Норвешка се прости од кралот Харалд V – на погребот пристигнаа крунисаните глави од целиот свет (ФОТО)
2Норвешка се прости од кралот Харалд V – на погребот пристигнаа крунисаните глави од целиот свет (ФОТО)
МакедонијаЛукаревска: Од институција за репресија и пресметки, УЈП денес е партнер со фирмите и носител на концептот „Парите кај граѓаните“СДСМ како одговорна партија, пред граѓаните презеде обврска за професионализација на државните институции и зајакнување на нивните капацитети.Изминатите 2 години Управата за јавни приходи беше соочена со решавање на низа проблеми и недостатоци како резултат од лошото работење во изминатите години, но паралелно и со реализирање на повеќе реформи во корист на даночните обврзници. Во УЈП начекавме урнисан систем, непрофесионално работење и злоупотреби на позиции поради што нашата примарна цел беше насочување на капацитетите кон основната надлежност на Управата за јавни приходи, а тоа е прибирање на даноците и трансформација на институцијата во современа и модерна даночнa администрација. Управата за јавни приходи беше синоним за репресија, уцени, закани и беше во служба на ВМРО ДПМНЕ за пресметување со неистомислениците. Додека едни фирми се фаворизираа, други беа уценувани, рекетирани и репресирани, поради што се презедоа мерки и сега имаме видоизменета структура по однос на инспекторирањето и севкупното работење на Управата! Презедовме мерки во насока на зголемување на довербата на даночните обврзници во Управата за јавни приходи. Денес УЈП е отворена институција и за фирмите и за граѓаните, одговорна за реализација на реформи кои се од корист на граѓаните, на сите даночни обврзници! Тоа го потврдуваат фактите и бројките. Повратот на ДДВ кон фирмите се врши редовно и неселективно кон секој даночен обврзник. Така што во 2019 заклучно со август извршен е поврат за 49.7 отсто повисок во однос на 2016 година. Односно годинава во стопанството се инјектирани 17 милијарди ,43 милиони денари (17,042,453,348), додека во 2016 година во истиот период, повратот изнесувал 11 милијарди 906 милиони денари (11,905,621,064). Во изминатиот период УЈП разви и Модул за автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници преку којшто целосно се намалува можноста од субјективност во постапката. За граѓаните овозможивме едноставни и лесни процедури при пријавувањето на Годишни даночни пријави преку воведувањето на електронскиот систем е-ПДД. Имено, оваа година Управата за јавни приходи за прв пат ги изготви Годишните даночни пријави на граѓаните кои се регистрирани на системот е-Персонален данок. Со оваа реформа граѓаните се ослободени од административните процедури и долгото чекање на шалтери, а исто така имаат увид во своите приливи, платени или неплатени придонеси како и можност за коригирање на податоците од дома. Преку овој електронски систем веќе од 1 Јануари 2018 -та исплатувачите на приходите до Управата за јавни приходи доставуваат пресметки на аконтации на данокот на доход, коишто треба да ги платат при исплата на приходите на граѓаните. Со овој процес се олесни и се скрати постапката за пресметка и се елиминира можноста за настанување на грешки при уплата на данокот и можноста за појава на непрокнижени или погрешно прокнижени уплати на данокот. За фирмите и за граѓаните Управата за јавни приходи ги обезбеди и услугите „ЗАКАЖИ СРЕДБА" и „ИНФОРМА" преку којашто секоја заинтересирана странка има можност он-лајн да закаже средба со даночен агент во време кое нему му одговара. УЈП е една од клучните институции во реализација на една од главните мерки во Програмата на СДСМ, Парите назад кај граѓаните. Ја укинавме радиодифузната такса којашто претставуваше несоодветен административен товар на Управата за јавни приходи и трошок на граѓаните, а од 1 јануари 2019 година го спроведуваме и прогресивниот данок што ги опфаќа најдоходовните еден процент од населението во Република Северна Македонија кои имаат вкупна ефективна даночна стапка која е пониска од стапката на останатите и што не беше праведно, тие кои добиваат најмногу од општеството, да плаќаат најмалку. Почитувани граѓани, Од 1 јули Управата за јави приходи ја спроведува и мерката МојДДВ за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ назад кај граѓаните. Креирана е мобилна апликација под името МојДДВ преку којашто граѓаните може да ги скенираат фискалните сметки со што го остваруват правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ. Со задоволство може да се пофалиме со успешноста на МојДДВ и согласно податоците да заклучиме дека мерката веќе ги дава резултатите за целите за кои е воведена – влијае на намалување на сивата економија и враќа пари на граѓаните. Заклучно со 19.09.2019 скенирани се 19,905,878 фискални сметки, остварен е промет од 10,073,372,640 ден ,вкупен ДДВ 1,093,180,972 ден , додека повратот на 15 % од платениот ДДВ изнесува 163,977,146 ден или 2.666.000 ЕУР. Само во првите месеци од воведувањето на МојДДВ, јули и август, наплатата на ДДВ е зголемена за 10 % во однос на минатата година. Податоците говорат и дека вкупната наплата на даноци од година во година расте. За илустрација, наплатата на вкупниот даночен приход во 2019 година заклучно со август изнесува 53,4 милијарди денари што е за 9, 2 милијарди денари повеќе , односно за 20.08 отсто повисока во однос на истиот период во 2015 -та година. Со цел професионално, обејктивно, непристрасно и продуктивно работење, Управата за јавни приходи тежнее и работи кон целосна дигитализација на процесите. Како донација од австриската Агенција, во Генералниот даночен инспекторат во примена е софтвер за Евалуација на Ризици, којшто овозможува електронска селекција на даночни обврзници за контрола врз претходно утврдени критериуми за ризик. Со овој софтвер значително се намалува човечкиот фактор, а со тоа и субјективноста во процесот на селекција на даночни обврзници кај кого ќе се врши контрола. Со ова Управата за јавни приходи е во позиција да врши квалитетни и ефикасни контроли кои за разлика од минатото не служат за сеење страв,туку се насочени кон откривање на реални нерегуралности во работењето на даночните обврзници. Наместо драконски казни и репресија, посветени сме и на делот на превенција. Во изминативе 2 години, Управата за јавни приходи успеа да изгради партнерски однос со приватниот сектор, со граѓаните и здруженијата со цел заеднички да придонесуваме за стабилно економско општество. Така што, со предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка коишто се во примена од Јануари 2019 година, со цел да се овозможи донирање во спортот преку системот на ваучери, се воведе можност за даночниот обврзник кој донирал финансиски средства на спортски субјекти врз основа на ваучер добиен од спортскиот субјект, да му се намали пресметаниот данок на добивка во износот на извршената донација, но најмногу до 50% од пресметаниот данок. Со цел да се даде поддршка за развој на земјоделството, од 1 јануари 2018 година лицата кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи имаат право на враќање на платениот данок за остварените приходи од земјоделска дејност, доколку во текот на една календарска година тие приходи се помали од 1.000.000 денари. Во наредниот период Управата за јавни приходи ќе биде надлежна и за спроведување на новата мерка за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување за работодавачите кои ќе извршат зголемување на платата за своите вработени. Управата за јавни приходи е главниот столб за обезбедување средства во буџетот на Република Северна Македонија! Сите капацитети на Управата се насочени кон реализирање на добра наплата, фер однос и поврат на дел од ДДВ кај граѓаните и фирмите и намалување на сивата економија со цел да создадеме поволна бизнис клима во која успешно ќе се развиваат малите и средни бизниси, како и целокупното општество. Токму затоа потпишавме и Меморандуми за соработка со, Сојузот на Стопански Комори на Македонија со косовската и црногорската даночна администрација, а во преговори сме за потпишување на меморандуми за соработка и со други даночни управи од соседството и институции се со цел откривање на даночна евазија преку размена на информации. Сите досегашни реализирани проекти се постулати за идниот реформски процес на Управата за јавни приходи во чиј фокус и натаму ќе бидат подобрени услови и услуги за граѓаните и сите даночни обврзници! Како партија предводник на промените, остануваме посветени на реализација на мерки што ги професионализираат институциите, но истовремено обезбедуваат и придобивки за граѓаните. За нас, зборот важи! Сања Лукаревска, членка на Централниот Одбор на СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 14 загинати во експлозија на складиште со оружје во Сирија (ВИДЕО)Најмалку 14 лица загинаа, а 11 се повредени во експлозија во складиште за оружје и муниција во северозападната сириска покраина Идлиб, соопштија локалните власти во неделата.Локалните власти во Идлиб соопштија дека експлозијата се случила во близина на градот Сармада и предупредија дека бројот на жртви може да се зголеми. Министерството за одбрана на Сирија соопшти дека експлодирал привремен магацин каде што се собирало оружје останато од војната пред да се премести на други локации. Министерството соопшти дека неколку негови вработени се исто така повредени и дека неговите единици работат со властите за да ја обезбедат областа. Медицински извори во Сармада претходно изјавија дека осум лица се повредени. Спасувачките и службите за итни случаи го пребаруваат местото на експлозијата и ја проценуваат штетата. 🇸🇾 BREAKING! Footage captures the moment a weapons depot exploded in the Idlib countryside, Syria. pic.twitter.com/zMax4ThvIn — DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 9, 2026 Серија слични инциденти во регионот Експлозијата се случи само неколку дена по сличен инцидент во складиште за оружје во градот Биниш, исто така во покраината Идлиб. Во таа експлозија имаше и жртви. Идлиб и соседната покраина Алепо во последните години доживеаја голем број експлозии во складишта за оружје и муниција, што предизвика загриженост за опасноста за цивилите, бидејќи областа сè уште содржи голема количина оружје останато од долготрајната војна во Сирија.Тагови: експлозија Сирија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотВнуката на Доналд Трамп го покажа луксузниот студентски стан: Имав среќа (ВИДЕО)Каи Трамп, 19-годишната внука на американскиот претседател Доналд Трамп, ги започнала студиите на Универзитетот во Мајами, каде што е членка на голф тимот на колеџот „Харикенс“. На својот Јутјуб канал, таа го покажала станот во кој ќе живее за време на студиите, а видеото собрало повеќе од 560.000 прегледи за кратко време. Судејќи според она што го покажала, нејзиниот студентски живот изгледа прилично луксузно. Студентски стан со сопствен камин Каи им покажала на придружниците простран стан со кујна и голем остров, спална соба и кабинет, како и две бањи. Особено ѝ се допаднал каминот, кој го издвоила како „најдобриот дел од целиот стан“. На ѕидот има фотографија од гондола во Аспен, потсетник на нејзината љубов кон скијањето. „Јас сама го закачив ова“, рекла таа, покажувајќи ја фотографијата. Меѓу личните работи е и „фотографија од мене и дедо ми“. „Навистина имам многу среќа“ Каи, ќерка на Доналд Трамп помладиот и неговата поранешна сопруга Ванеса, е свесна дека нејзиниот студентски сместување не е нешто што повеќето бруцоши можат да го очекуваат. „Навистина сум многу среќна што имам ваков стан како бруцошка. Неверојатен е и навистина ми се допаѓа“, рече таа. Особено ѝ се допаѓа што може да има мир во него по напорен ден. „Прекрасно е чувството да се вратиш дома без никого. По долг ден на голф теренот, убаво е само да се опуштиш тука и да не правиш ништо.“ Во видеото, таа зборуваше и за својата спортска кариера. „Менталниот дел од играњето голф сè уште не е на ниво, па затоа многу работам на тоа“, рече таа, опишувајќи го делот од нејзината голф игра во кој сака да се подобри. Таа е блиска со својот дедо Каи јавно зборуваше за својата врска со својот дедо уште во 2024 година, кога одржа говор на Републиканската национална конвенција. Потоа се обиде да го прикаже надвор од неговата политичка улога. „За мене, тој е само обичен дедо. Ни дава бомбони и сокови кога нашите родители не гледаат“, рече таа. Додаде дека секогаш е заинтересиран како се снаоѓа во училиште. „И покрај сите судски процеси низ кои минува, тој секогаш ме прашува како сум. Секогаш ме охрабрува да дадам се од себе и да бидам што е можно поуспешна“, рекла таа тогаш. „Очигледно неговите достигнувања се одлични, но којзнае, можеби еден ден ќе го достигнам.“ Ако планира да го достигне барем во однос на внатрешното уредување, ќе мора да додаде многу повеќе злато во станот.Тагови: внука Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЕвропаНорвешка се прости од кралот Харалд V – на погребот пристигнаа крунисаните глави од целиот свет (ФОТО)Осло денеска стана место на едно од најголемите собири на европските кралски семејства во последниве години, по повод државниот погреб на норвешкиот крал Харалд V. Меѓу десетиците светски лидери и членови на кралските семејства кои се собраа во норвешката престолнина беа британскиот принц Вилијам и принцезата Ана. Кралот Харалд почина во Универзитетската болница во Осло, Рикшоспиталет, во раните утрински часови во петок, 28 август. Имаше 89 години и помина речиси две недели во болница, лекувајќи се од ретко крвно нарушување. Британскиот крал Чарлс, 77, беше меѓу оние кои се збогуваа преку социјалните медиуми. „Со најдлабока тага, јас и сопругата ја примивме веста за смртта на мојот драг братучед, кралот Харалд V од Норвешка“, напиша кралот Чарлс. „Триесет и пет години кралот Харалд му служеше на својот народ со непоколеблива посветеност, водејќи ја Норвешка низ времиња на големи промени со топлина и понизност.“ Ковчегот со Харалд го напушти Кралскиот дворец за катедралата во Осло напладне. Погребната поворка ја предводеше новиот крал Хакон, кој беше пеш придружуван од неговите деца, 22-годишната крунска принцеза Ингрид Александра и 20-годишниот принц Свере Магнус. Сопругата на Хакон, кралицата Мете-Марит, и неговата мајка, 89-годишната кралица Соња, ја придружуваа поворката во кралски автомобил. Членови на странски кралски куќи и други достоинственици одеа зад норвешкото кралско семејство во поворката. Почитувани гости на последното збогување Велика Британија ја претставуваше принцот Вилијам (44), кој пристигна како пратеник на својот татко, кралот Чарлс, во согласност со долгогодишната традиција дека британскиот суверен речиси никогаш не присуствува на погребите на други шефови на држави. На погребот присуствуваше и тетката на Вилијам, принцезата Ана (76), која пристигна во Осло во поприватен капацитет, како кума на новиот крал Хакон. Бројни делегации пристигнаа од цела Европа, но и од Јордан и Јапонија. Шпанската делегација беше особено голема, вклучувајќи ги кралот Фелипе VI, кралицата Летиција и мајката на Фелипе, кралицата Емеритус Софија. Кралот Фредерик X, кралицата Мери, престолонаследникот Кристијан и принцезата Бенедикте пристигнаа од соседна Данска, додека шведското кралско семејство го предводеше кралот Карл XVI. Густаф и кралицата Силвија, придружувани од престолонаследникот Викторија со принцот Даниел, принцот Карл Филип со принцезата Софија и принцезите Мадлен и Кристин. Големо внимание привлече и холандското кралско семејство, кое пристигна во дури три генерации: кралот Вилем-Александар и кралицата Максима дојдоа со наследникот на тронот, принцезата Катарина-Амалија, и поранешната кралица, принцезата Беатрикс. Белгија беше претставена од кралот Филип и кралицата Матилда, а Монако од принцот Алберт II. Кралот Абдула II и кралицата Ранија од Јордан, исто така, оддадоа почит, додека јапонското царско семејство беше претставено од престолонаследникот Акишино и неговата сопруга, престолонаследникот Кико. Меѓу гостите беа членови на кралските семејства на Луксембург и Лихтенштајн. Службата во катедралата во Осло ја водеше претседавачкиот бискуп, преподобниот д-р Олав Фиксе Твеит, а говори одржаа претседателот на норвешкиот парламент Масуд Гаракани и премиерот Јонас Гар Сторе. По службата, кралот ќе биде погребан во Кралскиот мавзолеј во тврдината Акерсхус, заедно со кралот Хакон VII, кралицата Мод, кралот Олав V и крунската принцеза Марта. Норвешкиот двор потврди дека некои од странските кралски гости ќе присуствуваат и на приватната церемонија во капелата на тврдината. Кралското семејство потоа ќе се појави на балконот на Кралската палата пред да ги угости избраните гости на прием. Norway to bid final farewell to King Harald V with funeral attended by royalty and dignitaries https://t.co/149LhTvwJ7 pic.twitter.com/hTAAFiJ5ID — New York Post (@nypost) September 9, 2026 Собирот на толку многу членови на кралските семејства сведочи за угледот што кралот Харалд го уживал меѓу европските монарси. За време на неговите 35 години на престолот, тој изградил блиски односи со бројни кралски куќи, со кои норвешкото семејство е поврзано со семејни врски. Погребот на кралот Харалд V, првиот државен погреб на норвешки монарх по смртта на неговиот татко Олав V во 1991 година, ја собра речиси целата европска кралска елита на улиците на Осло, заедно со илјадници Норвежани.Тагови: кралот Харалд V Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook