3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ЕвропаМајката од пеколот, која ги остави своите две деца во шума во Португалија ја шокира полицијата на сослушувањето Марина Р. (41), француска државјанка осомничена дека ги напуштила своите синови, на возраст од 3 и 5 години, во шума во Португалија, оставајќи ги само со шише вода и портокал во ранецот, ја шокираше полицијата откако беше приведена на сослушување.Кога возило за транспорт на затвореници на Португалската Национална гарда (GNR) пристигна во судницата во Сетубал, полицајците останаа во неверица додека Марина, додека одеше кон судијата, пееше како оперска дива, додека нејзиниот партнер изговараше неповрзани изјави на љубов! Според медиумските извештаи, нејзиниот партнер Марк Б. (55), очувот на напуштените деца, беше првиот што беше изнесен од возилото. Тој постојано мрмореше нешто, се однесуваше агресивно, а потоа почна да вика: „Те сакам!“ Ги извика тие зборови неколку пати, но не беше јасно на кого му се обраќа - на момчињата што тој и Марина ги напуштија, на новинарите што чекаа осомничените да пристигнат на сослушување или на неговата партнерка Марина, која, откако и таа беше изнесена од комбето со лисици, пееше цело време. Марина и Марк, кои се обвинети за семејно насилство, напуштање и занемарување на деца, потоа дадоа неколкучасовни изјави во обвинителството. За потсетување, тие се обвинети дека пред неколку дена ги напуштиле синовите на Марина, кои имаат само три и пет години, среде шумски предел во Португалија. Момчињата беа пронајдени на државен пат во близина на Алкасер до Сал, а во ранецот имале само едно шише вода и еден портокал, заедно со облека за пресоблекување. Во исто време, беше утврдено дека мајката го оставила и својот трет син, кој има 16 години, сам и без надзор во Франција. Александар Кинтас, кој ги пронајде двете момчиња на патот на околу 60 километри од Лисабон во вторник вечерта, рече дека малите имале ранци на грбот и талкале по патот додека температурата надвор сè уште била околу 30 степени Целзиусови. Според него, момчињата имале облека за пресоблекување, јаболко, портокал и шише вода во ранците. Александар се грижел за момчињата и ги однел во својата пекара, од каде што ја повикал полицијата. Децата прво биле однесени во болница на медицински прегледи, а потоа биле однесени во француската амбасада. Полицијата веднаш започнала потрага по мајката и очувот. Благодарение на дојава од граѓани, тие биле фатени два дена подоцна, како мирно седат на терасата на едно кафуле во градот Фатима.Тагови: мајка шума Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациентПочина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување. Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите. Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје. Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
СветБебе спасено од урнатините по земјотресот во Колумбија Бебе старо шест месеци е извлечено живо и здраво два дена по земјотресот што ја погоди Колумбија..Детето било спасено, откако маж кој бил исто така заробен под урнатините во градот кали барал помош, алармирајќи дека покрај себе има мало бебе.. Граѓани и спасувачи веднаш почнале со голи раце да ги отстрануваат парчињата бетон додека не стигнале до него и бебето. Според официјалните податоци, во земјотресот од 7,4 рихтерови степени, досега потврдена е смртта на над 200 лица, додека спасувачките тимови трагаат по околу 3.000 луѓе..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај РашчеОсновното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон.Тагови: обвинителство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00