МакедонијаМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија се сопатници низ времето Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски , се обрати на панел- дискусијата на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.На денешната панел-дискусија „Повеќе учество - Повеќе демократија“, во организација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски кој на самиот почеток истакна дека демократијата и независноста на Македонија се вредности со кои ВМРО-ДПМНЕ се поврзува уште од периодот пред осамостојувањето на државата, кога партијата се залагала за демократска и суверена Македонија. „Демократијата, ВМРО-ДПМНЕ, независна Македонија како да се сопатници низ времето бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во времето кога сеуште бевме дел од поранешната југословенска федерација, беше единствената којашто зборуваше за независна, демократска, суверена држава, сите овие поединечни атрибути еден со друг се надополнуваат низ времето“, рече Мицкоски. Претседателот Мицкоски истакна дека 35 години независност се доволен период за да се направи ретроспектива на сето она што Македонија го поминала во изминатите децении, според него државата минувала низ различни периоди, со подеми и падови, но токму искуствата од тие моменти придонеле за нејзиниот развој и созревање и посочи дека демократијата е важен дел од македонското општество, но и процес кој не завршува, туку треба континуирано да се унапредува и да станува позрел со секоја нова генерација. „Можам да кажам дека демократијата е навистина на едно високо ниво не само во рамките на нашата политичка партија туку и во рамките на државата, 35 години значи доволно за да можеме да направиме ретроспектива низ се што поминавме изминативе 35 години, колку имавме подеми, падови, учевме, растевме од падовите се обидувавме да станеме што е можно побргу и создадовме една прекрасна приказна наречена Македонија којашто сите ние си ја сакаме, се разбира демократијата како дел од нашата Македонија е процес којшто допрва ќе продолжиме да го усовршуваме, како ќе одминуваат годините ќе може на одредено време да се навраќаме назад и да видиме која генерација како и што направила за демократијата да биде позрела“, рече Мицкоски. На крај претседателот Мицкоски истакна дека демократскиот капацитет мора постојано да се надградува преку отворен дијалог, како со граѓаните, така и во рамките на самата партија, тој нагласи дека единството на ВМРО-ДПМНЕ се гради преку демократски процеси и усогласување на ставовите, при што посебно ја истакна улогата на Унијата на жени во креирањето на партиските политики. „Многу е важно овој демократски капацитет континуирано да го надградуваме и преку дијалог да ги решаваме работите, со граѓаните, но и во рамки на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто секогаш е препознатлива со своето единство, а тоа подразбира дека ставот се гради во рамките на демократските процеси на самата партија. Унијата на жени е дел од овој процес при градење на тие ставови. Во овие не цели 9 години како претседател на ВМРО-ДПМНЕ улогата на Унијата на жени се обидував да ја препознаам и ја вреднував во онаа мерка во којашто како политичка партија заслужува да се вреднува, сите наши сопартијќи, членки на Унијата на жени, мајки, сестри, коишто учествуват во овие демократски процеси ја имаат мојата поддршка, тие ја заслужиле, заедно сите да продолжиме да го градиме демократскиот капацитет и на партијата и на Македонија“, дециден е Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook