Мајката на Мбапе: Ако нема друг избор ќе го тужиме ПСЖ за долг од 100 милиони евра - Канал 5

Мајката на Мбапе: Ако нема друг избор ќе го тужиме ПСЖ за долг од 100 милиони евра

 Мајката на Килијан Мбапе проговори за можна тужба кон досегашниот клуб на нејзиниот син Пари Сен-Жермен.

Мајката на Мбапе: Ако нема друг избор ќе го тужиме ПСЖ за долг од 100 милиони евра

Претходно беше објавено дека парискиот клуб не исплатил ниту плата на напаѓачот, ниту бонуси од април. Долгот е речиси 100 милиони евра.

- Ова е сè уште во тек. Сега се е во рацете на застапниците на Килијан, но јас сум уверен во ПСЖ и дека сè брзо ќе се врати во нормала. Понекогаш за време на раскинувањето треба да одлучите кој ќе го земе телевизорот, мебелот, автомобилот... Токму тоа го правиме сега. Се надевам дека сето ова нема да го засени она што го доживеавме и нема да го паметиме само ова. Сакам да се сеќаваме на позитивните моменти поврзани со ПСЖ, дури и во оваа тешка година, играјќи на „Паркот на принцовите Прекрасно е. Како во врска, не е секогаш сè мазно, има подеми и падови... Но за шест месеци се ќе биде подобро, изјави Фаиза Ламари.

Таа одговори и на прашањето дали се можни дополнителни правни постапки меѓу Килијан и ПСЖ.

-Ако нема друг избор, тогаш да, се разбира. Се надевам дека ќе бидат испочитувани условите од договорот што го потпишавме пред две години, додаде Фаиза Ламари.

Килијан Мбапе од пред два официјално стана фудбалер на Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Шпанската фудбалска федерација (RFEF) ги одложи сите натпревари од Купот на кралот закажани за среда, 28 октомври, по сериозната железничка несреќа во Толедо, во која, според шпанските медиуми, загинаа најмалку 68 лица, а 80 се повредени.

Одложени се сите натпревари во Купот на кралот- Шпанија е завиена во црно

Трагедијата се случи кога два брзи возови се судрија помеѓу градовите Лос Хевенес и Урда, а несреќата ја потресе Шпанија.

Шпанската фудбалска федерација објави дека целиот распоред на куп натпреварите закажани за среда ќе биде одложен. Меѓу клубовите што требаше да излезат на теренот се Леванте, Алавес, Валенсија, Селта Виго и Бетис, тимови што се натпреваруваат во највисокото ниво на шпанскиот фудбал.

Сè уште не е познато кога ќе се играат одложените натпревари, додека сè уште нема официјална одлука за судбината на 14-те натпревари од Купот на кралот закажани за четврток.

Според оригиналниот распоред, Севиља, Атлетик Билбао и Хетафе исто така требаше да играат во ова натпреварување во четврток.

Одлуката за одложување на натпреварите беше донесена во сенка на трагедијата што одзеде голем број животи и остави бројни повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалните мрежи, санкциониран возач кој управувал возило по велосипедска патека во Скопје.

Казнет е возачот, кој со автомобил „се прошета“ по велосипедска патека во Скопје (ВИДЕО)

По објавено видео на социјалната мрежа „ТикТок“, на кое се гледа како возач управува патничко моторно возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки по велосипедска патека покрај улицата „Бутелска“ во Скопје, во правец од кружниот тек кон крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на возачот.

По преземените мерки, возачот е идентификуван како Н.К.(46) од Скопје, кој денеска (28.10.2026) е повикан на службен разговор и е соодветно санкциониран за сторениот сообраќаен прекршок, односно управување возило по несоодветна сообраќајна површина.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

За  неполн час треба да биде познато кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. 

Избор на нов шеф на ОЈО ГОКК – во трка пет кандидати, кој ќе го наследи Абази?

Обвинителите галсаа денеска, а резултатите треба да бидат сумирани и објавени на јавна седница.

Пред Обвинителството е Михајло Видимлиски, Михајло кој од канидадтите има најголеми шанси да го наследи Абази?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер