Мачеле и силувале тинејџерка: „Самата си го бараше“ (видео) - Канал 5

Мачеле и силувале тинејџерка: „Самата си го бараше“ (видео)

Родителите на двајца од мажите осомничени за силување и мачење на 17 годишна девојка во Мароко, ја обвиниле дека имала “лоша репутација“ во својот крај.

Мачеле и силувале тинејџерка: „Самата си го бараше“ (видео)

Властите уапсиле 12 мажи откако Кадија Окароу била киднапирана и предадена на банда која ја силувала и насилно ја тетовирале за потоа да ја остават пред куќа во Бени Мелала, во централно Мароко, пред два месеци.

Овој случај предизвика без кај жителите на Мароко кога е објавено видео од несреќната девојка на кое може да се види како нејзините раце, нозе и врат се прекриени со тетоважи и изгореници од цигари. Нејзината мајка изјавила дека се онесвестила кога го видела измаченото тело на својата ќерка.

Родителите на некои од обвинетите тврдат дека девојката лаже, дека живеела промискуитетно и “оти самата го барала тоа“. Лекарите изјавуваат дека таа е тешко погодена од овие тврдења.

Родителите на девојката прво се плашеле да го пријават нејзиниот случај во надлежните институции, бидејќи стравувале од стигмата која сексуалното злоставување го има во муслиманските земји. Меѓутоа, ќерката инсистирала случајот да се пријави во полиција.

На социјалните мрежи се појавиле и изрази на поддршка за девојката со слоганот „Сите ние сме Кадија“.

Во интервју за мароканската телевизија минатата недела, девојката изјавила дека киднаперите ја силувале еден по еден, и ги гаселе цигарите по телото, не и давале храна и не и дозволувале да се истушира. На телевизија ги покажала и тетоважите.

Тинејџерката изјавила дека била киднапирана под закана со нож кога била во посета на својата тетка за време на Рамазан. Подоцна ја продале на други луѓе во замена за пари и дрога.

Ужасниот настан ја покрена иницијативата за прекинување на културата која толерира сексуални напади и други облици на насилство врз жените, а петицијата ја потпишале 75.000 лица.

Дванаесет осомничени се во притвор поради киднапирање и силување, а тројца се во бегство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во болница почина убиецот од Полска

 Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.

Во болница почина убиецот од Полска

24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро.

„Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението.

Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител.

Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби.

Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Од денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства.

АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица

Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола.

Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер