Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканМАЕИ и МД „Илинден“ со честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, г. АнастасиМитрополит Анастаси доаѓа на местото на митрополит Јован, кој беше избран за поглавар на Албанската автокефална црква, по смртта на поглаварот Анастасиос Јанулатос.Македонската партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и македонското друштво „Илинден“ - Тирана, во име на Македонците во оваа земја, на митрополитот на Корча, Неговото Високопреосвештенство г. Анастаси му го честитаа устоличувањето на оваа висока и света должност. Во честитката на МАЕИ, претседателот Васил Стерјовски наведува дека овој избор претставува значаен момент за православните верници од Корчанскиот округ и за цела Автокефална православна црква на Албанија. „Убедени сме дека вашата духовната мисија како Митрополит ќе даде вреден придонес за зајакнување на православната вера, вредностите на мирот, љубовта и солидарноста, како и во поддршката на македонската православна заедница во Корчанскиот округ“, наведува Стерјовски. Исто така, ја нагласува важноста, Светата Митрополија на Корча да биде отворен простор за сите верници, со почитување на нивните традиции и јазици, вклучувајќи го и одржувањето на богослужби на македонски јазик, во духот на единството и разновидноста на Православната црква. „Ви посакуваме здравје, мудрост и сила во вашата висока духовна мисија, уверувајќи дека под ваше раководство ќе се зацврстат вербата и хармоничниот соживот во Корчанскиот округ и во цела Албанија, стои во честитката на МАЕИ. Идентични желбите до Миротполитот г. Анастаси, во честитката упатува и Македонското друштво „Илинден“. „Во мое лично име и во име на Македонското друштво „Илинден“, како и во име на македонското национално малцинство ви ги изразувам моите најдобри желби и срдечни честитки за вашето востоличување за митрополит на Корча и ви посакувам успех во вашата нова задача. Уверени сме дека во иднина ќе имаме успешна соработка“, се наведува меѓу дргото во честитката на друштвото. Митрополит Анастаси доаѓа на местото на митрополит Јован, кој беше избран за поглавар на Албанската автокефална црква, по смртта на поглаварот Анастасиос Јанулатос. На божествената архиерејска Литургија на која беше хиротонисан и востоличен г. Анастасиј, во црквата „Воскресение Христово“ во Корча присуствуваа голем број Македонци, од повеќе населени места на округот, меѓу нив и Стерјовски, како и свештеникот од Пустец, отец Алексо Темелко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter