Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
2Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
Шоу бизМајката на Брус Вилис: Не е веќе можен нормален разговор со него Откако му беше дијагностицирана афазија, болест на мозокот поради која минатата година се повлече од актерството, неодамна беше откриено дека Брус Вилис боледува од деменција, а целото негово семејство е покрај него за да го поддржи.Особено тешко ѝ е на неговата мајка Марлен, која веќе некое време е загрижена за влошеното здравје на нејзиниот син. "Мајката на Брус не' одржува ажурирани, се јавуваме еднаш месечно. Таа вели дека не е сигурна дали нејзиниот син сè уште ја препознава. Би бил многу бавен во своето однесување и секогаш би имало блага агресија. Нормален разговор веќе не е возможен. Но тоа е нормално со неговата клиничка слика“, изјави за Билд извор близок до семејството. За потсетување, семејството на Брус сподели вест за неговата состојба во средината на февруари. „Откако ја објавивме дијагнозата на Брус за афазија во пролетта 2022 година, состојбата на Брус напредува и сега имаме поконкретна дијагноза: фронтотемпорална деменција (позната како FTD). За жал, проблемите во комуникацијата се само еден симптом на болеста со која се справува Брус. Иако ова е болно, вистинско олеснување е конечно да се има јасна дијагноза“, напишаа тие во тогашната објава. И покрај болеста, изворот тврди дека Брус сè уште го препознава гласот на поранешната сопруга Деми Мур. "Деми е во постојан контакт со Брус. Ја користи секоја слободна прилика да помине време со него. Ако не е со него, му вика за Брус да ѝ го слушне гласот. Брус не може многу да зборува и се чини дека малку разбира од она што му го кажува“, рече тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook