РецептиМАФИНИ СО ПУТЕР И КАФЕРецепт на:Сања Даневска. Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ од Понеделник до Четврток во 10 часот на Канал 5Потребни состојки за колачите: 150 гр. шеќер, 2-3 лажици млеко, 150 гр. бело брашно, 160 гр. путер, 3 јајца, 10 гр. пециво, 10 гр.ванила,10 гр. сол и 10 гр. инстант кафе. Потребни состојки за филот: 200 гр.путер, 300-400 гр. шеќер во прав, 2-3 лажици млеко и малку инстант кафе. Постапка: Во подлабок сад се става путер и шеќер и се мати околу 2 минути. Потоа се додаваат јајцата и се продолжува уште малку со матењето. Откако ќе се заврши со матењето, постепено се додаваат: 10 гр. пециво, 10 гр. сол, 10 гр.ванила и 10 гр. шеќер. Сите состојки дополнително се мешаат со лажица. Потоа се додава 150 гр. брашно и 2-3 лажици млеко и се продолжува со мешање со рачна маталка. Смесата се става во шприц и со негова помош се полнат малите корпи од готварска хартија. Колачите е печат околу 15 минути на температура од 150 степени. Додека се печат колачите се подготвува филот. Во подлабок сад се мати околу 200 гр. путер и постепено се додава 300-400 гр. шеќер во прав. Потоа постепено се додаваат 2-3 лажици млеко и малку инстант кафе. Откако ќе се изладат колачите се декорираат со добиениот кремаст фил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВчера пред Белата куќа се слушна: „Мишел Обама е маж“ (ВИДЕО)Џош Хокит се соочи со остри критики за невкусниот коментар.УФЦ борецот Џош Хокит се соочи со остри критики за невкусниот коментар за поранешната прва дама Мишел Обама по победата во борбата одржана синоќа на јужниот тревник на Белата куќа, како дел од борбениот настан „UFC Freedom 250“, кој го промовираше самиот претседател Доналд Трамп. Хокит, покрај контроверзната изјава, по натпреварот на претседателот Трамп му подари златен ланец. За време на разговорот со познатиот подкастер и коментатор на „UFC“ Џо Роган, Хокит го заврши своето интервју по борбата со насмевка и гледање директно во камерата велејќи: „И конечно...Мишел Обама е маж! Дали сум во право Америка?“ Оваа загатка е очигледна референца за теоријата на заговор за поранешната прва дама што се прошири на политичката десница во последните години, промовирана од некои конзервативни аналитичари. “Michelle Obama is a man” shouted on the White House lawn in a ring sponsored by Bud Light only available on Larry Ellison’s Paramount Plus. What a way to celebrate America 250 and the twilight of liberal democracy. pic.twitter.com/MCTjdB3slg — Tim Miller (@Timodc) June 15, 2026 Осуди од светот на спортот и политиката Бројни личности од спортот, политиката и поп културата го осудија испадот на Хокит. "Џош Хокит ја добива најголемата борба во кариерата во Белата куќа и решава да го заврши интервјуто нарекувајќи ја Мишел Обама маж. Колку е срамота", напиша на социјалните мрежи поранешниот бек на НФЛ и спортски коментатор Роберт Грифин Трети. „Треба да си навистина мал маж за да го искористиш најголемиот момент за да нападнеш жена нарекувајќи ја маж. Демократскиот национален комитет од своја страна објави портрет на Мишел Обама со порака дека таа „живее во нивните глави“. Дејв Портној, основач на порталот „Barstool Sports“ и инаку поддржувач на претседателот, го повика Трамп да ја осуди изјавата на Хокит. „Тоа е УФЦ, тие се луди. Тие се идиоти. Но, кога тоа ќе се случи на тревникот во Белата куќа на настан што ќе го приредите... Не ми е гајле што мислите за Обама или нешто друго. Тоа мора веднаш да се осуди“, рече Портној. Невиден спој на политика и спорт Пратеникот Хоакин Кастро, демократ од Тексас, го повика медиумскиот гигант Парамаунт, кој го емитуваше настанот. „Па дали е ова ѓубре што можеме да го очекуваме од „CBS“ сега“, праша демократот. Настанот во неделата ги спои политиката и спортот на невиден начин и послужи како најнов пример за блиските врски на Трамп со „UFC“ и нејзиниот извршен директор Ден Вајт. Претседателот го прослави настанот во објава на „Truth Social“ неделата вечерта, нарекувајќи го „неверојатен“ и додаде: „Белата куќа никогаш не изгледала поубаво. Извор: Индекс.хрТагови: Белата куќа Мишел Обама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Ормускиот теснец целосно ќе биде отворен во петокАмериканскиот претседател Доналд Трамп откри нови детали за договорот меѓу САД и Иран за време на разговор со новинарите на самитот на Г7 во францускиот град Евијан-ле-Бен.Трамп, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон, изјави дека стратешки важниот Ормуски Теснец веќе е делумно отворен, а целосно ќе биде отворен во петок, кога официјално ќе биде потпишан меморандумот за разбирање меѓу Вашингтон и Техеран во Женева. Тој потврди и дека текстот на меморандумот ќе биде јавно објавен, најверојатно веднаш по официјалната церемонија на потпишување. Американскиот претседател навести и дека нема лично да присуствува на потпишувањето во Швајцарија. Наместо него, во Женева ќе отпатува потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ќе ја претставува американската администрација на церемонијата.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарскиот парламент изгласа промена на уставот: Орбан повеќе не може да биде премиерУнгарскиот парламент одобри уставен амандман што им овозможува на премиерите да служат максимум осум години, со што практично му се забранува на поранешниот премиер Виктор Орбан повторно да биде на таа функција.Премиерот Петер Маѓар го собори Орбан на изборите во април по 16 години на власт, освојувајќи двотретинско мнозинство во парламентот што и овозможува на неговата партија да ги поништи или измени законите донесени од Фидес на Орбан, вклучително и уставот. Ограничувања на мандатот Амандманот вели дека секој што претходно бил премиер најмалку осум години не може да биде избран за премиер. Ова се однесува на премиерските мандати по 2 мај 1990 година. Премиерите ќе мора да ја напуштат функцијата по вкупно осум години, или два мандати. Уставниот амандман, исто така, го отвора патот за распуштање на Канцеларијата за заштита на суверенитетот, која беше формирана од владата на Орбан и ги стигматизираше опозициските личности и новинарите за „служење на странски интереси“. Амандманот, исто така, ѝ ги враќа на државата основачките права на таканаречените фондации за управување со средства од јавен интерес. Владата на Орбан им префрли државен имот во вредност од стотици милијарди форинти на овие фондации.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter