Лувр е затворен четврти пат поради штрајк - Канал 5

Лувр е затворен четврти пат поради штрајк

Музејот Лувр денеска остана затворен по четврти пат од почетокот на штрајкот на дел од персоналот, кој бара подобри работни услови од средината на декември, соопшти парискиот музеј.

Лувр е затворен четврти пат поради штрајк

Најпосетениот музеј во светот одржа неколку рунди преговори со Министерството за култура и управата на музејот, но решение не е на повидок, пренесува „Фигаро“.

На генералното собрание, најмалку 300 вработени утрово гласаа за продолжување на штрајкот кој почна на 15 декември за да се укаже на недостигот на персонал и разликите во платите во однос на другите вработени во Министерството за култура, соопштија синдикатите ЦГТ и ЦФДТ.

- Она што ни треба е политичка волја за да се надоместат тие разлики во платите без одлагање, изјави Кристијан Галани, претставник на синдикатот ЦГТ кој ги застапува вработените во музејот Лувр.

Тој додаде дека сака сериозно да ја сфати министерката за култура Рашида Дати, која ги оцени барањата на штрајкувачите како „легитимни“.

- Ако нашите барања се легитимни, таа мора да се позанимава со нив пред да го напушти Министерството за да се кандидира за градоначалничка на Париз, рече тој.

Според Валери Бо од ЦФДТ, управата на Лувр вчера доставила „прва верзија“ на предлог за работните услови, кој вработените го оценија како „недоволен“.

Од почетокот на штрајкот, музејот беше принуден трипати целосно да ги затвори вратите, а исто толку пати беше делумно отворен. Во средината на јануари, Лувр процени дека загубата на приходи поврзана со штрајкот изнесува најмалку милион евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови

Со претстојната промена на часовникот и пораното затемнување, од недела официјално влегуваме во годишното време кое носи со себе забележителна промена во дневниот ритам и потрошувачките навики на населението. 

Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови

Преминот кон таканареченото зимско сметање на времето традиционално го означува почетокот на сезоната во која фокусот на општествениот и економскиот живот се пренесува од отворените простори во топлината на домот, отворајќи нови полиња на раст за цела низа економски сектори.

Пазарните аналитичари истакнуваат дека раното затемнување делува како силен психолошки поттик за враќање на навиките поврзани со удобноста на домот. Од првиот работен ден во новиот ритам, се очекува значителен скок во користењето на платформите за стриминг и услугите за дигитална забава, бидејќи вечерните часови стануваат резервирани за филмови, серии и релаксација со семејството.

И тоа е првата неверојатна промена. Нема ни да забележите дека од тој ден всушност поминувате повеќе време пред екранот.

Заедно со е-забавата, апликациите за достава на храна и продавниците доживуваат најголем бум. Вечерите дома стануваат попрактичен и поудобен избор за многу граѓани, што отвора можност локалните ресторани и специјализираните услуги за достава значително да го зголемат обемот на работење за време на вечерните врвови.

Иако летните градини природно полека ги празни своите места со првиот самрак и посвежите вечери, угостителската индустрија доживува динамична трансформација, а не стагнација. Сопствениците на ресторани со нетрпение го поздравуваат пренасочувањето на гостите кон затворени простори, каде што топлите пијалоци, специјализираните менија и пријатните, интимни ентериери стануваат клучни средства.

Сезоната што претстои, со тоа, уште еднаш ја потврдува прилагодливоста на модерната економија, во која темнината не ја гаси потрошувачката, туку само ја пренасочува кон нови, поудобни и потопли текови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!

Честит Ден на македонската револуционерна борба! Небото свети Македонија. Неколку секунди македонска убавина и пораки. За многу години!, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот Олешки

Белата куќа објави дека Меланија Трамп, првата дама на Соединетите Американски Држави, успешно обезбедила прекин на огнот меѓу Русија и Украина во градот Олешки.

Меланија Трамп договорила привремено примирје меѓу Русија и Украина во градот Олешки

„Русија и Украина се согласија привремено да ги суспендираат сите воени дејствија во градот за да се овозможи влез на хуманитарна помош и да се подготви за евакуација на цивилите преку одреден безбеден премин“, додаде Белата куќа.

Договорот ќе стапи на сила на 29 октомври.

Олешки е украински град на руско окупираната страна од реката Дњепар, спроти Херсон.

Откако руските сили го зазедоа во 2022 година, тој е сведен на урнатини и отсечен од светот.

Сепак, илјадници цивили, вклучувајќи деца, остануваат таму. Според извештаите, тие живеат без електрична енергија, вода за пиење и редовни залихи на храна.

Жителите потврдија за Скај њуз дека многу луѓе варат трева за да преживеат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер