АвтомобилизамЛуксузен часовник може да купат само сопствениците на најновото Порше 60-годишнината од култниот спортски автомобил Porsche 911 ја слави Porsche Design со ограничена едиција Chronograph 1 – 911 S/T, кој ќе биде понуден исклучиво на сопствениците на 911 S/T.Ограничен на 1.963 парчиња, хронографот му оддава почит на класичниот модел, Porsche 911 S/T 2.4, лесен спортски автомобил специјално развиен за трки. Овој часовник зрачи со комбинација на елеганција и спортски стил. Со лесна, необложена и пескарена конструкција од титаниум, часовникот е споен со бројчаник и прстен со рамка која е покриена со црна боја. Втиснати на бројчаникот на часовникот, арапските бројки на подбирачите, скалата на минути и приказот на денот и датумот се обложени со светла, фосфорно зелена нијанса. Индексите и стрелките се прикажани во контрастно бело, додека бројот 60 на минутната скала е означен со црвено, во знакот на оваа специфична годишнина. Внатре во часовникот, хронографот го контролира Porsche Design WERK 01.240, кој е сертифициран од COSC. Механизмот е делумно видлив од задниот дел на куќиштето и е дизајниран да личи на изгледот на алуминиумското тркало 911 S/T. Тркалото доаѓа во сјајно сребрено, темно сребрено и црно, додека централниот амблем може да се избере во графика „S/T“ или историскиот грб на Porsche. Достапни се и ремени изработени од титаниум, како и оние од рели кожа во класична црна или коњак боја. Секоја верзија е придружена со комплет додатоци, како и означена и уникатно нумерирана плочка за часовници. Часовникот е со цена од 13.500 долари (12.342,71 евра) и ќе биде достапен во Porsche Centers и Porsche Design продавниците. Иако не е мал трошок, веруваме дека оние кои веќе инвестираат 290.000 долари во новиот 911 S/T со GT3 RS нема да почувствуваат значителни пречки кога станува збор за купувањето на овој часовник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во БелградТерористички напад се случи пред израелската амбасада во Белград.Малолетник, за кој се сомнева дека е од Шабац, ја нападнал полицијата со два ножа пренесува Радио Телевизија Србија .Според српските власти, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.Припадникот на полицијата го усмртил напаѓачот во самоодбрана. Полицаецот бил полесно повреден во инцидентот.министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека безбедносните служби го следеле осомничениот. Според првичните информации, тој бил поврзуван со Исламската држава.По нападот, Србија го подигна нивото на терористичка закана на црвено ниво.Засилено е полициското присуство на клучни локации и инфраструктурни објекти.Дополнителни безбедносни контроли се спроведуваат и на места со поголема концентрација на граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 28. октомври 2026 година Дневен хороскоп за среда, 28. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците. Кариера Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа. Здравје и совет Надевајте се на подобро. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом. Кариера На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни. Кариера Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така. Здравје и совет Можна е главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо. Кариера Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете. Здравје и совет Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна. Кариера Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа. Здравје и совет Размислете за својата дисциплина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус. Кариера Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин. Здравје и совет Победувате со издржливост. Рак 22.6-22.7. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси. Кариера Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување. Здравје и совет Прво размислете , па потоа зборувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол. Кариера Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува. Кариера Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност. Здравје и совет Толерирајте ги недостатоците на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook