Мадона и нејзиното 38 години помладо момче објавија вулгарни снимки од Велигден (ФОТО) - Канал 5

Мадона и нејзиното 38 години помладо момче објавија вулгарни снимки од Велигден (ФОТО)

Во време кога целиот христијански свет се облекува во пастелни бои, Мадона се облекува- како Мадона.

Мадона и нејзиното 38 години помладо момче објавија вулгарни снимки од Велигден (ФОТО)

И сè помалку наликува на празнична атмосфера, а се повеќе на „after party“ на некој сомнителен собир. Ако постоеше надеж дека кралицата на попот ќе забави во седмата деценија, нејзините велигденски фотографии покажаа стил кој повеќе мириса на латекс отколку на јајца и колачиња, објави Она.

Мадона и зајаците

На својот Инстаграм профил Мадона (67) сподели серија фотографии од прославата на Велигден. Семејна идила? Можеби. Ако под тоа мислиме да седи во скутот на нејзиното 29-годишно момче Аким Морис, кој ѝ ги држи градите и гледа во камерата. Додека нејзините деца Роко, Стела и Естер позираа со насмевки, Мадона реши да го прослави празникот како да е во клуб.

Фотографиите кои повеќе потсетуваат на after party отколку на велигденска честитка, го зафатија интернетот. Опуштена поза, тесни филери и филтер и изрази на лицето кои балансираат помеѓу заведување и плачење - за многумина сето тоа беше премногу.

„Тој е поблизок до нејзините деца отколку со неа“

Интернетот не ѝ прости. „Дали јас сум единствениот што гледа дека Аким изгледа како да е нејзин син? и „Поблиску е по години со децата отколку до неа“ – безмилосно се слеваа коментарите. А најчест меѓу нив? Досадно духовит, но убиец: „Некој да ја потсети Мадона дека е Мадона“.

Кога жените сакаат помлади мажи, моралната паника е неизбежна

Разликата во години помеѓу пејачката и нејзиниот партнер не е нова работа, но секоја нова фотографија ја враќа таа приказна од пепелта. Додека светот ги крева рамениците кога Леонардо ди Каприо излегува со девојки од факултет, врската на Мадона автоматски станува морално прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Фудбалерите на шпанскиот шампион Барселона блескаат на почетокот на новата сезона и имаат седум победи на исто толку натпревари.

Моќна Барселона – најдобриот старт во историјата на клубот

Гигантот од Ноу Камп, врза шест победи во Ла Лига и забележа уште една во Лигата на шампионите.

Досега, најдобрите учиноци беа остварени во сезоните 1929/30, 1960/61 и 2018/19, кога Каталонците забележаа шест победи по ред.

Овие седум победи под водство на Ханси Флик ѝ овозможија на Барселона да стекне убедлива предност во Ла Лига, со три бода предност пред Реал Мадрид.

Тие исто така поставија рекордни бројки во однос на постигнатите голови – 33 на седум натпревари, што претставува просек од пет гола по натпревар.

Тимот постигна „само“ два гола на натпреварот против Билбао, четири против Леванте, по пет против Елче, Рајо, Валенсија и Фејенорд, па дури и седум против Расинг.

Во моментотв Барса е и единствениот тим без пораз во Ла Лига по првите шест кола. До поразот од Севиља во средата, таков учинок имаше и Депортиво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

Деца јаваат коњ на улица Скупи во Скопје, и во еден момент едно од децата паѓа.

Скопје или див запад? (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Фејсбук е објавена видеоснимка на која се гледаат малолетни деца како јаваат коњ по фреквентна улица, без надзор од возрасно лице и без соодветна безбедносна опрема.

На снимката се забележува и момент во кој едно од децата паѓа од коњот. Засега нема информации за состојбата на детето, ниту дали при падот се здобило со посериозни повреди.

Случајот отвора прашања за безбедноста на децата и одговорноста на возрасните, особено имајќи предвид дека станува збор за улица на која се одвива јавен сообраќај.

Дополнително, се поставува прашањето дали ваквото однесување претставува сериозен ризик за учесниците во сообраќајот и кој би сносел одговорност доколку дојде до сообраќајна несреќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, односно 4,4 години подоцна од просекот во Европската унија, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3

Во ЕУ младите во просек заминуваат од домот на родителите на 26,3 години, што е незначително зголемување во однос на 2024 година, кога просечната возраст изнесувала 26,2 години. Од 2002 година европскиот просек се задржува близу 26 години.

Најдолго со родителите живеат младите во Хрватска, каде што домот го напуштаат на просечна возраст од 31,5 години. Следуваат Грција и Словачка со по 30,9, како и Шпанија и Италија со по 30,2 години.

Најрано се иселуваат младите во Финска, на просечна возраст од 21,4 години, и во Данска, на 21,8 години.

Во регионот младите во Србија остануваат со родителите до просечна возраст од 30,1 година, во Босна и Херцеговина до 29,5, а во Бугарија до 27,9 години.

Податоците на Евростат укажуваат и на поврзаност меѓу вработеноста на младите и возраста на која тие го напуштаат родителскиот дом.

Во Македонија во 2025 година биле вработени 50,2 проценти од младите на возраст од 20 до 29 години, односно 15,3 процентни поени помалку од просекот во европската унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер