Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
2Бизарен протест на навивачка на Манчестер Ј.: Додека Мајкл Керик не добие отказ, таа ќе објавува слики од своите голи гради!
ТехнологијаМајкрософт ја откупува компанијата, автор на Call of Duty за 68,7 милијарди долариMicrosoft објави дека ја купува Activision Blizzard за 68,7 милијарди долари. Трансакцијата, пишува Ројтерс, била извршена одеднаш..Ова е огромна и изненадувачка вест што може драстично да влијае на иднината на растечката индустрија на видео игри. Activision е познат по серијата Call of Duty, но и по многу други популарни наслови. Покрај Call of Duty, Activision Blizzard ги има следните наслови: Warcraft, World of Warcraft, Diablo, Crash Bandicoot, StarCraft, Tony Hawk, Overwatch, Candy Crush, Guitar Hero, Spyro ... Тоа е најголемата аквизиција во историјата на индустријата за игри. Сè уште не е можно да се знае, но лесно е можно оваа аквизиција да има огромно влијание врз иднината на индустријата за игри. Имено, Microsoft е сопственик и производител на популарната конзола Xbox, која со години води голема битка со поуспешниот и се уште популарен PlayStation. Со оваа аквизиција, Xbox сигурно ќе добие огромен замав, имајќи предвид дека сите горенаведени игри, како и многу други произведени од Activision Blizzard, би можеле да бидат ексклузивни за конзолата на Microsoft. Тоа, се разбира, е само можност. Но, секако гејмерската индустрија се соочува со огромни промени после ова. За почеток, претплатниците на Xbox Game Pass наскоро ќе ги добијат повеќето од гореспоменатите наслови. „Ќе ги ставиме сите наслови на Activision Blizzard на Game Pass на конзолите и компјутерите на Xbox“, рече Фил Спенсер, шеф на Xbox. Веста доаѓа нешто повеќе од една година откако Microsoft ја купи ZeniMax Media за 7 милијарди долари, давајќи не само Bethesda Game Studios туку и Arkane Studios, id Software и Machine Games во еден потег. Поради овој потег, Microsoft има игри од сериите Elder Scrolls, Fallout, Doom, Dishonored и Wolfenstein. Ова се исто така некои од најпопуларните игри на сите времиња.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНово рочиште за 13 полицајци за „Пулс“, со искази на сведоци предложени од одбранатаЧетири дена пред трагедијата во Пулс била договорена координирана акција за дрога, алкохол и малолетници, потврдил на денешното рочиште против 13-те полициски службеници, сведок на одбраната.Секторскиот состанок се одржал на 11 март со началникот на СВР Штип на кој била издадена наредба за координираната акција , сведочел на рочишето поранешниот началник на ОВР Пробиштип . Екс началникот сведочел дека од началничката од Кочани му биле побарани професионалци и лица на ниво на задачата, а дека ниту тој ниту анагжираните полицајци од Пробиштип немале информации во кои угостителски објекти ќе се извршува акциската конртола. Според неговото сведочење, заради лошите искуства акцијата била со усна а не со писмена наредба. Мегу ангажираните полицаји бил и Тоше Тодоровски, кој загина кобната ноќ во Пулс.. Сведок пак кој бил гостон во дискотеката изјавил дека забележал како еден од еден од обвинетите полицајци помагал во текот на ноќта, а дел од обвинетите биле надвор. Гостинка која пристигнала по два часот ноќта сведочи дека откако Панчо алармирал за пожарот се упатила кон излезната врата, каде заради преголемата гужва бил искршен и гипс картон, но и стакло на вратата. Таа изјавила дека таму паднала и се заглавила.. Се сеќавам дека се обидуваше да ме извлече лице во униформа – изјавила таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноПрофесорка во Австралија сексуално злоставувала двајца средношколци, оди во затворПоранешна професорка во средно училиште во Сиднеј е осудена на 15 месеци затвор за сексуални дејствија во кои биле вклучени двајца ученици. Тејла Ли Брејли денес се појави пред Окружниот суд во Парамата откако се изјасни за виновна по четири обвиненија, објавува „Канбера тајмс“. Обвиненијата се однесуваат на прекршоци извршени во текот на 2024 година, кои вклучуваат сексуални дејствија со двајца тинејџери, како и користење на телекомуникациски услуги за испраќање и пристап до материјал што прикажува злоупотреба на деца. Судијката Елизабет Рајан изјави дека начинот на кој Брејли ја издал довербата меѓу професорката и нејзините ученици заслужува затворска казна. „Ваквите прекршоци нанесуваат огромна штета на довербата што мора да постои помеѓу семејствата и образовниот систем“, изјави судијката Рајан. „Поради тоа, единствената соодветна казна е затворска“, додаде таа. Детективите првично ја уапсија Брејли во август 2024 година, во едно училиште во Сиднеј. Ученик: Го напуштив училиштето од срам Во тоа време, таа беше обвинета за сексуално вознемирување и за одржување сексуални односи со лице под посебна грижа. Откако беше пуштена на слобода со кауција, таа повторно беше уапсена помалку од две недели подоцна. Притоа, таа беше обвинета за дополнителни сексуални дејствија во кои бил вклучен уште еден тинејџер. На суд беше изнесено дека Брејли била таа што прва стапила во контакт со еден од младите мажи. Судијката прочита изјава за влијанието врз жртвата, подготвена од еден од тинејџерите, при што истакна дека нејзините постапки оставиле длабока трага кај учениците. „Тој напиша дека чувствува срам и дека морал да го напушти средното училиште пред да го заврши 12-то одделение – што одговара на нашата четврта година во средно училиште – токму поради тој срам“, изјави судијката. „Тој пател од несоница и бил прогонуван од трауматични сеќавања. Рече дека никој од неговите пријатели од училиштето веќе не разговара со него. Се чувствувал како тоа да е негова вина“, нагласи таа. Судијката се осврна и на писмата од членовите на семејството на обвинетата, во кои се наведува дека поради овие кривични дела, 32-годишната жена останала без брак, работа и углед. Таа, исто така, изнесе детали од психолошката проценка доставена до судот. Во извештајот се наведува дека на Брејли ѝ е дијагностицирано биполарно растројство и дека, најверојатно, се наоѓала во манична фаза во моментот кога биле извршени делата. „Во јули 2024 година, г-ѓа Брејли направи ужасни грешки. Таа ја искористи својата положба како наставничка за да ја злоупотреби довербата на две млади лица“, изјави судијката. Брејли ќе стекне право на условен отпуст на 24 април 2027 година. Судијката, исто така, наложи нејзиното име да биде внесено во полицискиот регистар на сексуални престапници во Нов Јужен Велс, во траење од 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаХоџа: Со поддршка од ЕУ го унапредуваме системот за квалитет на воздухотМинистерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на завршниот настан на проектот SMILE, реализиран со поддршка на Европската Унија преку ИПА II програмата, чија цел е унапредување на системот за управување со квалитетот на воздухот. Хоџа истакна дека борбата против загадувањето бара системски пристап, сигурни податоци и координирано дејствување на сите надлежни институции. Во рамки на проектот се подготвени нацрт на новиот Закон за квалитет на амбиентниот воздух, осум нови подзаконски акти, како и национални планови за квалитетот на воздухот и контрола на загадувањето за периодите 2027–2031 и 2027–2037 година. Проектот придонесе и за унапредување на мониторингот на загадувањето, подобрување на инвентарите на емисии и јакнење на институционалните капацитети. „Нашата одговорност е податоците и законските решенија да ги преточиме во поефикасни политики и подобар квалитет на воздухот. Продолжуваме да работиме на системски решенија што ќе придонесат за заштита на здравјето на граѓаните и почиста животна средина“, порача министерот Хоџа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter