Туристка во Шпанија: Келнерот не сакаше да ме послужи, жени не јаделе толку (ВИДЕО) - Канал 5

Туристка во Шпанија: Келнерот не сакаше да ме послужи, жени не јаделе толку (ВИДЕО)

Вечерата со пријателки на одмор во Шпанија се претворила во непријатно искуство за Лив од Лондон, откако келнерот им кажал дека нарачале премногу храна и одбил да ја прими нивната нарачка.

Туристка во Шпанија: Келнерот не сакаше да ме послужи, жени не јаделе толку (ВИДЕО)

Таа ја снимила целата интеракција и ја објави на TikTok, каде што видеото од ресторанот во Шпанија набрзо стана вирално.

Лив и нејзините пријателки решиле да споделат главно јадење и салата, но келнерот сметал дека е премногу за нив. На видеото се слуша како Лив го прашува келнерот: „Дали мислиш дека е премногу? Не мислев дека е толку многу“. Келнерот одговори: „Ќе избришам сè и ќе почнеш одново“.

Кога друга девојка на масата го прашала што отстранил од нарачката, тој одговори: „Знам дека си гладна, но...“ Лив се обидела да објасни: „Затоа сакавме едно за двете, за да биде помало“.

„Ми се допаѓа кога мажите мислат дека жените не јадат“

Во описот на видеото на TikTok, Лив напиша: „Тукушто отидовме на вечера и машкиот келнер ни рече дека тоа е премногу храна за група жени“, додавајќи дека тие „буквално нарачале предјадења“ и сакале „да го споделат главното јадење“.

„Тој буквално ја одби нарачката и нè натера да се чувствуваме толку лошо затоа што нарачавме повеќе од она што тој го препорача (не побаравме негов совет за ова)“, продолжи таа. „Ми се допаѓа кога мажите мислат дека жените не јадат“.

@livlivinlife__ this is actually WILD just like god forbid women have appetites??? stunning behaviour really x #men #femaleempowerment ♬ original sound - liv

Менаџментот застана во одбрана на келнерот

Во второто видео, девојките побарале друг келнер, но наместо тоа пристигнал менаџерот и го бранел својот вработен. „Мислам дека беше кажано на шега“, им рече тој. „Разбирам дека не е смешно, но нарачката е генерално доста голема“.

Откако ја разгледал нивната маса, тој додаде: „Сè уште не сте ја изеле целата храна“, пред да каже дека „им е жал“ што им е непријатно. На крајот сугерирал дека таквото однесување е „шпанска“ работа.

@livlivinlife__ Replying to @Evelyn,Candy it took so much in me to speak up lol what do we think about this response?? and yes service was included on the end :) #women #femaleempowerment #restuarant ♬ original sound - liv

Згрозени корисници на TikTok

Корисниците на TikTok беа згрозени од ваквото однесување и го изразија своето мислење во коментарите. „Како менаџерот се обидува да ги оправда неговите постапки. Тоа е лудо. Никој не треба да коментира за нарачките за храната на други луѓе“, напиша еден.

Друг додаде: „Во моментот кога менаџерот рече: „Сигурен сум дека тоа беше кажано на шега“, ќе станев и ќе си заминев. Зошто останавте таму? Зошто воопшто би размислувале да им ги дадете парите на тие луѓе?“

„Тој никогаш не се извини“, истакна трет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер