Мајмун остави 22 милиони луѓе без струја- цела држава во темнина поради колапс на системот

Прекинот на струја што се случил во Шри Ланка е предизвикан на многу необичен начин - мајмун влегол во трафостаница.

„Мајмунот дошол во контакт со трансформатор, предизвикувајќи прекин во системот за снабдување со електрична енергија“, рече во изјавата министерката за енергетика на Шри Ланка, Кумара Јајакоди.

Министерката Јајакоди наведува, како што пренесува Le Figaro во Париз, дека инцидентот се случил во јужните предградија на главниот град Коломбо. Проблемот сè уште не е целосно решен, иако потрошувачите во некои области ја вратија струјата. Засега не е јасно уште колку време ќе биде потребно за сите да добијат струја.

„Инженерите се на местото на прекинот и работат на што поскоро враќање на струјата“, изјави министерот Јајакоди.

Фигаро потсетува дека Шри Ланка со месеци страдаше од недостиг на електрична енергија во летото 2022 година, кога земјата западна во економска криза, а жителите тогаш имаа струја само 13 часа на ден.

Шри Ланка има население од околу 22 милиони жители.

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

Стотици луѓе на Гренланд протестираа денеска против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за освојување на арктичката територија, јави ДПА.

„Наша земја. Наш избор. Нашата слобода“, напиша на Фејсбук, Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на централно-десничарската партија „Демократи“ како одговор на фотографиите од демонстрациите во главниот град Нук.

Претходно неделава претдедателот Трамп ја повтори својата идеја Гренланд да се приклучи на САД. Тој со месеци зборува дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е дел од Данска.

На состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа во четвртокот, американскиот претседател дополнително го разгоре прашањето кога одговори на новинарско прашање за неговите планови за можна анексија.

„Мислам дека тоа ќе се случи“, рече Трамп, нагласувајќи го големото стратешко значење на островот и фактот дека Данска е многу далеку од него.

Пратениците во Гренланд реагираа со бес. Ова е „целосно неприфатлив“ пристап, изјави актуелниот шеф на владата Муте Егеде за гренландскиот весник „Сермицијак“ за време на денешниот митинг во Нук.

Луѓето излегоа на улиците и во другите градови на островот. /МИА

Агенции на ОН добиле прашалник од САД да се изјаснат дали имаат антиамерикански уверувања

 Агенциите за пружање помош на Обединетите нации добиле прашалник од САД во кој се бара да наведат дали имаат „антиамерикански“ верувања или припадности.

Помеѓу 36-те прашања на формуларот испратени од Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMB), во кои увид имал Би-Би-Си, едно прашање е дали тие имаат некаква врска со комунизмот.

Прашалникот им бил доставен на некои од најголемите хуманитарни организации во светот, како што се Агенцијата на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Агенциите на ОН стравуваат дека потегот на ОМБ е знак дека САД планираат целосно да се повлечат од хуманитарната работа или дури и од Обединетите нации.

САД веќе ја напуштија Светската здравствена организација, и тоа уште на првиот ден од вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД.

Американскиот државен секретар Марко Рубио неделава објави дека се суспендирани огромно мнозинство од програмите на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци веруваат дека нивната земја троши премногу за странска помош./МИА

Играта не издржа: Серверите се гаснат половина година по лансирањето

Мултиплеер стрелецот „Spectre Divide“ ја доживеа истата судбина како „Concord“.

Пред само 15 дена оваа игра беше лансирана на конзолите „PlayStation 5“ и „Xbox Series“, а сега пристигна известување дека нејзините сервери ќе бидат исклучени во следните 30 дена.

Се затвора и „Mountaintop Studio“, чија прва и единствена игра што ја објавија е „Spectre Divide“.

Несреќната судбина на овој бесплатен наслов од прво лице не се случи преку ноќ - играта беше достапна за компјутер веќе половина година, каде што првично имаше пристоен одговор.

„Spectre Divide“ го играа 400.000 луѓе во првата недела, но повеќето од нив не се задржаа, дури и покрај дополнителната содржина.

Кратко и јасно – „Spectre Divide“ не беше доволно популарна игра за да преживее во конкурентна средина, пренесува „HCL“.

И покрај првичната идеја и вклучувањето на популарниот стример „Shroud“, и покрај милионскиот капитал - успехот за „Spectre Divide“ не беше загарантиран.

Извор: Б92

притисни ентер