои, да те затвори самиот во себе, каде што не можеш да просперираш и да видиш, да се споредеш со другите - рече Азески истакнувајќи дека треба да се отворат сите порти и оти редиците камиони на граничните премини ги има само на Балканот, и тоа во должина по три-четири километри. Министерството за транспорт вчера соопшти дека во координација со Европската комисија се работи на трајно решение во врска со престојот на превозниците во шенген-зоната, како и дека ресорните министерства изминатиот период се во интензивна комуникација со ЕК со цел да се изнајде решение за проблемот. Посочија дека се во постојана комуникација и со превозниците и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамките на новата визна стратегија што ја промовира Европската Унија, каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци, како и можностите за друг вид визи. - Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС-системот и дека активно сите фактори работат на решавање на овој проблем. Дијалогот со Европската комисија е активен и сите можности се разгледуваат од страна на техничка работна група составена од сите ресорни министерства и претставници на Европската комисија. Во следниот период разговорите продолжуваат со засилена динамика со цел наоѓање трајно решение, кое е прифатливо за сите страни. Како Министерство, апелираме да не се потпаѓа на шпекулации и секаков вид непроверени информации, кои може да му наштетат на дијалогот, особено не на шпекулации од соседните држави. Секоја држава одлучува за себе. Македонија продолжува со дијалог за трајно решение - соопшти Министерството за транспорт. Превозниците од регионот, од 26 до 29 јануари организираа блокади на граничните премини со барање да се реши проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи. Блокадите беа прекинати по одлуката на Европската комисија за нова Стратегија за визи со која ќе бидат опфатени професионалните возачи.Тагови: Макам-транс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСерија земјотреси на островот Вануату во Тихиот Океан Серија земјотреси, со јачина од 4,8 до 6,0 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија островската држава Вануату во Тихиот Океан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на отворено море, на длабочина од десет километри и на 523 километри од главниот град на Вануату, Порт Вила. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИзбори во Израел, двата политички блока се изедначени во КнесетотИзлезните анкети од парламентарните избори во Израел покажуваат неизвесен исход.Ниту Бенјамин Нетанјаху ниту Гади Ајзенкот засега немаат јасно мнозинство.Според првичните процени, двата политички блока се речиси изедначени во парламентот. Арапските партии се очекува да освојат од 18 до 19 пратенички места.Нивната поддршка може да биде клучна за формирање на новата влада.Излезноста беше рекордна достигна 77,7 проценти, највисока од изборите во 1999 година. Нетанјаху повика на формирање силна десничарска национална влада.Ајзенкот, пак, најави формирање влада што ќе ги претставува сите граѓани.конечните резултати ќе зависат и од пребројувањето на преостанатите гласови. По објавувањето на резултатите, претседателот ќе го задолжи кандидатот за кој смета дека може да формира коалиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook