Мајка од продажба на своето млеко заработила околу 20 000 евра

Младата мајка од Флорида, Џули Денис која има две деца, дошла на идеја да го продава сопствено млеко со коe доела сурогат бебе

32 годишната мама Џули дошла на оваа идеја во време кога на пандемијата поради корона предизвика и финансиска криза, од продажбата на млекото за доење таа досега заработила точно д 19.300 евра, објави Мирор.

Бидејќи е сурогат мајка, по шест месеци Џули сфатила дека на бебето не му треба млеко, па решила да ја продаде скапоцената течност.

Таа продава 28 грама млеко за 90 американски центи на семејства чии мајки не можат да имаат природно млеко.

Инаку, Џули Денис работи како професор во средно училиште, а недостатокот на пари го надокнадила на оригинален начин, додава Мирор.

„Не е сè во парите, сакам да им помагам на луѓето кои имаат потреба, но секако она што го заработувам значи за моето семејство и мене“, рече Денис.

Лекорну: Европските „сили за брза реакција“ треба да бидат формирани следната година

-Ова е клучно прашање за кое се надевам дека ќе успееме да донесеме заклучок веќе следната година, со тоа што ќе бидеме многу одговорни и многу брзи, рече Лекорну во интервју за телевизијата Франс 2.

Европските „сили за брза реакција“, кои вчера ги спомна францускиот претседател Емануел Макрон и кои ќе бидат наменети за операции како што е евакуација на граѓани од земји во криза, може да ја здогледаат светлината на денот веќе следната година, изјави францускиот министер за вооружени сили Себастиен Лекорну, цитиран од француските медиуми.

-Ова е клучно прашање за кое се надевам дека ќе успееме да донесеме заклучок веќе следната година, со тоа што ќе бидеме многу одговорни и многу брзи, рече Лекорну во интервју за телевизијата Франс 2.

Министерот го оправда проектот со фактот дека има „многу кризи во кои НАТО не е надлежен и во кои Франција често спроведува операции сама“, давајќи го примерот со евакуацијата на граѓаните од Судан минатата година.

За време на операцијата во Картум беа евакуирани 1.000 лица, од кои 200-250 беа Французи. Во исто време, „создадовме голем воздушен мост со (авионите на Ербас) А400М, со бродови. Така се случи Франција да биде практично сама“, нагласи Лекорну.

-Сосема е природно овој товар, што „има своја цена, вредност“, да се подели, рече францускиот министер.

Овие сили за брза реакција „кои ќе ја осигураат безбедноста на европските граѓани, португалските, италијанските, германските и француските граѓани, мора да можат да се создадат многу брзо“, кажа министерот, истакнувајќи дека нивното создавање е прашање на прагматизам.

МФ:Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на цената

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на премијата.

Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

-Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување, наведува МФ.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството вчера беше информирано од АСО, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз Русија за да избегне катастрофа во Запорожје

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да изврши притисок врз Русија да ја врати нуклеарната централа Запорожје под целосна украинска контрола за да се избегне катастрофа со радијација во централата.

Зеленски овој апел го упати на социјалните мрежи по повод 38-годишнината од катастрофата во нуклеарната централа Чернобил.

- Радијацијата не познава граници или национални знамиња. Катастрофата во Чернобил покажа колку брзо може да се појават смртоносни закани. Десетици илјади луѓе ја ублажија катастрофата во Чернобил по цена на сопственото здравје и животи, елиминирајќи ги нејзините ужасни последици во 1986 година и годините потоа, истакна тој.

Во исто време, Зеленски потсети дека пред две години нуклеарната централа Чернобил беше под руска окупација 35 дена. „Руските војници ги ограбуваа лабораториите, ги заробија чуварите и го малтретираа персоналот, го искористија за да започнат понатамошни воени операции“, рече Зеленски.

- Веќе 785 дена руските терористи ја држат во заложништво нуклеарната централа Запорожје. Одговорност на целиот свет е да изврши притисок врз Русија за да се осигура дека ЗНПП ќе биде ослободена и вратена под целосна украинска контрола, како и дека сите украински нуклеарни постројки се заштитени од руски напади, нагласи украинскиот претседател.

Според него, тоа е единствениот начин да се спречат нови катастрофи со радијација, кои се закануваат да се случат се додека „руските окупатори се присутни во Запорожје“.

- Се сеќаваме на посветеноста на луѓето кои спасија животи во 1986 година. Ги цениме сите што помагаат да се спасат животи во моментов, рече Зеленски.

притисни ентер