Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
1Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
ЖивотМајката ја платила совршената свадба , па на меден месец и го украла младоженецот на својата ќерка Многу жени можеби не се во добри односи со своите мајки, но Лорен Вол тврди дека таа нема да и прости за она што и го направила до крајот на животот.Имено, нејзината мајка и го украла сопругот, а денес со него има и дете. Кога имала само 19 години, Лорен се омажила за Пол Вајт. За нејзината свадба од соништата , нејзината мајка Џули (која во тоа време имала 38 години) потрошила околу 15 000 фунти . Лорен била толку благодарна што ја однела мајка си на нивниот меден месец. Ова се покажа како фатална грешка, бидејќи само осум недели подоцна нејзиниот сопруг се иселил од заедничкиот стан. Девет месеци подоцна,мајката Џули објави дека очекува бебе со својот поранешен сопруг. "Пол секогаш добро се дружеше со мојата мајка. Мислев дека не е чудно бидејќи таа беше негова баба. Тие секогаш се смееја заедно, но не ми беше грижа, зошто би ми било ?" изјави Лорен за „Дејли мејл“. Таа рече дека едвај чекала да започнат заедно да живеат, но дека забележала промени во неговото однесување многу брзо по свадбата. Почнал да го крие мобилниот телефон, а неколку недели подоцна нејзината сестра ја нашла нивната преписка на мобилниот телефон на нејзината мајка. „Мама негираше, рече дека сум луда. Кога се соочив со Пол , тој пребледе и одби да ми го покаже телефонот“, рече таа. Само неколку дена подоцна, тој ги напуштил Лорен и нивната седуммесечна ќерка. Кога слушнала дека се преселил со нејзината мајка, таа не можела да поверува дека двајцата што таа најмногу ги сакала и на кои најмногу им верувала, така ја прелажале . "Се чувствував лошо. Тоа е една од најлошите работи што мајка може да ја направи на својата ќерка. Пол можеби е таков човек, но таа е мајка ми. Таа треба да ме сака и да ме чува повеќе од сите", вели Лорен. Таа откри дека прво слушнала озборувања за нејзината мајка дека е бремена со својот поранешен сопруг , но не верувала се додека не ја видела мајка си со труднички стомак. „Не можев да верувам кога ја видов. Се чувствував лошо , отидов дома и ги уништив сите свадбени фотографии“, рече таа. Само девет месеци откако Пол ја напушти, мајката го роди своето бебе. „Таа тврдеше дека таткото е некој друг, но јас ја знаев вистината“, тврди Лорен. Пет години по завршувањето на нивниот брак, Пол се оженил со нејзината мајка. Лорен била дури и на нивната свадба. "Го направив тоа за нашата ќерка. Разговараме повторно, но не, тоа не значи дека и 'простив. Пол никогаш не ми се извини. Го замолив да и ја објасни ситуацијата на нашата ќерка, но тој тврди дека на тоа требало досега да заборавам“, вели Лора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче. Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски владата на СДСМ ги штитела државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка. „Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче. Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија. „Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
ФормулаПрекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување. Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега. На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата. Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност. Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки. Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот. За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна. – Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно. Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече: – Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter