Мафини од тиквички и пармезан со фил од моцарела и шунка - Канал 5

Мафини од тиквички и пармезан со фил од моцарела и шунка

Мафини совршено меки, миризливи и полни со вкус.

Мафини од тиквички и пармезан со фил од моцарела и шунка

Состојки:

1 чаша пченкарно брашно

1 чаша универзално брашно

2 лажички прашок за пециво

1/2 лажичка сода бикарбона

1 лажичка сол

мелен бибер по вкус

1 чаша пармезан

1/2 чаша јогурт

1/4 чаша маслиново масло

2 јајца

1 чаша рендани тиквички

1/4 чаша сецкан магдонос (или лажица сецкана свежа мајчина душица, рузмарин.. )

100 грама моцарела

100 грама сецкана шунка

.

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени целзиусови. Намастете ги калапите со масло и наросете ги со пченкарно брашно. Измешајте пченкарно брашно, обично брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, сол, црн бибер. Во мал сад измешајте јогурт, маслиново масло и јајца. Измешајте ги сувите и влажните состојки и додадете ги тиквичките и пармезанот. Ставете по 1 полна лажица од смесата во секој калап. Потоа ставете коцки моцарела во средината и шунка. Покријте со една лажица од смесата.Посипете малку со пченкарно брашно (полента) . Печете ги мафините околу 30 минути додека не добијат златно-кафеава боја.

Оставете да се изладат 5 минути, извадете ги од калапот и послужете ги топли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!

Најостро реагираме на новиот бран поскапувања на горивата кои се очекуваат уште вечерва, додека власта комотно набљудува како се уништува економијата и се празнат џебовите на граѓаните и бизнисите.

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер, неспособниците од Владата да излезат од фотелјите и да им помогнат на граѓаните!

Цените на горивата растат поради војната во Блискиот Исток во која Македонија воопшто не учествува, но оваа влада за разлика од сите европски земји не сака да каже дека војувањето води до лудо зголемување на цените кои го уриваат стандардот и директно го осиромашуваат народот. За Либерално-демократската партија (ЛДП) и за народот популистичката манипулација е прочитана приказна на оваа влада која докажува дека нема ни знаење ни капацитет да се справи со руинираната куповна моќ на македонскиот граѓанин. Срамота!

Ако владата е толку неспособна сама да понуди решение, барем нека ја послуша ЛДП и веднаш да ги усвои итните мерки за заштита: бараме итна имплементација на предлогот на ЛДП за поврат на ДДВ за горивата ексклузивно за македонските граѓани и домашни бизниси, а не за транзитерите и соседите. Крајно време е функционерите да излезат од комфорната зона на своите фотелји и да се прошетаат меѓу народот по градовите, селата, нивите, фабриките, меѓу младите, пензионерите и работниците – да видат дека со овие цени се живее прескапо!

И за крај, упатуваме јасна препорака до сите граѓани: искористете го времето и купете гориво уште вечерва пред да стапат на сила новите поскапувања утре, бидејќи оваа власт нема да ви го полни празниот џеб! ЛДП порачува дека не смее да се дозволи народот да биде жртва на функционерска некомпетентност.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!

На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. 

„Разговори за иднината во 12:05“ : Само со вистинско обединување на прогресивната опозиција се менуваат десничарските популисти на балканот!

По повод одлуките на државјаните, граѓаните на Србија и Бугарија на нивните парламентарни и претседателски избори, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ го соопштуваат следното:

На граѓаните и државјани на Србија им честитаме за високиот одзив за гласање што е уште една потврда колку е важно демократските промени и процеси да бидат рефлексија на слободно изразена волја. Честитки до „Студентската листа“ за својата истрајност, упорност и принципиелност со што ја освоија довербата на големото мнозинство на Српскиот народ и ја добија честа и одговорноста да раководат со Република Србија во наредниот период. Добивме уште еден пример после Унгарија дека граѓаните се уморни од традиционалните политички опции, долгогодишните професионални политичари и корупциски профитери. Затоа се приклонуваат кон автентични политички коалиции на прогресивната демократска јавност. Земајќи предвид дека без малку цели две години во Србија се практикуваше улична демократија која предизвикуваше драматични политички тензии, сега после демократската смена на власта, посакуваме брзо нормализирање на внатрешните состојби кои се предуслов за стабилност во целиот регион.

Историски најслабиот одзив во првиот круг на претседателските изборите е ехо на Бугарскиот народ за актуелната политичка понуда. Очекуваме, откако го злоупотреби бегството на Ива Михајлова во својата кампања, Претседателката Илијана Јотова да покаже политичка мудрост и во пресрет на вториот круг да иницира постапка за нејзина брза екстрадиција во Македонија и соочување со правдата. Земајќи предвид дека во моментот кога се потпишуваше фамозниот Договор за добрососедство Јотова беше потпретседателка на Румен Радев, таа има морална одговорност да ја прекине спиралата на непотребни провокации од официјална Софија. Во спротивно, доколку и во кампањата за вториот круг се пласираат радикални ставови со кои драматично се нарушуваат билатералните односи, кандидатите треба да бидат свесни дека со таквиот пристап во Македонија го зголемуваат внатрешниот притисок за преиспитување на Договорот за добрососедство.

После вчерашните парламентарни и претседателски избори во Србија и Бугарија, може да го заклучиме дека:

Политичката борба за полноправно членство во ЕУ не подразбира безусловна подготвеност на национални отстапки кои не ги одобрува високото мнозинство на Македонскиот народ. Млаките реакции за провокациите на официјална Софија не ја приближуваат Македонија до ЕУ туку го разјадуваат македонското национално ткиво создавајќи внатрешни поделби заради кои речиси е невозможно да се постигне консензус за неопходните внатрешни реформи кои го надминуваат мандатот на една или друга политичка Влада;

Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори;

Во Македонија студентите и генерално младите, без разлика на нивната етничка и верска припадност и колку во моментот се потценети од традиционалните партии, поседуваат интегритет и капацитет да бидат значаен фактор во политичките промени;

Уште еднаш се потврди дека без вистинско обединување на целокупната опозициска прогресивна демократска јавност е речиси невозможно да се победат десничарските популистички власти на Балканот.

ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги

Излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги

Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста.

Во изминатиот период на виделина излегоа повеќе лаги. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за анкетите, за златната виза, лажно си го вакцинираше внучето и еден куп други лаги.

На лагите на Филипче им нема крај.

Венко Филипче мора да одговори на јавноста, зошто зборува за автомобил од 6.000 евра, кога во анкетниот лист се наведени други возила?

Филипче зборува за автомобил од 6.000 евра, но во анкетниот лист, според достапните наводи, се пријавени две моторни возила, „мерцедес“ во вредност од околу 44.000 евра, како и мотор вреден околу 25.000 евра.

Тогаш, каде е автомобилот од 6.000 евра?

Дали станува збор за друго возило? Дали има разлика меѓу јавно кажаното и пријавениот имот? Има ли дополнителни информации што Филипче треба да ги соопшти за да се расчистат сите дилеми?

Кај Филипче и СДС нема транспарентност и одговорност има само лаги и манипулации.

Филипче треба јавно да објасни што точно поседува, дали целиот имот е уредно пријавен и на што се темелат неговите изјави за вредноста на возилото.

Ако се е чисто, документите и фактите треба да го потврдат тоа. Ако постојат разлики, јавноста заслужува јасно објаснување.

За хронични лажговци и манипулатори нема место во политиката. Граѓаните очекуваат работа, дела и конкретни резултати, а не политичари како Филипче кои на секој втор збор лажат.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер