3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ЖивотМајка од пеколот: Ги врзувала и принудувала седумте деца да јадат измет (Вознемирувачко видео)Седум деца, кои биле спасени од насилно семејство во Тексас раскажаа како нивната мајка ги мачела со години - тепајќи ги со прачка, принудувајќи ги да јадат измет и да пијат белило.16-годишните близнаци, момче и девојче, во вторникот успеале да побегнат од семејната куќа во Хјустон, Тексас и да побараат помош од соседите. Кога мајката Заикија Данкан (40) и нејзиното момче Јова Терел (27) дознале дека децата успеале да побегнат, ја напуштиле куќата. Но, полицијата набрзо ги уапсила. Близнаците изјавиле дека нивната мајка ги врзала со лисици и синџири. Фотографиите покажуваат како 16-годишниците имаат исеченици, модринки и лузни на зглобовите и глуждовите. Момчето рекло дека клучот од лисиците го нашол во чантата на мајка си и го сокрил во устата, а потоа побегнал од куќата пред зори. Останатите пет деца на Данкан, на возраст меѓу седум и 14 години, биле преземени од социјалните служби. Четворица биле пренесени кај роднини во Луизијана, а петтото останало во објектот. Таткото на децата, Николас Менина, фотограф и водач на евангелистичка баптистичка црква, кој живее во Батон Руж со неговата сопруга, изјавил за Дејли Меил дека не сака да го коментира случајот. Обвинението дава ужасни детали за долгогодишна злоупотреба. 16-годишното момче им кажало на инспекторите дека неговата мајка еднаш му дала 24 таблети за настинка и алергија за да може да спие. Препорачаната доза е една до две таблети на секои шест часа, а најмногу 12 за 24 часа. Децата исто така рекле дека Данкан им истурала белило во грлото и на нивните гениталии додека кожата не им изгорела. Доколку „зборувале премногу“, морале како казна да пијат средства за чистење. Данкан им забранила на децата да користат бања и морале сами да вршат нужда, по што ги терала да ја пијат сопствената урина и да го јадат изметот. Децата кажале и дека мајка им често ги тепала со кабли и метални прачки. Нејзиното момче Терел често го удирал 16-годишното девојче. Кога близнаците избегале во вторникот, биле сериозно неухранети. Рекле дека мајка им ги изгладнувала и ги хранела со сендвичи само еден до три пати неделно. Семејството оваа година се преселило во близина на Хјустон во огромна куќа, која била продадена кон крајот на јули и била проценета помеѓу 552.001 и 627.000 долари. Полицијата допрва треба да утврди дали Данкан и нејзиното момче го купиле или изнајмиле имотот. Куќата има четири спални соби, три бањи, дневна и трпезарија, покриена тераса, гаража за две коли и пристап до базен. Данкан веќе била обвинета за злоупотреба на деца пред 10 години. На училиште забележале дека нејзиното 5-годишно дете има изгореници на стапалата, гениталиите и други делови од телото и го испратиле во болница. Кога полицијата пристигнала во домот на Заикије Данкан, го пронашла 20-месечното дете со врзани раце и завиткано во облека. Единствено друго лице во куќата бил четиригодишниот брат на детето. Данкан потоа ѝ признала на полицијата дека редовно дисциплинирала едно дете со тоа што го терала да седи во положба за склекови еден час, поради што неговите раце отекле. Го терала и да спие на дното од шкафот, а вратот му го блокирала со даски за да не може да избега и да украде храна од кујната. Таа е обвинета за сурово однесување кон малолетници, но на крајот ѝ биле вратени децата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook