Мадона бара од нејзиното момче да почитува 28 строги правила, едно е посебно бизарно - Канал 5

Мадона бара од нејзиното момче да почитува 28 строги правила, едно е посебно бизарно

Мадона има повеќе правила што треба да ги следи нејзиното многу помладо момче кога поминува време со поп дивата. А едно од нив се однесува и на гледање телевизија.

Мадона бара од нејзиното момче да почитува 28 строги правила, едно е посебно бизарно

Пејачката, која веќе е во седмата деценија и има 66 години, моментално е во врска со спортската ѕвезда од Јамајка, Аким Морис, кој има 28 години. И покрај многу големата разлика, би се рекло дека парот е прилично хармоничен и не можат да ги одвојат рацете еден од друг.

Сепак, Метро пренесува дека Мадона во голема мера ја контролира врската, па ѕвездата дури му напишала и некои строги правила.

- Мадона го подложи Аким на еден куп правила и строги услови за врска. И тој се согласил со нив бидејќи е „загреан“ и подготвен да ја плати цената – тврди „инсајдер“ близок до парот и продолжил: - Таа е многу строга. Тој живее со неа, но само затоа што го делат нејзиниот кревет, не значи дека може да спие во него. Кога таа сака, тој мора да спие или да стане кога таа работи, без разлика на сѐ. Таа, исто така, му забранува да гледа спорт и телевизија кога поминуваат време заедно.

Двојката, наводно, се запознала за прв пат на фотосесија за магазинот „Paper“ во 2022 година, на тема „дива ноќ надвор во Њујорк“. Аким бил дел од сетот, но тогаш немало навестување дека ќе започнат романтична врска.

Првиот знак на нивната романса беше за време на овогодинешната прослава на четврти јули, кога Мадона даде изјава за „неверојатната година“ во која ужива откако претрпе сериозни здравствени проблеми. Во срдечна објава на Инстаграм, Мадона - која беше хоспитализирана со септичен шок минатата година - сподели слики на кои таа и Аким изгледаат навистина среќни заедно.

Тие се горе-долу „домашни“, па на едната фотографија се гледаат како уживаат во сладолед, додека на другата се свиткани на кауч. Затоа се претпоставува дека Аким е причината поради која годината на Мадона ѝ е толку незаборавна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.

Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си Џинпинг

Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ.

Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски.

Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина.

„Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа.

Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“.

Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп.

Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?

Владата да престане со евтиниот ПР-театар и конечно да одговори на суштинското прашање на народот: чии функционери спасувавте со измените на Кривичниот законик и кому му требаше ова доцнење за делата за висока корупција конечно да застарат? 

Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?

Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека во септември 2023 година беа намалени казните, а со тоа скратени и роковите за застареност, што овозможи низа предмети за злоупотреба на службената положба да завршат во фиока без судска разрешница. Особено е лицемерно денес Владата да се „пере“ пред јавноста и да бара оправдување во Брисел, откако во јануари годинава нивното мнозинство експресно го одби амандманот на ЛДП за итно враќање на строгите казни и заштита на државниот буџет. Сите се сеќаваме што бранеа и што одбиваа на почетокот на оваа година оставајќи си слобода за криминално работење.

„Уште во јануари предупредив дека со ваквите закони функционерите повторно добиваат амнестија поради застареност, но го одбија нашиот амандман. Денес пак најавуваат реформи и испраќање текстови во Брисел, иако новата ЕУ Директива 2026/1021 јасно бара подолги рокови за гонење на корупцијата. Европските стандарди не се пречка, туку бараат ефикасна правда. Ајде да се обложиме – ќе го чепнат ли воопшто институтот застареност за висока корупција во новиот текст или пак си оставаат вратички? Ако сте искрени, прифатете ги нашите предлози: вратете ги строгите казни веднаш! Еве им го мојот глас уште утре во Собранието“, порача Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието.

Додека Владата се крие зад нови рокови, најави и дипломатски процедури, реалноста на теренот е дека правдата што намерно се одложува сѐ додека не застари, за граѓаните значи само едно – системска неказнивост. Народот не е должен да трпи манипулации во кои мандатите на функционерите траат четири години, а кривичните предмети намерно се држат во фиоки сѐ додека не ги изеде времето.

ЛДП бара Владата веднаш да го објави подготвениот текст на Кривичниот законик, наместо прво да го шета по странски ходници, за сопствените граѓани, пратеници и правната фела да видат дали навистина има волја за борба против криминалот.

Доколку владејачкото мнозинство има искрена намера да го сопре институционалниот колапс, уште оваа недела ќе ги прифати барањата на ЛДП за драстично зголемување на казните и продолжување на роковите за застареност за сите избрани и именувани лица!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила

 ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги стави во употреба новите специјални комунални возила

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што Претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје.

Станува збор за камиони со зафатнина од 21, 17, 8 и 3 кубни метри, автоцистерни наменети за машинско миење на улиците, како и специјализирани метларки наменети за машинско метење.

Преку ставањето во употреба на новите специјални комунални возила се очекува значително да се зголеми ефективноста и ефикасноста на извршувањето на оперативните активности на Претпријатието на терен.

Претпријатието продолжува и со поставувањето на новите садови наменети за одлагање на комуналниот отпад, а досега е извршена замена на приближно 500 контејнери. Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, вршат и рачно миење на сите локации каде што се поставуваат новите садови за одлагање на отпадот.

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 960 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 210 кубни метри отпад од диви депонии.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3150 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 23 записника за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер