Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023
2Израелските одбранбени сили го ликвидирале водачот на ќелијата на Хамас, која го нападна Нир Оз на 7 октомври 2023
СветЛукашенко: Мадуро е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијатаБелорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговиот венецуелски колега, претседателот Николас Мадуро, е добредојден во Белорусија ако ја напушти функцијата, но дека за тоа не е разговарано со Мадуро. Лукашенко ова го кажува во интервју за американскиот канал Њузмакс (Newsmax) што беше објавено синоќа на каналот Телеграм што е поврзан со администрацијата на Лукашенко. Веќе неколку месеци има зголемени тензии меѓу САД и венецуелската Влада, откако претседателот Трамп нареди распоредување воена сила во јужниот дел на Карибите, напаѓајќи бродови за кои се тврди дека носат наркотици. Американскиот претседател навести и дека наскоро би можел да започне копнени операции во Венецуела. Венецуелската влада тврди дека САД бараат промена на режимот за да ги преземат огромните нафтени резерви во земјата. Притисокот од САД од минатата недела речиси го парализираше извозот на венецуелска нафта, а само танкери изнајмени од „Шеврон“ што носат венецуелска сурова нафта во САД со претходно одобрение од Вашингтон заминуваат, покажуваат податоците.Тагови: Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
МакедонијаДелегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во СкопјеДелегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката. По повод големиот државен и национален празник 2ри август - Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов - Ченто во Скопје. За многу години Илинден! Да живее Македонија! Скопје, 02.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Ноле како вистински капетан заплови со јахтата од 5 милиони евра Најтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на ВимблдонНајтрофејниот светски тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, одлучи да одмори во Црна Гора по „работното лето“, во текот на кое стигна до полуфиналето на Вимблдон, а потоа имаше и бројни медиумски активности пред финалето на Светското првенство во фудбал, на кое присуствуваше како ВИП-гост во Њујорк. Екипа на српски „телеграф“ го улови Ноле зад кормилото на својата јахта вреда 5 милиони евра. Како вистински капетан Новак марината во Портоново, во местото Кумбор во Бока Которска, Црна Гора заплови со семејството по крајбрежјето. Во овој дела на Јадран, во близина на комплексот „Портонови“ –Новак Ѓоковиќ поседува луксузен апартман. https://www.instagram.com/reel/Dbd7HlvyXnT/Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотРајна и Дунав пресушуваат. Европа се соочува со економски удар од 126 милијарди евраЕвропа се соочува со суша од големи размери по неколкумесечни слаби врнежи, високи летни температури и втор екстремен топлотен бран во рок од само еден месец. Според проценките на експертите, економската штета предизвикана од сушите и горештините во Европа би можела да достигне и до 126 милијарди евра годишно до 2029 година, пренесува ХРТ. Последиците се видливи низ целиот континент. Во периодот од април до јуни, на огромни површини од Европа – кои се протегаат од Португалија до јужна Финска – се регистрирани врнежи под просекот за овој период од годината. Ова, во комбинација со последователните топлотни бранови, ја засили сушата и доведе до невообичаено ниски водостои на реките, особено на Дунав и Рајна. Влијанието ги надминува рамките на големите речни системи; и алпските езера останаа без вода. Езерото Брене (Lac des Brenets), сместено на швајцарско-француската граница, речиси пресуши и е непроодно за пловни објекти веќе повеќе од една недела. „Загрижен сум; ова се катастрофи какви што не можевме ни да замислиме. Очекувавме многу работи, но не и суши што се појавуваат една по друга во толку краток интервал. Тоа тешко нè погодува бидејќи едноставно сме беспомошни пред ваквите климатски промени“, изјави Иван Дуриг од Ле Брене, Швајцарија. Поради сушата, Франција стравува од најслабата жетва на пченка во последните 50 години, додека Шпанија го ограничи пристапот на земјоделците до вода за наводнување. Холандија минатата недела воведе посебни мерки поради недостигот на вода, а на седум грчки острови беше прогласена вонредна состојба. Екстремно ниското ниво на водата го попречи и транспортот на стока по реката Рајна, принудувајќи ги германските фабрики да го намалат производството. Некои економисти предупредуваат дека прекините во транспортот би можеле да го намалат германскиот економски раст за 0,2 процентни поени. Бидејќи Рајна ги поврзува индустриските центри на Швајцарија, Германија и Холандија со Ротердам – најголемото пристаниште во Европа – проблемите во речниот транспорт брзо влијаат врз голем дел од европската економија. Биологот Торстен Ренебарт од Институтот за истражување на езера во Келн ја објасни состојбата на Рајна: „Вообичаено, водостојот е низок во зима, а висок во лето, бидејќи реката се полни со вода од Алпите. Кон крајот на пролетта или почетокот на летото, снегот на Алпите се топи и тогаш обично имаме голем прилив на вода. Сепак, минатата зима имаше многу малку снег, а сега нема вода.“ Научната мрежа „World Weather Attribution“ во своите анализи наведува дека климатските промени не биле причина за значителниот недостиг на врнежи во Европа во периодот од април до јуни. Сепак, научниците објаснуваат дека високите температури и сè почестите топлотни бранови стануваат главниот двигател на сушата. Имено, порастот на температурите ја зголемува способноста на атмосферата да ја извлекува влагата од почвата, реките, езерата и акумулациите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook