ЕвропаМафијашка престрелка во италијански ресторан пред испаничените гости- по грешка го изрешетале келнерот (ВИДЕО)Вистинска драма се одвивала синоќа во Бишеље, Италија, кога маскирани вооружени лица упаднале во ресторан полн со туристи и отворија оган!Келнерот Анџело Пичи, познат како Лино, почина откако бил погоден од најмалку еден проектил, кој напаѓачите го испукаа додека шокираните туристи врескаа и бегаа во засолниште, објави Мирор. Гостите на ресторанот тивко седеа и вечераа кога вооружените напаѓачи влегоа и почнаа да пукаат во правец на келнерот. Анџело Пичи (62) беше главен келнер во ресторанот, и според локалните жители, тој беше добар човек без криминално досие. Се верува дека напаѓачите „направиле грешка“ и пукале во невин човек. Искусни истражители кои се занимаваат со „мафијашки егзекуции“ се повикани на случајот. Според локалните медиуми, двајца напаѓачи упаднаа во ресторанот „Спагетериа бр.1“ во Бишеље и испукале најмалку 15 истрели. Истражителите веруваат дека целта на нападот всушност бил сопственикот на ресторанот, човек кој претходно им бил познат на органите за спроведување на законот. Во моментот на пукањето, сопственикот бил во ресторанот, но не е јасно дали бил во трпезаријата или во својата канцеларија. Мештаните се шокирани по убиството на Анџело. Тие велат дека тој бил вреден семеен човек кој починал правејќи го она што најмногу го сакал. Во моментот на нападот, во ресторанот имало голем број туристи, претежно Британци. Полицијата запленила снимки од безбедносните камери и сè уште трага по напаѓачите.Тагови: Келнерот ресторанот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопНеделен хороскоп за 31. август до 6. септември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 31. август до 6. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаПронајдена е Бугарката, која исчезна при искачување кон „Титов Врв“Вчера (29.08.2026) во 20:22 часот во СВР Тетово, преку бројот 112, било пријавено дека Н.С.(37) од Република Бугарија исчезнала при искачување кон „Титов Врв“.По добиената пријава, веднаш биле преземени мерки и активности за нејзино пронаоѓање. Во потрагата биле вклучени полициски службеници од СВР Тетово, Полициското одделение Попова Шапка, припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Националниот парк „Шар Планина“. Денеска, околу 15:00 часот, во близина на месноста „Горна Лешница“ и бачилата „1-ви Мај“, Н.С. била пронајдена од граѓани, во добра здравствена состојба. По пронаоѓањето, со теренско возило била пренесена од месноста „Горна Лешница“ до Попова Шапка, од каде со возило на Итната медицинска помош ќе биде транспортирана во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШтип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
ЕвропаПретседателот на Финска: Украина е во најсилна позиција од почетокот на војната (ВИДЕО)Финскиот претседател Александар Стаб изјави за германскиот весник „Билд“ дека не верува оти Русија би ризикувала да нападне членка на НАТО, додавајќи дека нема смисла да се тестира решителноста на алијансата.Западните претставници веќе предупредија за растечките опасности од руските хибридни операции врз европските земји, вклучително и сајбер нападите, што потенцијално би довело до директен конфликт со НАТО. Германските претставници проценуваат дека Русија ќе биде во позиција да нападне членка на НАТО до 2029 година. „Не знам дали некој има кристална топка, но едноставно не гледам никакви докази или факти што го поткрепуваат тоа“, рече Стаб во интервју за „Билд“ објавено синоќа. Тој исто така не верува дека Русија „би сакала некогаш да го нападне најмоќниот воен сојуз во светот“. „Тоа нема смисла“ Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, една година по рускиот напад врз Украина, со што ја напушти политиката на неутралност. Претседателот на таа земја забележува дека Северноатлантската алијанса треба да биде подготвена за какво било сценарио, но оценува дека Москва во никој случај не е во позиција да отвори војна со НАТО. Силата на НАТО алијансата се гледа во конвенционалното оружје, ракетите и нуклеарното оружје. „Нема смисла која било сила во светот да ја тестира решителноста на овој сојуз“, рече Стаб. Покрај тоа, Русија се соочува со непоправливи загуби во Украина, рече тој, со оглед на тоа што секој месец останува без 30 до 35 илјади војници, додека испраќа околу 27 илјади нови на бојното поле. Finnish President Stubb says he doesn't see Russia attacking NATO. He has the intel, NATO's deterrence is stronger than any military power out there, and no country has reason to test it. pic.twitter.com/5G3Lm2pqup — WarTranslated (@wartranslated) August 30, 2026 „Русите имаат сè помалку војници“ „Значи, тие имаат сè помалку војници во многу сложена ситуација. Едноставно не можам да замислам дека можам да мобилизирам сили на два фронта“, нагласи финскиот претседател. Стуб верува дека затоа Украина е во посилна позиција од кога било од почетокот на војната и од витално значење е Европа да продолжи да ја поддржува. „И вие во Германија и ние во Финска мора да разбереме дека Украина е најдобрата безбедносна гаранција што ја имаме против Русија. Ако Украина изгуби, ние ќе изгубиме“, рече Стаб.Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook