Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
ЖивотМадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе времеПоп-иконата Мадона упати јавен апел до папата Лав XIV да го посети Појасот Газа, каде што кризата со глад предизвикува меѓународна вознемиреност.„Вие сте единствениот од нас кому не може да му се забрани влез,“ напиша американската пејачка на социјалната мрежа Икс доцна синоќа. „Мора целосно да се отворат хуманитарните коридори за да се спасат овие невини деца. Нема повеќе време“, додаде таа. Мадона, која вчера го одбележа 25-тиот роденден на својот син Роко Ричи, објави и дека ќе донира средства за хуманитарни организации кои работат во Газа. „Чувствувам дека најубавиот подарок што можам да му го дадам како мајка – е да ги замолам сите да направат сè што можат за да ги спасиме невините деца заробени во крстосаниот оган во Газа,“ напиша таа. Според Агенцијата на Обединетите нации, минатата недела „акутната неухранетост кај децата во Газа достигнала највисоко ниво досега“. Само во јули, речиси 12.000 деца под пет години биле идентификувани како акутно неухранети, а уште 2.500 со тешка акутна неухранетост – најопасната форма – соопшти Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (OCHA). Израел ги контролира копнените пристапи кон Газа и ја држи крајбрежната енклава под блокада. Малку помош стигнуваше во Газа од март до мај, сè до моментот кога Израел дозволи испораки преку контроверзен приватен систем кој ги заобиколува традиционалните агенции на ОН. Под притисок од сојузниците, Израел неодамна дозволи поголеми хуманитарни конвои да влезат во територијата, додека и од воздух се спроведува достава на помош. Во неделата, ирскиот рок-бенд U2 остро ја критикуваше израелската влада. „Знаеме дека Хамас го користи гладот како оружје во војната, но сега тоа го прави и Израел, и чувствувам згрозеност од ова морално пропаѓање,“ напиша фронтменот Боно.Тагови: Мадона Папата Лав Четиринаесети Појасот Газа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕКНајновиот извештај на Европската комисија е објективен и дава реален преглед на состојбите во земјава, оцени синоќа во теклевизиско гостување министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.Тој посочи дека во одредени области Македонија бележи висок степен на напредок и усогласеност. Според Муцунски, во ниту една од оценуваните области нема назадување.Тој истакна дека и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, потврдил дека годинашниот извештај е подобар од ланскиот. Муцунски смета дека извештајот треба да се сфати како обврска кон граѓаните и исполнување на европските стандарди. Како области со висок степен на усогласеност ги посочи надворешната, безбедносната и одбранбената политика. Напредок, според него, е забележан и во дигитализацијата, науката и образованието. И евроамбасадорот Рокас и премиерот Мицкоски гледаат напредок во годинешниот извештај на Европската комисија, за чии наоди двајцата дадоа свои оценки.. За Рокас, освен уставните измени, курупцијата и правосудството остануваат клучни предзвици за Македонија.. Мицкоски смета дека не се работи за недостиг на реформи, туку за преостанати политички услови.. Секретарот за животна соработка и член на извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски синоќа во само интервју рече дека она што загрижува е што имаме нула напредок во борбата против корупцијата. Нула напредок имаме и кај слободата на медиумите. Судството е под политичка опсада, а земјоделството е пред колапс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола 08:43Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиСпоред УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook