Мајка се срамела да оди на приредба да не го скрши столчето - ослабнала 100 килограми

Ким Фрешвотер не отишла на приредбата на која нејзиниот син добил награда стравувајќи дека ќе го скрши столчето кога ќе седне на него. Тогаш имала околу 180 килограми - денеска има 74 килограми.

45 годишната Ким имала голем мотив да ја намали тежината.

Таа не одела на свадби плашејќи се да не го засрами своето семејство, никогаш не одела на прослави, а ако требало да преспие во друга куќа спиела на подот во страв да не го скрши креветот.

Во кино не можела да помисли да оди - не ја собирале столчињата. Се движела со помош на стап.

Но кога ја прпуштила училишната церемонија на која бил награден нејзиниот син од страв да не го скрши столчето, решила да го промени својот живот. За 3 години изгубила 100 килограми, на тој начин што еден обилен оброк во денот, го делела на три помали.

- Изгубив толку прекрасни моменти со семејството кои никогаш нема да се вратат, но решена сум да надоместам колку што можам - вели охрабрената Британка.

Пред диетата, Ким јадела само еднаш во денот - навечер. Но јадела огромни количества на храна. Денеска јаде три пати во денот но помалку и здраво подготвена храна. Пред 3 години Ким имала проблеми со висок притисок, одвај дишела и имала болки во грбот и нозете. Сега се е поинаку.


Mrs Freshwater lost 17st and now weighs 11st 7lbs and wears size 10 or 12 clothes. She says she is now happier than she has ever been before. She can now do many things she was unable to do before her weight loss, such as cycling and playing tennis


- Мојот сопруг се жали дека мојата нова линија го чини пари - порано имав 4 рала чевли, сега имам 40. Порано носев само црно, сега имам облека во сите бои - вели Ким.

- Не знаев колку сум била несреќна додека не станав среќна како што сум сега - вели таа./ извор: Дејли меил

Македонија гласа на прв круг претседателски избори: Гласачките места ќе бидат отворени до 19Ч

Во училиштето Георги Димитров каде што се гласа имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација.

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Скопско Влае, а во моментов е во училиштето Георги Димитров каде имало мал застој во гласањето поради уредот за идентификација, но гласањето нема да биде продолжено затоа што застојот траел помалку од еден час, таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Дневен хороскоп за 24. април 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 24. април 2024 година 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите да излегувате и да ја развивате својата врска на паметен начин . Некои тукушто ја започнале , па нека одат полека.

Кариера

Можеби ќе имате малку повеќе среќа од другите , бидејќи на работното место сега ви помагаат.Но , и тоа ќе помине.

Здравје

Одморете се за утре.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашето љубовно расположение ќе биде во пад, додека партнерот ќе има потреба за повеќе нежност. Бидете тактични.

Кариера

Во деловната кореспонденција ќе бидете многу оригинални . Со своето изразување ќе поттикнувате , но и ќе ги збунивате другите.

Здравје

Денеска сте возач различен од сите други.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Помалку ќе приговарате , па вашиот партнер ќе станува се посреќен и позадоволен , а секако и вие со него.

Кариера

Би можеле да ги проширите вашите деловни хоризонти со нови знаења , помодерен пристап или со истражување без компромис.

Здравје

Вежбајте јога.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Немојте да се споредувате со другите , зашто нема добро да се чувствувате. Бидете мирни и трпеливи и уживајте во она што го имате.

Кариера

Имате одлични идеи како да ја унапредите дејноста во која работите. Ќе размислувате за тоа.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сентименталноста или потребата од нежност ќе предизвика голем копнеж кај вас доколку сте сами , или пак желба да му угодувате на партнерот.

Кариера

Уметниците ќе имаат многу впечатливи настапи и денеска , а другите навистина ќе уживаат во публиката.

Здравје

Аплаузот е загарантиран.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денешниот ден вашите лични односи ќе се доведуваат во ред и малку по малку ќе се подобруваат.

Кариера

Алтернативците одлично ќе ги води интуицијата , а креативците едноставно ќе уживаат во својата работа.

Здравје

Здружете се со младите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние во подолга врска успешно ќе го обноват својот сексуален живот. Оние кои сеуште се сами , нека излегуваат зашто ќе им биде убаво.

Кариера

Со која работа и да се занимавате , денеска би можеле успешно да го споите убавото со корисното.

Здравје

Игнорирајте го немирот.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

За вас ни денеска нема пречки. Отворени ви се многу љубовни врати , а ваше е да изберете.

Кариера

Количината на мислите во вашата глава ќе биде значителна , но ниту една нема да биде поврзана со работата.

Здравје

Поминете си убаво.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата најдрага личност ќе може да се потпре на вас , а со тоа ќе ви се подигне самодовербата.

Кариера

Во моментов ништо не ве загрижува. Ако треба да се работи , во ред , ако треба да се оди во борба за работа , и тоа не ви пречи.

Здравје

Почнете да вежбате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Како што ќе минува денот, ќе имате се поголема потреба дасе повлечете од другите и да се завлечете во четирите ѕида на домот.

Кариера

Некои меѓу вас ќе посакаат одмор . Можно е да посакаат и да добијате неколку слободни денови.

Здравје

Преиспитајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку се контролирате и ја пшочитувате другата страна, може да очекувате подобрување на личните односи.

Кариера

Веројатна е многу пријатна соработка со деловни партнери од странство или со луѓе од иста професија.

Здравје

Ќе ви олесни.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе поверуваат дека се на прагот на конечно решение, но ќе се покаже дека треба уште да поработат на својот однос.

Кариера

Ќе ве интересира се што може да придонесе кон вашата сигурност. Некои ќе ги анализираат финансиите , а другите ќе ги проверат бравите во станот.

Здравје

Немате причина за страв.

Променливо облачно со сончеви периоди, на крајот на денот дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. 

Кон крајот на денот ќе има локален слаб дожд, краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Како што соопшти УХМР, утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег. Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

притисни ентер