МААЕ со нова резолуција: Русите веднаш да ја напуштат нуклеарката Запорожје

Советот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) денеска усвои резолуција со која бара Русија да ја прекине окупацијата на нуклеарната централа Запорожје во Украина, соопштија дипломати кои учествувале на состанокот.

Ова е втора резолуција за руската инвазија на Украина донесена од Бордот на гувернери на МААЕ.

Содржината на двете резолуции е слична, со фактот дека првата била донесена во март пред руските сили да ја преземат контролата врз Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.

Текстот ја повикува Русија „веднаш да ги прекине сите акции против електраната Запорожје, во неа и во сите други нуклеарни постројки во Украина“, а била усвоен со 26 гласа „за“, два против и седум воздржани, соопштиле дипломатите од состанокот зад затворени врати.

Русија и Кина гласале против, додека Египет, Јужна Африка, Сенегал, Бурунди, Виетнам, Индија и Пакистан биле воздржани.

Советот „жали за постојаното насилство на Руската Федерација врз нуклеарните постројки во Украина, вклучително и присуството на руски сили и персонал на (руското нуклеарно тело) Росатом во нуклеарната централа Запорожје“, се вели во резолуцијата.

Руската окупација на електраната значително го зголемува ризикот од нуклеарна катастрофа, се додава во текстот.

Украинскиот персонал продолжува да работи во објектот под услови опишани од МААЕ како опасни.

Во март, Советот усвои резолуција со која го осудува руското насилство и ја повикува Русија веднаш да ги прекине сите дејствија против нуклеарниот објект во Украина и да го врати на управување на надлежните украински власти, се вели во американскиот извештај до Советот.

„Следниот ден Русија ја отфрли поканата и ја зазеде нуклеарната централа Запорожје. Русија ја третира украинската цивилна инфраструктура како воена награда и се обидува да ѝ ускрати на Украина контрола над сопствените енергетски ресурси и да ја користи централата како база за воени дејствија против Украина“, се додава.

Рускиот амбасадор не одговорил веднаш на одлуката на МААЕ.

Дневен хороскоп за 3. мај 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 3. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период.

Кариера

Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати.

Здравје и совет

Ослободете ја фантазијата.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро.

Кариера

На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други.

Здравје и совет

Претерувате со исхрана , а премалку вежбате.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов.

Кариера

Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат.

Здравје и совет

Подобрување во секој поглед.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка.

Кариера

Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално.

Здравје и совет

Мислете малку на себе.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето.

Кариера

Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања.

Здравје и совет

Тренирајте она што ви се допаѓа.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете.

Кариера

Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија.

Здравје и совет

Можна преодна настинка.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи.

Кариера

Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете.

Здравје и совет

Ви се спие. Одморете се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие.

Кариера

Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи.

Здравје и совет

Мала меланхолија.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов.

Кариера

Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не.

Здравје и совет

Ограничете го јадењето и пиењето.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат.

Кариера

Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам.

Здравје и совет

Вашиот организам е стабилен.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти.

Кариера

Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток.

Здравје и совет

Работете вежби за вратниот дел од рбетот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив.

Кариера

Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

притисни ентер