Други спортовиМајк Тајсон се враќа во ринготЗа многумина најдобриот боксер на сите времиња, легендарниот Мајк Тајсон се враќа во рингот иако има 53 години.Секако, Железниот Мајк нема намера да се врати во вистински, натпреварувачки бокс, туку сака да боксува неколку натпревари во хуманитарни цели. "Работев фокусирано последните две недели и тоа е заморно. Не сум во најдобра форма, моето тело не е во најдобра форма и вежбањето ми е прилично истоштувачко. Сепак, сакам да дојдам во форма, за да можам да изиграм неколку рунди во хуманитарни цели", изјави Тајсон во интервју во живо на Инстаграм, па додаде: „Сакам да учествувам во хуманитарни натпревари за да обезбедам пари за бездомниците или за луѓето кои имаат проблеми со дрогата. Сакам да им помогнам на луѓето како мене“. Тајсон опиша како изгледаат тренинзите. '' Правам кардио вежби на мојот велосипед и на лента два часа, а потоа кревам тегови. Потоа одам на тренинг со боксирање половина час, 25 минути, се подобрувам. Повторно комбинирам, но ме боли, се чувствувам како тројца да ме претепале “, рече еден од најголемите боксери во историјата. Mike Tyson Eyes Return to Ring for Charity to Help 'Homeless and Drug-Affected Motherf****ers'https://t.co/38hGYQrVUW — Chloe Scott (@WorldCarDriver) April 25, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 30. јули 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 30. јули 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени. Кариера Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни. Здравје Читајте меѓу редови. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите. Кариера Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место. Здравје Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило. Кариера Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони. Здравје Прошетајте се на воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени. Кариера Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата. Здравје Ќе бидете меланхолични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки. Кариера Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења. Здравје Не се натпреварувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома. Кариера Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен. Здравје Прошетајте се на воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе. Кариера Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни. Здравје Верувајте во подобри денови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни. Кариера Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни. Здравје Треба повеќе да се рекреирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете. Кариера Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате. Здравје Служете се со интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце. Кариера Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Здравје Бидете подготвени на соработка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава. Кариера Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега. Здравје Имате право на одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери. Здравје Добро е што не ги комплицирате работите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
Здравје Најдобра навика за слабеење по 50-тата година не е броењето на калориитеГубењето тежина по 50-тата година станува потешко од претходно, бидејќи мускулната маса, хормоните и метаболизмот се менуваат со возраста.Губењето тежина по 50-тата година станува потешко од претходно, бидејќи мускулната маса, хормоните и метаболизмот се менуваат со возраста. Поради ова, диетите што некогаш давале резултати честопати не се толку ефикасни. Нутриционистите истакнуваат дека решението не е во строгите диети или броењето на секоја калорија, туку во создавањето доследни навики во исхраната, пишува EatingWell. Една од најважните навики е вклучувањето протеини во секој оброк. „Една од најдобрите навики за губење тежина по педесеттата година е да се даде приоритет на протеините во секој оброк“, вели нутриционистот д-р Лиза Јанг за EatingWell. Зошто се важни протеините? Јанг објаснува дека мускулната маса природно се губи со возраста, а токму мускулите помагаат во одржувањето на побрз метаболизам. Овој процес е познат како саркопенија, а истражувањата покажуваат дека диетата со висока содржина на протеини, во комбинација со вежбањето, може да помогне во зачувувањето на мускулите за време на губење на тежината. Протеините му обезбедуваат на телото градежни материјали неопходни за зачувување на мускулната маса. Покрај тоа, протеините придонесуваат за подолго чувство на ситост и можат да ја намалат потребата за грицкање помеѓу оброците. Истражувањата покажуваат дека тие влијаат на хормоните што го регулираат апетитот, па затоа оброците богати со протеини можат природно да помогнат во намалување на внесените калории. Нутриционистот Меги Бел препорачува консумирање од 30 до 50 грама протеини по оброк, бидејќи тоа го поддржува одржувањето на мускулите, го зголемува чувството на ситост и помага во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. За жените, протеините се особено важни за време и по менопаузата. Падот на естрогенот го забрзува губењето на мускулната маса, што може да го забави метаболизмот и да го отежни одржувањето на тежината. Истражувањата покажуваат дека најдобри резултати се постигнуваат кога исхраната богата со протеини се комбинира со тренинг за сила, квалитетен сон и добро планирање на оброците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
Македонија Тимчо Муцунски во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо МуцунскиВечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Тимчо МуцунскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter