Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотЛуксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите Родовиот јаз меѓу вработените ширум Европа и натаму е значителен во корист на мажите, како во однос на висината на платите, така и при нееднаквост во пристапот до работа, напредувањето и наградувањето. Според податоците на Евростат, мажите во ЕУ во просек заработуваат за 12,7 отсто повеќе од жените, при што Луксембург е единствената земја меѓу членките на Европската Унија каде просечните плати на жените се повисоки од оние на мажите и тоа за 0,7 проценти. Родовиот јаз на платите во корист на мажите е најголем во Естонија и изнесува 21,3 отсто, по што следуваат Австрија со 18,4 и Чешка со 17,9 проценти. Во Германија разликата на платите меѓу половите изнесува 17,7 отсто, а во Франција 13,9 проценти. Најмал родов јаз во платите, под пет отсто, има во Италија од 4,3, Романија од 4,5 и Белгија од речиси пет проценти. Од земјите во регионот, разликата во платите меѓу половите е најголема во Бугарија од 13 проценти, кој е и единствена над просекот на ЕУ, додека во Хрватска изнесува 12,5, во Грција 10,4, а во Словенија 8,2 отсто. Намалувањето на родовиот јаз во платите долги години се наведува како еден од приоритети на ЕУ, цел која, според статистичките податоци, се остварува, но со бавно темпо. Така, во 2012 година разликата изнесувала 16,4, а во 2022 - 12,7 отсто, што претставува намалување од 3,7 процентни поени. Дополнително, во посочениот период во пет земји јазот дури бележи и раст и тоа од 3,7 процентни поени во Словенија, 2,2 во Летонија, 1,4 во Полска, 0,7 во Малта и 0,1 процентни поени во Литванија. Од друга страна, најголемо намалување на јазот има во Шпанија од 10 проценти поени, пред Естонија од 8,6, Луксембург од 7,7, Кипар од 5,4 и Германија и Холандија од по 5,0 процентни поени. Во останатите земји половиот јаз во платите е намален за под пет проценти. Податоците покажуваат и дека родовиот јаз е поголем во приватниот отколку во јавниот сектор во ЕУ, при што во пет земји тој е над 10 процентни поени. Исклучок од ова се само три земји – Португалија со поголем јаз во јавниот отколку во приватниот сектор од 1,4 проценти поени, Словенија од 0,7 и Финска од 0,5 проценти поени. Според Евростат, помалиот јаз во јавниот сектор можеби се должи на фактот што платите во таму главно се одредуваат со систематизации кои подеднакво важат и за мажите и за жените. Половиот јаз во платите во јавниот сектор е најголем во Унгарија од 16,1, пред Финска од 15,9 и Летонија од 15,3 проценти. Кипар е единствената земја во ЕУ каде жените во јавниот сектор заработуваат повеќе од мажите и тоа за 0,2 отсто, по што следуваат Полска со 1,0 и Белгија со 1,2 проценти повисоки плати на мажите административци. Најголем полов јаз во приватниот сектор има во Чешка од 20,5 отсто, пред Германија со 19.9 и Кипар со 19.5 проценти. Во случајот на Германија ваквите податоци укажуваат дека за истото работно време за кое мажите заработуваат 100 евра, жените добиваат нешто над 80 евра. Најмали разлики во платите меѓу половите во приватниот сектор има во Белгија од 8,1 отсто, пред Романија од 8,6 и Шведска од 9.9 проценти. Според Европската комисија едни од главните причини за родовиот јаз во платите во ЕУ се секторската сегрегација, односно фактот што жените се значително мнозинство меѓу вработените во сектори со релативно ниски примања, како што се негата, здравството и образованието, како и тоа што жените почесто се ангажирани со скратено работно време од мажите. Покрај ова, разликата се должи и на тоа што мажите генерално заземаат повисоки раководни позиции од жените. Така, во 2021 година, само 35 отсто од менаџерите во ЕУ биле жени. Во сите земји на ЕУ, мнозинство од менаџерите биле мажи, додека најголем удел на жени на раководни позиции имало во Летонија од 46 отсто, пред Полска и Шведска со по 43 проценти. Најмал удел на жени менаџери имало во Кипар од 21 отсто, пред Луксембург од 22 и Холандија од 26 проценти. Од друга страна, статистичките податоци покажуваат и дека иако се помалку платени, жените во просек се пообразовани од мажите. Така, во 2022 година во просек 37,1 отсто од жените во ЕУ биле со високо образование, додека кај мажите таа стапка изнесувала 31,4 отсто. Исклучок од ова се само Германија и Австрија, каде има повеќе факултетски образовани мажи од жени. Сепак, иако се пообразовани, жените во ЕУ се помалку работно ангажирани со стапка на вработеност од 83,6 отсто, наспроти 88,9 проценти кај мажите. Стапката на вработеност кај мажите во ЕУ е поголема од онаа на жените во сите земји на ЕУ, при што просечната разлика изнесува 9,8 процентни поени. Таа е највисока во Грција и изнесува 19,1 процентни поени, пред Италија од 18,1 и Романија од 17,1 процентни поени. Во останатите земји членки на ЕУ разликата е под 15 процентни поени, при што најниска е во Литванија од 0,3, Финска од 0,8, Естонија од 2,2 и Летонија од 2,3 процентни поени./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија отвора нова амбасада во ЛитванијаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во работна посета на Литванија, каде што свечено ќе ја отвори новата амбасада на Македонија во главниот град Вилнус.Отворањето на амбасадата е чекор кон зајакнување на дипломатското присуство на Македонија во Балтичкиот регион и продлабочување на билатералната соработка со Литванија. Во рамки на посетата, Муцунски ќе оствари средба со литванскиот министер за надворешни работи Кештудис Будрис. На средбата ќе се разговара за политичките односи, економската соработка, евроинтеграциите и актуелните безбедносни предизвици.Посетата се реализира во пресрет на литванското преземање на претседавањето со Советот на Европската унија во првата половина на 2027 година, период кој се очекува да биде значаен и за политиката на проширување на унијата.Тагови: Литванија МНР Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШасивари и Рокас разговараа за напредокот во правосудството и приоритетите на европските реформиМинистерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството.Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на која се разговараше за напредокот во спроведувањето на реформите во правосудството и понатамошните приоритети во процесот на европската интеграција. За време на средбата, амбасадорот Рокас му го презентираше на министерот Шасивари Извештајот на Европската комисија за 2026 година, со посебен акцент на оценките и препораките што се однесуваат на надлежностите на Министерството за правда. На средбата беше поздравен досегашниот напредок во спроведувањето на реформите во правосудството, како и подобрувањето на оценките во актуелниот извештај во споредба со минатата година. Истовремено, беше нагласена важноста од одржување на реформската динамика и продолжување на институционалните заложби за исполнување на препораките на Европската комисија и обврските што произлегуваат од Реформската агенда. Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка од Европската Унија, истакнувајќи дека позитивните оценки претставуваат потврда за досегашната работа, но и дополнителна одговорност за продолжување на реформите насочени кон зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и ефикасноста на правосудните институции. На крајот од средбата беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на тесната соработка меѓу Министерството за правда и Делегацијата на Европската Унија, со цел евидентираниот напредок да се преточи во конкретни и одржливи резултати за граѓаните.Тагови: Министерство за правда Михалис Рокас Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМировни преговори во Абу Даби, по 8 месеци првпат на иста маса Руси и УкраинциСАД, Русија и Украина денес и утре во Абу Даби ќе продолжат со преговорите за ставање крај на војната во Украина, по пауза од повеќе од осум месеци. Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна ги зголеми очекувањата за скоро склучување мировен договор, спомнувајќи претстоен „голем, прекрасен договор“. Сепак, набљудувачите не очекуваат голем напредок од оваа рунда преговори. САД ќе бидат претставени од специјалниот пратеник – пријателот на Трамп и милијардер Стив Виткоф, кој неодамна го нарече Владимир Путин „хуманитарец“ – како и од зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Последната трилатерална средба се одржа во февруари во Женева, по две претходни средби во Абу Даби. Европската комисија соопшти дека претставници на Европската унија, исто така, ќе бидат присутни во Абу Даби, иако не беше прецизирано во какво својство ќе учествуваат. „Секоја суштинска дискусија за европската безбедносна архитектура може да започне дури откако ќе се постигне прекин на огнот во Украина“, изјави вчера претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен. „И таа мора да се одвива во соодветен формат, кој конкретно ќе ги вклучува сојузниците од НАТО и земјите-членки на ЕУ“, додаде таа. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во Москва изјави дека разговорите продолжуваат во „трилатерален“ формат, со посредство на САД, и дека ЕУ нема да биде на преговарачката маса во Абу Даби. Украинската делегација ја предводи шефот на Службата за надворешно разузнавање, Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи поранешниот министер за култура Владимир Медински, советник на рускиот претседател Владимир Путин. Неименуван американски функционер вчера изјави дека Русија и Украина, во неофицијални разговори, покажуваат одредена подготвеност за компромис во однос на можна размена на територии. Функционерот, кој ги информираше новинарите пред почетокот на разговорите во вторник, наведе дека едно од клучните прашања ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Ова ја вклучува можноста за обезбедување заштита за Киев, по моделот на Членот 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува колективна одбрана од страна на земјите-членки на НАТО. Досега, Украина и Русија цврсто остануваат на своите територијални барања. Украина бара повлекување на руските сили до меѓународно признатите граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Сепак, американскиот функционер изјави дека, во разговорите зад затворени врати, двете страни покажуваат знаци на подготвеност за компромис. Тој додаде дека постои можност американските претставници, по завршувањето на преговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06