Мајката чие дете изгоре во пожарот во Гостивар ќе биде изнесена пред судија

Зошто и колку долго седумгодишното момче кое вчера загина во пожар во Гостивар било чувано врзано со ланец за ногата? 

Можеше ли да се избегне несреќата и дали соседите не забележале ништо сомнително кај соседите кои неодамна се вселиле до нив? Одговорите на овие прашања засега никој ги нема, истрагата допрва ќе ги утврдува сите околности за трагедијата во Гостивар.

Според информации од СВР Гостивар, во опожарениот стан живеело шестчлено семејство, во моментот на пожарот во станот биле само мајката и сега веќе настраданото седумгосдишно дете. Трагедијата се случила на улицата кеј Вардар во раните утрински часови, а први пожарот го забележале случајните минувачи кои повикале пожарна.

Откако ѝ била пружена медицинска помош, мајкатата на детето вчера попладне била задржана во полициска станица, под соменение дека сторила кривично дело „повреда на семејни обврски“. 35 годишната жена е лишена од слобода откако лекарите утвардиле дека нејзиниот син бил врзано со ланци на нозете кога избувнал пожарот. Таму таа ќе биде задржана се до расветлување на деталите за трагичниот настан по што се очекува да биде изведена пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар.

Канал 5 утринава се обидуваше да стапи во контакт со центарот за социјални работи на Гостивар, до моментот на објавување на прилогот не добивме одговор. Една од информациите која чека потврда од институциите е дека несреќното дете не било заведено во матичната евиденција и припаѓало на категоријата „деца фантоми" и не одело на училиште.

Отако ќе заврши истрагата, по добиените информации од ЈО за Канал 5 велат дека во текот на денот ќе бидат одредени мерки и дадени насоки за постапување. Претходно од Основното јавно обвинителство информираа дека седумгодишното момче кое го загуби животот во пожарот било врзано со ланец бидејќи според семејството, било агресивно.

Досегашните информации се дека семејството пред 7 дена до изнајмило сега опожарениот стан, не било корисник на социјална помош, ниту евидентирано во Центарот за социјална работа. Таму немало никакви информации за каков било тип на родителска негрижа, злоупотреба или несовесно однесување кон кое било од децата во семејството.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер