Мајка на две деца го запре лондонскиот убиец!

Ингрид Кенет стана херој во Британија откако вчера собра храброст да застане и да зборува со двајцата закрвавени убијци кои претходно со мачета на улица во Лондон убија британски војник.- Мислев дека е подобро да ме нападнат мене отколку некој друг бидејќи во тоа време децата се враќаат од училиште - вели храбрата Британка.


Ингрид се возела во автобус кога видела дека на улица лежи човек. Се симнала од автобусот и му се приближила на војникот да провери дали има пулс. Тогаш го забележала црномурестиот човек кој во раката имал кујнски нож и револвер. И рекол да се тргне од телото, но таа решила да поразговара со него пред да убие уште некој. Го паршала дали тој го убил војникот добила потврден одговор. На прашањето зошто тој рекол - затоа што тој е британски војник кој убивал муслимани во муслиманските земји.

Во едно од своите интервјуа за британските медиуми Ингрид раскажува дека човекот со кој зборувала не бил ни пијан ни дрогиран, само вознемирен и свесен што сторил. Бидејќи луѓе почнале да се собираат а доаѓале и полицајците, Ингрид продолжила да зборува со другиот напаѓач.

- Го прашав дали сака да ми го предаде оружјето кое го држи и размислував - ако треба нека ме нападнат мене а не некој друг, бидејќи во тоа време децата се враќаат од училиште!

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер