Шоу бизМадона го објави видеото за песната American Life, забрането пред 20 години (ВИДЕО)Кралицата на попот, Мадона вчера го објави оригиналното видео за нејзината песна American Life, кое беше забрането поради несоодветна содржина пред 20 години.Петминутното видео на почетокот изгледа нормално. Манекенки шетаат по пистата во костими, а Мадона пее за животот под рефлекторите, но тогаш сцената одеднаш се претвора во нешто сосема поинакво. Наскоро манекенките се заменети со луѓе кои ги претставуваат жртвите на војната, следуваат сцени на насилство, а на пистата има крв и многу болни сцени. Телата на крвавите луѓе без екстремитети потоа се влечат по пистата, а во позадина се пуштаат слики на вистински жртви од војната, додека публиката во видеото се смее, а потоа има сцена во која тенковска граната ја разнесува истата публика. Видеото требаше да биде објавено во времето на американската инвазија на Ирак, односно за време на владеењето на Џорџ Буш, а Мадона беше критикувана за видеото уште пред да го објави. Таа на крајот објави многу поблага и цензурирана верзија на American Life, која беше „соодветна за јавноста“. „Решив да не го објавувам видеото поради воспалителната состојба во која се наоѓа светот во моментов и од почит кон војската, што многу ја поддржувам и ценам. Не сакам никого да навредам и не сакам ова видео да биде погрешно сфатено“, објасни Мадона во 2003 година. Меѓутоа, сега таа очигледно се предомислила и видеото е објавено во оригиналната верзија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЦрна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУЦрна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка. Фото: ВИТагови: ЕУ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда. „Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска. Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра. Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСоветниците на СДСМ во Пехчево против дата центарПобараа тргање на точката од дневен ред!„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter