ФудбалЛукман: Покажавме дека можеме да се носиме со РеалФудбалерот на Аталанта, Адемола Лукман ги искажа впечатоците од синоќешниот натпревар со Реал Мадрид (2:3) во натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите.- Разочарани сме од резултатот бидејќи можевме повеќе, но и горди сме. Покажавме дека можеме да се носиме со шампионскиот тим. Секако, имаше моменти кога можевме да одиграме подобро, но верувам дека денеска рамноправно застанавме наспроти Реал Мадрид и тоа е важно за нашиот раст, изјави Лукман. Реал Мадрид освои 9 бода и се искачи на 17. место во поредокот. Аталанта падна на 8. место со 11 бодови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд 1 август поскапува парното во Скопје – сметките повисоки за околу 140 денариСкопјани од 1 август ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика ги одобри новите цени за трите системи за снабдување со топлинска енергија во главниот град.Најголемо зголемување од 5,96 проценти ќе имаат корисниците на ЕСМ снабдување, системот на кој се приклучени најголемиот дел од домаќинствата со централно греење во Скопје. За корисниците на ЕСМ енергетика, познато како железарско парно, цената се зголемува за 5,18 проценти, додека корисниците на Енерџи Еколинк, поранешно Скопје Север, ќе плаќаат 3,65 проценти повеќе. Според пресметката што ја соопшти Регулаторна, сметката за просечен стан од 60 квадратни метри ќе се зголеми за околу 140 денари месечно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвењеВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење. Надлежните најавија дека со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење, а во меѓувреме, градот ќе продолжи да биде снабдуван со пакувана вода... Премиерот Христијан Мицкоски во врска со случајот со водата во Гостивар истакна дека надлежните за состојбите се консултираат со експерти и посочи дека партиите не треба шират хистерија. -На сите треба да ни е јасно дека станува збор за одговорност која што е на општината и тоа е многу важно да се констатира, бидејќи тие услуги се исклучиво одговорност на општината. Има начин како општината комуницира со државните институции во делот на проверки и слично. СДСМ преку соопштение ја критикуваше изјавата на Мицкоски . Според нив требало да се консултираат експерти, од самиот почеток на кризата.од партијата велат дека по денови меѓусебно префрлање на одговорноста и различни изјави од надлежните, сега владата се повикува на стручни лица. „Во нормална држава, експертите и надлежните институции ќе беа вклучени уште од првиот ден. Наместо тоа, јавноста слушаше политички изјави и објаснувања“, наведуваат од СДСМ. Партијата бара одговорност за случајот со загадената вода во Гостивар и прашува кој ќе ја понесе одговорноста за, како што наведуваат, труењето на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
СветЦените на нафтата продолжуваат да опаѓаатЦените на нафтата значително паднаа откако САД и Иран објавија тридневно примирје, со што се зголеми надежта за смирување на конфликтот. Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си. До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на иранската армија во неделата потврди дека Техеран, како одговор, ги прекинал „одмаздничките“ напади во регионот. Избувнувањето на војната со Иран претходно предизвика нагло зголемување на цените на нафтата, бидејќи конфликтот практично го затвори Ормускиот теснец. Станува збор за клучна поморска рута низ која поминуваат околу 20 отсто од светската нафта и течниот природен гас (LNG). Кога Иран и САД во јуни потпишаа меморандум за разбирање за прекин на воените операции и повторно отворање на теснецот, цената на нафтата падна на предвоеното ниво од околу 70 долари за барел. Сепак, пропаѓањето на примирјето претходно овој месец повторно ја зголеми загриженоста за глобалното снабдување со енергија, што повторно ги крена цените. Минатата недела цената за првпат од мај достигна 100 долари за барел. Дополнителна неизвесност внесоа и нападите на јеменските бунтовници Хути врз танкери со нафта во Црвеното Море, со што беше загрозена клучната извозна рута преку која Саудиска Арабија го заобиколува Ормускиот теснец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook