Мајката на Двејн Џонсон имала тешка сообраќајка (ФОТО)

Мајката на Двејн „Карпата“ Џонсон во средата вечерта доживеала тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, која за среќа успеала да ја преживее.

Карпата објави фотографија на Инстаграм од здробен црвен Кадилак Ескалад со големи оштетувања на совозачката страна.

„Ангели на милосрдието ја чуваа мајка ми“, напиша Џонсон.

Каросеријата на Escalade е откината и смачкана, при што беа изложени делови од внатрешноста и воздушното перниче кое изгледа дека се активирало на страната на возачот.

"Оваа жена преживеа рак на белите дробови, тежок брак, судар со пијан возач и обид за самоубиство. Преживеала на начини кои ги прават ангелите и чудата реални", додаде актерот, заблагодарувајќи им се на полициската управа во Лос Анџелес и пожарникарите што и помогнале на мајка му и по телефон му кажале што се случило.

„Ми остана еден родител, па ако сè уште имате мајка и татко, прегрнете ги затоа што никогаш не знаете кога ќе го добиете тој повик во три часот наутро што никогаш не сакаме да го добиеме“, рече Џонсон.

Гризман се враќа на тренинзите во Атлетико Мадрид

Напаѓачот Антоан Гризман се врати на тренинзите со Атлетико Мадрид, објави „Marca“.

Триесет и двегодишниот Французин поради повреда ги пропушти мартовските натпревари на неговата репрезентација. За прв пат по 2017 година Гризман не играше за „триколорите“.

Оваа сезона Гризман одигра 38 натпревари на кои постигна 19 голови и имаше 7 асистенции.

Договорот на Французинот со Атлетико Мадрид е до крајот на јуни 2026 година.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

притисни ентер