Лукаревска: Со даночната реформа ќе се стеснува листата на добра и услуги со повластени стапки

Даночната реформа е во фаза на подготовка и ќе донесе промени кај ваучер системот, како и стеснување на листите на добра и услуги со повластени даночни стапки, изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

-Ќе има промени во делот на ваучер системот. Тоа се работи интензивно во дел на една работна група, односно да го закајнеме контролниот механизам. Меѓутоа, сепак и тоа ќе биде дел од даночната реформа, ќе има ревидирирање на онаа листа што значи добра и услуги со пет проценти повластена стапка, и она што значи добра и услуги со 18 проценти повластена стапка. Исто така, ќе има ревидирање на одредени даночни ослободувања и олеснувања за посебни целни групи за да видиме дали истите тие целни групи го даваат соодветниот ефект во полнењето на буџетот, изјави Лукаревска на новинарско прашање по дебатата за женско претприемништво организирана од УЈП.

Таа не сакаше да го коментира интервјуто на министерот за финансии за Дојче Веле кој спомена дека ќе се интервенира, кај ДДВ-то, Данокот на личен доход и данокот на добивка, и најави дека тоа ќе биде тема на разговор на денешниот состанок во Министерството за финансии каде што се дефинираат сите поенти од даночната реформа, која откако ќе се дефинира ќе биде споделана со јавноста и даночните обврзници.

Лукаревска потврди дека ќе се стеснува групата на производи со повластени даночни стапки бидејќи вели, сме една од ретките земји и во регионот и во Европа кои што имаат многу голем број и на услуги и на производи кои се одданочени со повластена даночна стапка од пет отсто.

Посочи дека од системски аспект УЈП ќе се обидат да ги запазат сите рокови со цел брза имплементација на промените во даночниот систем кој би требало да почне да се спроведува од 1 јануари, следната година, потенцирајќи дека ќе инсистираат навреме да бидат информирани за сите детали како институција која е главна спрега меѓу Министерството за финансии, компаниите и физичките лица.

Лукаревска се осврна и на евентуалните избегнувања на наплата на ДДВ од страна на фирми кои од отворен се префлија на регулиран пазар на електрична енергија.

– Ние го добивме список пред можеби една недела, претходно список на такви фирми немаме добиено, како што беше испрезентирано во јавноста. Направивме координиран состанок со Финансовата полиција и со претставници од Регулаторната комисија за енергетика. Во делот на постапувањето Финансовата полиција со свои екипи е излезена на терен и направена е контрола на дел од тие компании. По нивните утрврдени наоди, тогаш ние ќе имаме можност да постапуваме. Во моментот Законот за енергетика е оној по кој што треба да се постапува и од Министерство за економија и од страна на РКЕ, рече Лукаревска.

Во однос на капацитетите на инспекторатите, Лукаревска вели дека сите инспекторати имаат проблем со намален број инспектори, и најави дека тоа ќе се решава со огласи за нови вработувања, но и со трансфери на вработени од други институции кои ќе треба да поминат низ соодветна обука.

Анета Трајковска од Стопанската комора која учествуваше на дебатата за женско претприемништво, на новинарско прашање го искажа ставот на Комората дека во услови на енергетска криза и непредвидливиот драстичен раст на цената на енергенсите на слободниот пазар инсистираат да се проецни повторно дали е ова време да се отпочне со каква било даночна реформа што ќе значи дополнително оптоварување на работењето на бизнисот.

-Планирањата на бизнис заедницата се нарушени од неколку аспекти: од цената на енергенсот, кој што се уште не знаеме колку ќе чини, и на кој начин ќе биде поддржано македонското стопанство имајќи предвид дека сите стопанства од регионот се на соодветен начин поддржани во користењето на цената на електричната енергија, дополнително ако ја добиеме и неизвесноста во делот на даночното оптоварување, прашање е на време кога и колку нашите компании ќе можат да го издржат ова оптоварување, рече Трајковска.

Во пресрет на одбележувањето на Денот на даночните работници „Св. Матеј“, Управата за јавни приходи, денеска организираше тркалезна маса во Скопје на тема „Женското претприемништво во Македонија и неговата улога во даночниот систем“. По тој повод Лукаревска изјави дека од 104 507 активни даночни обврзници во земј ава 27 111 се водени од страна на жени и сите заедно обезбедуваат приход од 230 милијарди денари и даваат плата на 121 693 работници.

На настанот присуствуваа сопругата на Претседателот , Елизабета Ѓоргиевска, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, амбасадори, пратенички од Собранието , претставници на меѓународни организации, претставнички на Здруженија на жени претприемачки, на Стопански комори и Занаетчиска комора.

Тиктокерка тврди дека не ја вработиле во продавница поради тетоважите (ВИДЕО)

Тиктокерка под корисничко име @ashxobrien објави видео на таа социјална мрежа во кое раскажува како се пријавила за работа во продавница, но била одбиена. Потоа побарала од нив објаснување.

„Не можеа ни да ми се јават, само ми испратија мејл. Отидов кај нив и прашав зошто ме одбија. Жената со која разговарав ми рече дека немам доволно искуство во споредба со другите кои аплицирале“, рече таа. Сепак, смета дека тоа не била причината, туку дека има многу видливи тетоважи.

"Прашав дали моите тетоважи им пречат затоа што знам дека тоа е често проблем. Таа ми рече дека тоа не е причината. Мислам дека лажеше, но што и да е. Тоа не значи дека не сум добар работник ако имам тетоважи. “, додаде таа во видеото, прегледано 8,5 милиони пати. Таа се прашува како младите без искуство би можеле да се вработат, ако во нејзиниот случај тоа е причината за одбивањето.

@ashxobrien I want to know who is also having a hard time finding a job right now! #jobs #jobmarket ♬ original sound - Ash🖤

Видеото на крајот предизвика многу коментари.

„Работам во HR и можам да ви кажам дека ниту еден работодавец не би ви дозволил да работите со луѓе со толку многу тетоважи“, „Мислам дека мора да е поради тетоважите“, „Проблемот не е во тоа што имате тетоважи, туку што тие се навистина на места што не можеш да ги скриеш“, „Не знам што не разбираш“, „Не се чуди“, „Вака не можеш да работиш во продавница“, напишаа нејзините следбеници.

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди!

Денеска, 26 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Крушево.

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача:

Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура, доказ за нашата историја, тие сведочат дека во нив илинденците мислеле, правеле планови за Македонија. Крушево треба да биде метропола на културата.

Вие Крушевчани има на што да сте горди и вие заслужувате самопочит! Не заборавјате, ако не се самопочитуваме никој нема да не почитува. Мора да го вратиме животот во Крушево, тука има шанси за опстанок.

Ви ветувам дека ќе се опкружам со луѓе од знаење. Но и ви ветувам дека секогаш ќе бидам блиску до вас. Како? Преку народните канцеларии. Народните канцеларии за првпат ги примени поранешниот претседател, господинот Иванов. Мислам дека требаше да останат. Токму преку народните канцеларии јас ќе имам можност честопати да доаѓам овде, да ве видам и да видам на што сте се покажлиле, што сте предложиле. Понатаму, во зависност од тоа дали сметаат граѓаните дека треба нешто да се промени ќе правам список на приоритети кои ќе ги реализирам. Ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради вас, не поради себе.

Крушево е жив културен споменик. Искористете ги луѓето кои уште во меморијата го имаат она што ние го забораваме. Кога ќе се грижиме за споменот на Тоше, кога ќе им оддаваме почит на партизаните, кога нема да ги заборавиме Карев, Питу и останатите, тогаш ќе бидеме горди на Македонија!

Во рамките на денешните активности, професорката Гордана Сиљановска-Давкова на Гумење оддаде почит на гробовите на Питу Гули и партизаните, како и на гробот Тоше Проески, а исто така ја посети и Спомен куќата посветена на него и споменикот Македониум. Во текот на денот, професорката имаше можност и да ги види изложените ракотворби изработени од здруженијата на жени на Крушево, а исто така и да оствари повеќе средби со граѓаните, се наведува во соопштението од нејзиниот тим.

Стотици бомби од Втората светска војна се пронајдени на аеродром во Атина,избегната е трагедија

Стотици бомби од Втората светска војна се откриени при работа на местото на поранешниот аеродром Хелиникон во Атина.

Градоначалникот на регионот Елинико-Аргируполи, Јанис Константатос, изјави дека 314 бомби, кои биле складирани од германски војници за време на Втората светска војна, биле уништени во контролирани експлозии.

Тој наведе дека бомбите се наоѓаат два метри под поранешните објекти на Понтичка лига, градинка и спортски објекти во внатрешноста на поранешниот аеродром, како и соседните објекти за Олимписките игри, односно на места каде секојдневно поминувале илјадници луѓе, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.

Според него, бомбите биле пропуштени при реконструкцијата на стариот аеродром во Атина.

Аеродромот Елинико се наоѓа на само неколку километри од центарот на Атина, работеше до 2001 година, а беше затворен по изградбата на меѓународниот аеродром Елефтериос Венизелос (АТХ) за Олимписките игри во 2004 година.

На местото на поранешниот аеродром е предвидена изградба на станбен комплекс, комплекс за забава, казино, хотел и парк, како и облакодер висок речиси 200 метри.

притисни ентер