ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка
ЖивотМајка си го убила 12- годишниот син поради мемориска картичка, таткото во шок (ВИДЕО)Мајката Фалон Харис (37) од Чикаго е обвинета дека го убила својот 12-годишен син Каден Инграм затоа што, како што вели, ја зел мемориската картичка од нејзиниот автомобил и не ја вратил и ја уверувал мајка си дека не знае каде е картичката.Полицијата утврдила дека Харис ја извадил картичката од автомобилот во петокот. Во саботата наутро, таа го обвинила момчето дека ја зело мемориската картичка од автомобилот и под закана со пиштол побарала да и` ја врати. Кога момчето и рекло дека не знае каде е картичката, таа го застрелала. Снимките од надзорната камера во куќата снимиле се`. Каден била свесен и плачел во моментот кога го застрелала, соопштила полицијата. Откако пукала во момчето, Харис се јавила на телефон, а потоа се вратила кај Каден и повторно ја побарала картичката. Момчето рекло дека не знае каде е картичката, па Харис повторно го застрелала. Момчето починало, пишува Чикаго CBS Local.. Харис телефонски им признала на двајца членови на семејството дека го убила нејзиниот син затоа што тој не сакал да и` ја врати картичката. Членовите на семејството потоа повикале полиција и го викнале сопругот на Харис. Мајката признала се` во полиција. Членовите на семејството и рекле на полицијата дека Харис се однесувала параноично. Имала дозвола за оружје и поседувала два пиштоли. Ако биде осудена, таа се соочува со доживотен затвор. Таткото сеуште е во шок и не може да сфати како мајката можела да го убие својот син поради картичка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето на Ѓоко РистовВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судскиот процес против поранешниот апелациски судија Ѓоко Ристов.Тој е обвинет за противправно стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. Во истрагата, во домот на неговите родители во неготино беа пронајдени 350 илјади евра, скриени во ѕид. Обвинителството тврди дека ристов лично ги сокрил парите и дека не може да го докаже нивното потекло. Во досегашната постапка беа презентирани материјални докази, телефонски комуникации и сведочења. На едно од претходните рочишта сведочеше и адвокатот Фехми Стафа, кој претходно беше осуден за поткуп.Тој негираше дека му предал пари на Ристов.Обвинетиот судија ја негира вината.Случајот го води судијката Билјана Коцевска, а обвинението го застапува Искра Хаџи Василева.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банкаЛицемерието на СДС и Венко Филипче повторно излегува на површина. Денес се обидуваат да отвораат прашања и да шират загриженост за Алта банка, а кога во нивно време пропадна Еуростандард банка, ги немаше никаде.Каде беа тогаш Филипче и СДС? Каде беше нивната загриженост за граѓаните, штедачите и сите оние кои претрпеа штета од пропаѓањето на банката? Јавноста се сеќава на Еуростандард банка, на сомнежите и прашањата за кредитирањето на фирми блиски до СДС и Заев, како и на повлекувањето на средствата од страна на тогашната министерка за финансии Нина Ангеловска, непосредно пред затворањето на банката. Нина Ангеловска, неколку дена пред да пропадне банката, си повлече од неа 250 илјади евра. Граѓаните знаат и за одлуките на тогашните институции и на начинот на кој беше одземена дозволата за работа на банката, без претходно да биде воведена друга форма на администрација. Затоа, денес СДС звучат премногу лицемерно. Не може СДС да глумат загриженост денес, а да се заборави начинот на владеење на СДС и прашањата кои останаа неодговорени од вчера. Банкарскиот систем не смее да биде предмет на политички манипулации, ниту пак институциите да се користат за партиски пресметки. Разликата е јасна, сега се бара одговорност и институционално постапување, а тогаш се посегнало по криминал. Двојните аршини на СДС нема да поминат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето на Ѓоко Ристов09:15Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите париСлавески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?Славески ги уверува граѓаните дека „сè е во ред“ со Алта банка. Во меѓувреме, луѓето не можат да дојдат до своите пари. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари. Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија? Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена, не можат да кажат дека не знаат. Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка? Во Србија веќе се приведени лица поврзани со Алта банка, а против нив се поднесени кривични пријави. Кај нас сè уште се крие обемот на трансферот и се тврди дека банката е во одлична форма. Ако е така, зошто граѓаните не можат да си ги подигнат заштедите? Славески воведува мерки за заштита на криминалните пари, наместо да ги заштити штедните влогови и парите на граѓаните, особено на пензионерите кои имаат сметки во Алта банка. Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на граѓаните чии депозити се заробени. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook