Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
Шоу бизМадона ги открива петте домашни правила, што мора да ги почитуваат нејзините деца Мадона откри дека постојат пет правила што нејзините деца мора да ги следат.64-годишната пејачка на својот Instagram Story објави фотографија на која е испишана табла со пет куќни правила. Првото правило е „насмевка“, потоа „биди среќен“, „слушај ги другите“, „зборувај љубезно“ и на крајот „биди среќен со тоа што го имаш“. Мадона е мајка на шест деца, и тоа Лурд Леон (26), Роко Ричи (22), Дејвид Банд Чиконе (17), Мерси Џејмс Чиконе (16) и 10-годишните близнаци Естер и Стела Чиконе. Во јануари оваа година таа зборуваше за тешкотиите на кои наишла во воспитувањето. Таа изјави за Vanity Fair дека е свесна дека „да растеш со мајка како неа е предизвик“. „Дури и денес се борам да сфатам како да бидам мајка и да ја работам својата работа. Да имаш и да воспитуваш деца е уметничко дело. Никој не ти дава прирачник за мајчинство. Мораш да учиш од своите грешки. Тоа е професија која бара многу напор. И тоа е исцрпувачки бидејќи никогаш нема одмор“, додаде таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: „One Stop Shop“ ќе ги доближи Македонија и Албанија и ќе го поттикне туризмот„За мене претставува огромна чест што мојот драг пријател и колега, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, е денеска овде со мене.Би сакал на самиот почеток на овој денешен значаен настан за двете земји, на нашите сограѓани Албанци, но и генерално на Албанците, да го честитам Денот на албанската азбука — ден којшто за мултиетничка држава како што е нашата значи многу и додава вредност во кохезијата којашто ја имаме во нашето општество. Нека е честит денот и нека е со многу успеси и за арно да е. Сега би сакал да кажам неколку збора за самиот денешен настан. За нас претставува задоволство што можеме да го отпочнеме овој начин на соработка помеѓу двете земји, помеѓу Албанија и Македонија, бидејќи „One stop shop“ системот ќе го олесни транспортот на патници. Слушнавте, неколку милиони годишно го поминуваат овој граничен премин, а на тој начин дополнително ќе ги доближи и онака блиските две земји, Македонија и Албанија. Очекувам овој начин на комуникација да продолжи и на другите гранични премини коишто ги имаме со нашиот западен сосед, Албанија, и на тој начин дополнително да ги зголемиме врските помеѓу граѓаните од двете страни на границата. А исто така, беше кажано при оној воведен дел, презентацијата како сето ова ќе функционира, „One stop shop“ системот ќе додаде вредност и во делот што значи зголемување на туризмот и туристичкиот потенцијал коишто го имаат двете земји. Кога зборувам за двете земји, тука мислам на Охридското крајбрежје, Охрид и Струга, како и останатите општини кои гравитираат, и секако морето во Албанија. Би сакал на крај да му се заблагодарам на министерот за внатрешни работи, на колегите од Владата, на вработените од МВР, царината и сите оние коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, и би сакал да изразам голема благодарност до мојот голем пријател, претседателот на Владата на Албанија, г. Еди Рама, за неговата лична поддршка што ја даде да ова денеска стане реалност.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Драма по финалето на Копа Судамерикана: Фудбалер на Бока се онесвести среде интервју! Фудбалерот на Бока Јуниорс, аргентинскиот репрезенативец, Леандро Паредес, се онесвести додека даваше изјава по победата над Атлетико Минеиро (2:0) во финалето на Копа Судамерикана.Аргентинскиот репрезентативец разговараше со новинар од телевизијата „DSports“ кога одеднаш му се слоши, по што ја изгуби свеста и падна на земја. Новинарот се обиде да го задржи, но не успеа, па присутните веднаш притрчаа да му помогнат на 32-годишниот играч за врска. Паредес имаше потешкотии и за време на натпреварот поради високата температура и влажноста во Баранкиља, Колумбија, поради што во 58-мата минута побара да биде заменет. Откако му беше укажана медицинска помош, капитенот на „Бока“ дојде при свест и замина во соблекувалната, а потоа, според аргентинските медиуми, беше пренесен во болница на дополнителни прегледи. https://www.instagram.com/reel/DgCMIY8oLlc/?utm_source=ig_embed Според првичните информации, причина за губењето на свеста би можел да биде пад на крвниот притисок предизвикан од исцрпеност и високи температури. Инаку, со победата над бразилскиот претставник, „Бока“ го освои својот прв голем континентален трофеј по 18 години. https://www.instagram.com/reel/DgBwjzDB4cS/?utm_source=ig_embedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАИсториски меч за Виктор Вембањама во НБАЅвездата на Сан Антонио, Французинот Виктор Вембањама испиша историја во НБА во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.Францускиот кошаркар Виктор Вембањама одигра фантастичен натпревар против Њу Орлеанс во ноќта меѓу саботата и неделата, при што забележа 50 поени, 18 скока, 4 украдени топки и 5 блокади! Тој стана првиот играч во историјата на НБА со ваква статистика, а ова „чудо“ од Франција е главна вест на речиси сите светски портали. Вембањама им се придружи на Вилт Чемберлен, Ентони Дејвис и Боб Мекаду како четвртиот играч во историјата кој имал повеќе од еден натпревар со најмалку 50 поени, 15 скока и 5 блокади. Како што веќе известивме, ова е првпат по 53 години некој да оствари 4 украдени топки и 5 блокади на еден НБА натпревар, покрај 50 поени и 15 скока. VICTOR WEMBANYAMA BECOMES THE FIRST PLAYER SINCE 1973-74 TO RECORD 50+ PTS, 15+ REB, 4+ STL AND 5+ BLK IN A GAME! 🤯 50 PTS 🤯 18 REB 🤯 5 BLK 🤯 4 STL 🤯 5 3PM 🤯 32 MIN SPURS WIN THEIR 14TH IN 15 GAMES. https://t.co/lPKk3jYNjL — NBA (@NBA) November 22, 2026 Ова е вторпат во ноември Вембањама да постигне 50 поени на еден натпревар, бидејќи на 4 ноември против Далас тој веќе имаше 52 поени и 24 скока! Тогаш тој стана првиот играч по Боб Мекаду кој остварил 50 поени и 20 скока на еден НБА натпревар. Како играч на Бафало Брејвс (претходникот на ЛА Клиперс), Мекаду имаше 52 поени, 22 скока и 7 блокади!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter