Лутите навивачи на ПСЖ го исвиркаа враќањето на Рамос (ВИДЕО) - Канал 5

Лутите навивачи на ПСЖ го исвиркаа враќањето на Рамос (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 30. коло на францускиот фудбалски шампионат, ПСЖ лесно го совлада Лориен победувајќи со 5:1.

Лутите навивачи на ПСЖ го исвиркаа враќањето на Рамос (ВИДЕО)

ПСЖ во 21-та сезонска првенствена победа беше предводен од Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси. Мбапе постигна два гола и три асистенции, Нејмар два и Меси еден.

Иако на екипите од главниот град на Франција им оди одлично во првенството и се движат кон новата шампионска титула, гневот на навивачите поради испаѓањето од Лигата на шампионите се уште не стивнува. Тоа на своја кожа најдобро го почуствува Серхио Рамос, кој на секој допир со топката беше дочекан со свирежи. Останатите навивачи со овации барем малку се обидоа да го смират нивниот гнев, но не успеаја.

Рамос се врати по уште долга пауза поради повреда, а на навивачите им е многу тешко што сопствениците на клубот решија да вложат пари во 36-годишниот стопер чии најубави денови поминаа. Шпански AS пишува дека вратата за Рамос е отворена и од следната сезона би можеле да го гледаат во нов клуб.

„Сите сме погодени“, рече тренерот Покетино за играчите, додавајќи: „Мислам дека тоа е фрустрација на навивачите поради резултатите, мислам дека не е против него, тој е голем шампион, тој заслужува почит како и сите играчи на Пари Сен Жермен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Анис ал-Асбахи, портпарол на Министерството за здравство под контрола на Хутите, денеска изјави дека седум лица се ранети во напади предводени од Саудиска Арабија врз пристаниште во Црвеното Море и нафтен објект во јеменската провинција Ходеида.

Последователни напади во Црвеното Море: Седум лица се ранети (ВИДЕО)

Во објава на платформата „X“, тој напиша дека четворица цивили се ранети за време на нападите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пристаништето Рас Иса, додека тројца други се повредени во напад врз нафтен објект во округот Баџил.

„Последователните напади врз нафтени постројки и витални пристаништа претставуваат јасно кршење на меѓународното хуманитарно право и придонесуваат кон низа воени злосторства насочени против цивили и критична инфраструктура“, изјави портпаролот.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, се борат против коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која ја поддржува меѓународно признатата влада на Јемен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судството повторно покажа дека служи како штит за политичките моќници од СДС и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Ахмети нарачуваат, нивните инсталации во правосудството испорачуваа и од кривична одговорност ги спасуваат

Судиите на Венко Филипче и Али Ахмети повторно одработија за спас и одбрана на нивните наредбодавци.

Само после неколку месеци откако обвинителот Ислам Абази го затвори случајот за набавката на модуларните болници со што Филипче го спаси од одговорност, сега и судијата Африм Фидани ги ослободи поранешните директори на тетовска болница, Артан Етеми и Флорин Бесими, за трагедијата во која животот го загубија 14 наши сограѓани.

Ова отвора сериозни прашања за функционирањето на правосудниот систем и за еднаквоста пред законите, штета има, жртви има, а виновни нема.

Како е можно за пожар во кој загинаа 14 луѓе виновен да биде кабелот и да нема соодветна кривична одговорност за најодговорните лица од тој период, како што се тогашните директори на болницата и тогашниот министер за здравство, Венко Филипче?

Како е можно да не се испита одговорноста на сите надлежни лица во синџирот на одлучување и управување, Филипче како најодговорен воопшто да не биде повикан на разговор, а од друга страна да се ослободуваат и Бесими и Етеми.

Дали во Македонија правдата зависи од партиската блискост и политичките врски, а блиските до Филипче и Ахмети имаат привилегија да бидат над законот?

За 14-те загубени животи правда и одговорност мора да има, Македонија не смее да биде држава во која политичките врски се посилни од правдата.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илијана Јотова ќе биде прва жена на претседателската функција во Бугарија, по вчерашниот втор круг на изборите. 

Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

Илијана Јотова и кандидатот за потпретседател Кирил Валчев победија на претседателските избори во Бугарија со 57,58 отсто од гласовите. Според обработени 99,95 проценти од записниците, за Јотова и Валчев гласале повеќе од 1 милиони избирачи. По објавувањето на резултатите, Јотова им се заблагодари на граѓаните за поддршката. Таа порача дека ќе се залага за соработка и изнаоѓање решенија.јотова оцени дека нејзината кампања била позитивна и без говор на омраза. Валчев најави посебно внимание за младите и нивната иднина. Тој рече дека ќе работи на создавање услови младите да останат во Бугарија, а раселените да се вратат. Премиерот Румен Радев им ја честиташе победата и порача дека граѓаните гласале за мир и стабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер