ТехнологијаМајкрософт ќе ги зголеми цените за дури 20% на некои од водечките производиMicrosoft Corp (MSFT.O) денеска објави дека ќе ги зголеми цените до 20% за пакетот софтвер наречен Microsoft 365 кој вклучува популарни апликации како Teams и Outlook.Зголемувањата ќе стапат на сила во рок од шест месеци, соопшти Мајкрософт во блог пост објавувајќи ја промената. Софтверот „Мајкрософт 365“ е камен -темелник на сегментот на продуктивноста и деловниот процес на компанијата, која имаше продажба од 53,9 милијарди долари во последната фискална година, што е околу една третина од вкупната продажба на „Мајкрософт“ од 168 милијарди долари. Зголемувањата ќе влијаат на комерцијалните клиенти и се први откако Мајкрософт ја воведе услугата пред една деценија. Џаред Спатаро, корпоративен потпретседател за Microsoft 365, изјавил дека компанијата додала дваесетина апликации во пакетот откако е лансиран. „Оваа ажурирана цена ја одразува зголемената вредност што им ја доставивме на нашите клиенти во изминатите 10 години“, рече Спатаро во објавата. На најниско ниво, основните пакети ќе се зголемат за 20% од 5 долари по корисник на 6 долари, додека верзиите од највисоката класа на пакети ќе имаат помал пораст од 12,5% од 32 на 36 долари по корисник. Мајкрософт соопшти дека не ги менува цените за потрошувачките или образовните верзии на софтверот. Акциите на Мајкрософт денеска достигнаа рекордно високо ниво и пораснаа за 1,8%, на 295,96 долари, објави Ројтерс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење водаГостиварци извесно е дека од утре ќе имаат безбедна и питка вода од градскиот водовод. Третото тестирање на водата, по претходните две задоволителни лабораториски анализи, покажувало значително подобрување на физичко-хемиските и микробиолошките параметри. Од Локалниот кризен штаб за Канал 5 потврдуваат дека добрите резултати од примероците земени вчера се очекуваат во текот на денот. Доколку резултатите ја потврдат исправноста на водата, се очекува утре да биде укината забраната за нејзино користење за пиење. -Трите лабаратории земале мостри на секои 12 часа. Резултатите што ги добиле изутринва се добри, и покажале дека водата е исправна според физичките, хемиските и микробиолошките параметри. Се очекуваат уште резултатите кои биле земени вчера вечерта кои пак се очекуваат да излезат некаде после 16 часот. Токму, затоа Централниот кризен штаб ќе даде предлог утре АХВ да излезе со соопштение и да ја укине забраната за користење на вода за пиење во Гостивар – вели Зуди Џелили – Координатор на Кризниот штаб во Гостивар. Од Кризниот штаб апелираат граѓаните да не брзаат со користењето на водата за пиење сè додека не добијат официјално зелено светло од Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата е безбедна за употреба. Проверките ќе продолжат и во наредниот период, а паралелно ќе се работи и на подобрување на снабдувањето во деловите од градот каде што притисокот на водата е многу слаб, објаснуваат од Кризниот штаб во Гостивар. -Доколку и вечерните резултати ја потврдат исправноста на водата, ние како локален кризен штаб ќе имаме можеби прес со членови од централниот кризен штаб и ќе им соопштиме на граѓаните дека дефинитивно водата е добра за пиење од водоснабдителниот систем во општина Гостивар – посочува Џелили. Со очекуваното укинување на забраната, по повеќе од пет недели би завршила голготата на гостиварци со питката вода. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем предизвика здравствени проблеми кај околу 5000 жители. За загадената вода со фекалии Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководни позиции во Јавното претпријатие „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со одредени дејствија поврзани со водоснабдителниот систем во Гостивар овозможиле мешање на загадена вода со водата од системот за пиење. Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов украински напад: Рускиот извоз на жито и црноморската флота се загрозениМасивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море.Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база. Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое русија не коментираше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
МакедонијаПоднесено обвинение против Артан Груби Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Артан Груби и седум други лица како соизвршители во кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување.Обвинетите во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му нанесат штета на оштетеното правно лице акционерско друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на македонија во значителна вредност од над 8,2 милиони евра. Според обивнителството, тие биле свесни дека акционерското друштво за приредување игри на среќа државна лотарија на Македонија немало право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државава, бидејќи во 2013 година го вложило тоа право како непаричен влог со вредност од 6.244.898 евра при основањето на друштво за приредување игри на среќа државна видеолотарија на Република Македонија-Касинос Аустриа ДОО Скопје, за што се стекнало со удел во висина од 51% од основната главнина на друштвото. Надлежниот јавен обвинител предложи и за останатите обвинети да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавуваат повремено во судот, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook