Други спортовиМајк Тајсон , атракција на фестивал на марихуана (ВИДЕО)Еден од најпознатите боксери на сите времиња , Мајк Тајсон , беше главна атракција на фестивалот за марихуана во Калифорнија.Тајсон на фестивалот запали цигара долга половина метар. Поранешниот боксер важи за познат љубител на марихуана , а во Калифорнија има голем ранч . Тајсон го отвори ранчот откако во оваа држава марихуната е легализирана во рекреативни цели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Зошто владата на Мицкоски не објавува документ за водата во Гостивар?Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде.Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. Зошто не се објавува документ за водата? Нема документи, нема анализи, нема кој потпишал и одобрил. Како граѓаните сега да веруваат кога нема ниту извештај, ниту кој потпишан, ниту кој одобрил да се користи водата како техничка? Никој не им верува на изјавите на Мицкоски и Клековски затоа што многу лажат. Веќе ги криеја резултатите и тоа доведе до над 4.000 заразени и појава на епидемија на жолтица во Гостивар. Не може граѓаните да им веруваат кога министерот за полиција кој нема никакво познавање и експертиза а се занимава со водоснабдување и хиперхлорирање. Која институција им гарантира на граѓаните чиста техничка вода? Во име на граѓаните на Македонија и на Гостивар, бараме денеска да се објават јавно извештаите за водата во Гостивар. Граѓаните бараат една едноставна работа: чиста вода и име на оној што гарантира дека е чиста. Скопје, 31.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалПочина легендата на светскиот фудбал Италијанецот, Франко Барези Легендарниот италијански фудбалер Франко Барези почина на 67-годишна возраст; ова го соопшти Милан, само 24 часа откако првично ја демантираше веста.Клубот од „Сан Сиро“ се прости од човекот кој беше срцето и душата на „росонерите“ и кој целата своја професионална кариера ѝ ја посвети на црвено-црниот дрес. Како долгогодишен капитен, Барези стана симбол на Милан и предводник на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Со клубот и со италијанската репрезентација, тој го одбележа златното доба на италијанскиот фудбал и остана пример за генерации одбранбени играчи ширум светот. Познатиот капитен на Милан беше подложен на операција во август 2025 година, откако при рутински преглед му бил откриен јазол на белите дробови, кој бил отстранет со минимално инвазивна метода. Операцијата била успешна, по што му била препорачана имунотерапија. Во декември истата година, Барези се појави на стадионот „Сан Сиро“ за да го следи натпреварот на Милан, каде што публиката го поздрави со силни овации. Неговото последно јавно појавување беше на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри „Милано-Кортина“, кога го носеше олимпискиот факел заедно со својот пријател Џузепе Бергоми. Во својата проштална порака, Милан наведе дека тоа се случило само неколку месеци пред неговата смрт. Инаку, Франко Барези е роден на 8 мај 1960 година во Траваљјато, во провинцијата Бреша, а целата своја професионална кариера ја помина во Милан. Тој настапуваше за младинските категории на клубот од 1974 до 1978 година, додека член на првиот тим беше од 1978 до 1997 година. Во црвено-црниот дрес одигра 717 официјални натпревари и се наоѓа на второто место на вечната листа на клубот, зад Паоло Малдини. Тој беше дел од тимот што го освои Светското првенство во Шпанија во 1982 година, иако не настапи за време на турнирот. Учествуваше на светските првенства во 1990 и 1994 година, како и на европските првенства во 1988 и 1992 година. Еден од најнезаборавните моменти во неговата репрезентативна кариера се случи на Светското првенство во САД во 1994 година. Барези го повреди менискусот за време на групната фаза, беше подложен на операција, а потоа во рекордно време се врати на теренот за финалето против Бразил. Иако не беше целосно подготвен, одигра маестрален натпревар во одбраната, но сепак беше еден од италијанските фудбалери кои не реализираа пенал во одлучувачката серија, по што Бразил стана светски шампион. Франко Барези остана запаметен како еден од најголемите одбранбени играчи во историјата, симбол на лојалност кон еден клуб и вечен капитен на Милан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
СветГолем пожар во близина на мистериозната Област 51 во НевадаГолем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири.Голем шумски пожар во близина на „Областа 51“ (Area 51) – таен објект на Военото воздухопловство на САД во Невада – брзо се шири, а засега е ставен под контрола само седум отсто од пожарот, соопшти американското Биро за управување со земјиштето (BLM). Пожарот, наречен „Квејл Спрингс“ (Quail Springs), настанал од удар на гром и гори веќе речиси една недела. Досега се зафатени повеќе од 54,6 квадратни километри. Неговото ширење е поттикнато од непристапниот терен, високите температури и сувите ветрови. За ова подрачје сè уште е на сила предупредување за екстремни горештини, кое ќе важи најмалку до недела, а во блиска иднина не се очекуваат врнежи. Од BLM соопштија дека пожарот во моментов не претставува закана за домовите или јавните површини, иако жителите на малото место Рејчел се предупредени за чадот. Пожарот се шири низ Полигонот за тестирање и обука во Невада (NTTR) – воена зона затворена за јавноста, пренесува Би-би-си. Овој воен комплекс се наоѓа во близина на „Областа 51“ (Area 51), која била формирана за време на Студената војна меѓу САД и Советскиот Сојуз како објект за тестирање и развој на воздухоплови. Она што се случува внатре во „Областа 51“ и денес останува строго чувана тајна. Пристапот за јавноста е забранет, а забраната се спроведува преку предупредувачки знаци, електронски надзор и вооружени чувари. Токму таа таинственост со децении поттикнува бројни теории на заговор – од кои најпозната е тврдењето дека во базата се чуваат вонземјани чии вселенски летала наводно се урнале на Земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook