ЕвропаМаѓар патува за Брисел за да ги одблокира замрзнатите милијарди за УнгаријаИдниот унгарски премиер Петер Маѓар кажа дека ќе патува во Брисел в среда на неформални разговори со Урсула Фон Дер Лајен за одблокирање на средствата што ЕУ ги замрзна поради споровите со Виктор Орбан.„Нема време за губење“, рече Маѓар, чија убедлива победа на изборите на 12 април стави крај на 16-годишното владеење на Фидес на Орбан. Маѓар претходно наведе четири клучни области во кои неговиот кабинет би можел брзо да дејствува за да избегне губење на околу 10 милијарди евра од средствата на ЕУ за закрепнување од пандемијата, чиј краен рок е крајот на август, вклучувајќи мерки за борба против корупцијата и враќање на медиумските и академските слободи. По изборите, тој изјави дека се надева на политички договор за време на неговата прва посета на Брисел.Тагови: ЕУ Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски на увид во Идризово - стручњак на вистинското место за вистинската темаПремиерот Христијан Мицкоски денеска е на увид на изградбата на фекална канализација во Идризово.Логичен избор. Откако граѓаните во Гостивар цел месец пиеја фекалии, премиерот конечно одлучи да се занимава со фекалната инфраструктура. Само овојпат од правилната страна на цевката. Додека во Гостивар немаше ниту еден негов увид, ниту една посета, ниту една „здравица“ со граѓаните кои се труеа и заболуваа, сега има време за фотографирање покрај канализација во Идризово. Идризово, место што народот го поврзува со затвор, денеска го пречекува премиерот како експерт за фекален систем. Савевски да си ја работеше својата работа, а не по барање на Мицкоски, можеби Мицкоски ќе останеше подолго во Идризово и ќе имаше можност посериозно да ја проучи темата, научно. Еден месец криза со загадена вода. Илјадници заболени. Епидемија на жолтица. Отруена вода во болницата. Епидемија на западнонилска треска. Двајца починати од западнонилска треска. Болниците во колапс. А премиерот? Прво на научна екскурзија. Потоа на увид на фекална канализација. Приоритетите се кристално јасни. Скопје, 16.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
МакедонијаДраматичен пожар во ЗелениковоДраматична ноќ во Зелениково, голем пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. За среќа со брза интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите. -Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, околу 2 часот по полноќ добил телефонски повик од видно вознемирена жителка која побарала помош бидејќи пожарот се приближувал кон нејзината куќа. Според Ангелов, веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево било упатено кон Зелениково. Ангелов во тој момент се враќал од Македонски Брод, каде биле направени подготовките за денешната интервенција на пожарот што гори на висок и тешко пристапен карпест терен. По повикот, тој се упатил кон Зелениково и околу половина час подоцна пристигнал на критичната локација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗа излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Други спортовиАмериканска пливачка собори два светски рекорда во ист денАмериканската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите. Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки. Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш. Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден. Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook