Мадуро ја поднесе својата претседателска кандидатура, неговата 80-годишна ривалка не успеа - Канал 5

Мадуро ја поднесе својата претседателска кандидатура, неговата 80-годишна ривалка не успеа

 Партијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, проследена со илјадници приврзаници, ја поднесе неговата кандидатура за шеф на државата, за изборите што ќе се одржат на 28 јули.

Мадуро ја поднесе својата претседателска кандидатура, неговата 80-годишна ривалка не успеа

Кандидатурата беше поднесена до Националниот изборен совет (ЦНЕ), а тоа официјално го стори потпретседателот на Обединетата социјалистичка партија на Венецуела (ПСУВ), Диосдадо Кабело.

Тој ги потпиша потребните документи во присуство на Мадуро (61), чиј реизбор во 2018 година не беше признат од дел од меѓународната заедница. Тогаш Венецуела беше подложена на меѓународни санкции.

Мадуро бара трет шестгодишен мандат на чело на неговата земја.

Во меѓувреме, неговите ривали се обиделе да ја пријават својата кандидатка Корина Јорис (80) пред истекот на рокот на полноќ. Меѓутоа тоа не им успеало, што опозицијата го нарече уште еден напад врз демократијата.

Мадуро досега успеваше да ги блокира кандидатурите на неговите главни противници додека истовремено преговараше за минималните предизборни гаранции ветени на американската влада во замена за ублажување на санкциите за извозот на нафта од Венецуела.

Две опозициски партии, на кои им е дозволено да учествуваат на внимателно следени избори, ја номинираа Корина Џорис минатата недела за да го испровоцираат Мадуро.

Нејзиното име, Корина, е потсетник на нејзината имењачка Марија Корина Мачадо, чија кандидатура беше прогласена за незаконска од Уставниот суд на Венецуела, поддржан од Мадуро, откако таа убедливо победи на националните прелиминарни избори во октомври.

- Ги исцрпивме сите можности, изјави Јорис пред новинарите откако не ја пријави својата кандидатура ниту по електронски пат, ниту лично. „Не беше одбиено само името на Корина Јорис, туку и името на секој граѓанин што сакаше да се кандидира“, додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Олимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата

Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.

Олимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата

- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм.

Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти.

Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал.

„Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков.

Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите.

„Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков.

Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките.

„Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков.

Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража.

„Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра

Истрагата за грабежот од повеќе милиони евра на трезорот на Алта банка доби нов епилог.

Уапсен е братот и најблиската соработничка на Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“ – исчезнале 390 милиони евра

Дубравко Мацура, брат на претходно притворениот сопственик на банката Давор Мацура, и Татјана Бундало, директорка на Алта Пеј Груп, беа уапсени утрово по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, соопшти „Телеграф.рс“.

Двајцата новоуапсени се товарат за директна вмешаност во подигање огромни суми пари од трезорот на банката. Дубравко Мацура ќе биде донесен во обвинителството на сослушување денес попладне, по што ќе се донесе одлука дали да се одреди притвор. Од друга страна, сослушувањето на Татјана Бундало сè уште не е закажано, бидејќи обвинителите во моментов собираат дополнителна документација за нејзината улога во овој финансиски синџир.

Фиктивни уплати и физичко подигање готовина

Утринската акција е продолжение на голема истрага започната кратко по изборите, а само три дена откако Народната банка на Србија (НБС) ја одзеде лиценцата за работа на Алта банка. Сопственикот на банката, Давор Мацура, директорот на одделот за благајна и управување со готовина, и еден соработник за благајничко работење беа тогаш зад решетки. Сите се уште се во притвор.

Обвинителството се сомнева дека Мацура ја оштетил банката за повеќе од 45 милијарди динари, или астрономски 390 милиони евра. Документацијата на обвинителството, до која КРИК имал пристап, открива добро развиен механизам - само мал дел од овие пари биле физички изнесени од зградата, додека поголемиот дел никогаш не стигнале до трезорот на банката:

Физичко отстранување (17 милиони евра): Според истрагата, соработниците во благајната физички изнеле готовина од банката во име на Мацура, без да остават никаква писмена трага во деловните книги.

Фиктивни приходи (околу 370 милиони евра): Најголемиот дел од сумата доаѓа од приходите на менувачницата на Мацура, Алта Пеј. Овие пари биле лажно евидентирани во документацијата како да биле уредно доставени во трезорот на банката, додека Мацура, како што се сомнева обвинителството, ги чувал за себе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер