СветЛуфтханза планира вработување на 10.000 нови работници во 2025. Групацијата Луфтханза, една од најголемите авиокомпании во светот, најави дека планира да вработи до 10.000 нови работници до 2025 година.Целта е да се регрутираат експерти во различни области, вклучувајќи кабински екипаж, пилоти, техничари, персонал на земја и административни работници. Ова вработување претставува продолжување на стратегијата за модернизација и оптимизација на работењето, но бројот на нововработени е помал од лани кога групацијата ангажираше 13.000 нови работници. Групацијата Луфтханза, која се состои од авиокомпаниите Луфтханза, Аустриан Ерлајнс, Брисел ерлајнс, Дискавер ерлајнс, Еуровингс и СВИСС, очекува да вработи: • 2.000 членови на кабински екипаж • 1.400 работници за копнени операции • 1.300 технички експерти • 1.200 административни работници • 800 пилоти Посебен акцент е ставен на одделот за одржување и ремонт, Луфтханза Техник, каде се планира да се вработат дури 2.000 нови работници. Повеќе од половина од сите нови работни места ќе бидат отворени во Германија, каде што е седиштето на компанијата. Мајкл Нигеман, член на Извршниот одбор на Групацијата Луфтханза, рече: „Групата Луфтханза останува атрактивен работодавач со различни опции за кариера. Минатата година добивме дури 350.000 апликации и вработивме повеќе од 13.000 работници. Со нетрпение го очекуваме доаѓањето на нови колеги кои ќе придонесат за понатамошниот успех на нашата компанија“. Во однос на лани, бројот на нововработени е намален. Минатата година Групацијата Луфтханза вработи 3.500 членови на кабинскиот екипаж и 1.000 пилоти, додека овогодинешниот број е намален на 2.000 кабински екипаж и 800 пилоти. Луфтханза, како главен бренд на групацијата, планира да вработи 1.200 работници, со фокус на оперативните позиции, додека Austrian Airlines и Eurowings очекуваат по 700 нови вработени. Групацијата Луфтханза оствари рекордни приходи во третиот квартал од 2024 година, но профитот на нејзиниот основен бренд Луфтханза падна за 9% поради повисоките оперативни трошоци и посилната конкуренција. Покрај тоа, групата се соочи со бројни работни спорови, вклучително и штрајкови на персоналот на Луфтханза и Дискавер ерлајнс, како и протести на германските аеродроми. Компанијата продолжува да го спроведува планот „Пресврт“, кој вклучува пензионирање на постари авиони и модернизација на флотата. Во исто време, групацијата Луфтханза е блиску до финализирање на стекнувањето на удел во италијанската авиокомпанија ITA Airways, што би можело дополнително да ја зајакне својата позиција на европскиот пазар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПопладнево мирен протест на докторите по ветеринарна медицина Ветеринарната комора на Македонија ги информира граѓаните дека во понеделник, 9 ноември 2026 година, ќе се одржи мирен протестен собир на вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во нашата држава. Собирот е на иницијатива на докторите по ветеринарна медицина од ветеринарните амбуланти и клиники кои ги спроведуваат превентивните мерки за здравствена заштита на животните, со поддршка на Ветеринарната комора. * 13:00 часот – пред Агенцијата за храна и ветеринарство * 14:00 часот – пред Владата на Република Македонија Причина е крајно лошата состојба во секторот ,а непосреден повод е застојот во спроведувањето на превентивните мерки на терен .Со собирот, докторите по ветеринарна медицина сакаат да укажат и на недоволните буџетски средства предвидени за здравствена заштита на животните , особено потенцирано во последните две години, како и на несоодветниот институционален третман на ветеринарната професија. Последиците од ваквата состојба го засегаат целото општество. Кога превентивните мерки доцнат, се отежнува навременото откривање и сузбивање на болестите кај животните. Тоа има последици за сточарите и за прометот со животни, а создава и ризици за безбедноста на храната и јавното здравје. Комората во изминатиот период, преку средби и дописи, континуирано им укажуваше на надлежните институции на проблемите во секторот и на потребата од соодветно финансирање и услови за работа. Комората им дава безрезервна поддршка на колегите. Сите барања изнесени на мирниот протест ќе ги достави до надлежните институции, стои меѓудругото во соопштението од Ветеринарната комора на Македонија. Потребни се итни чекори за продолжување на работата на терен и системски решенија што ќе обезбедат соодветно финансирање и редовно, непречено спроведување на превентивните мерки.Тагови: ветеринарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
БалканСудир меѓу цистерна и комбе кај аеродромот Никола Тесла во БелградВо тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 5:30 часот, на два километри од аеродромот „Никола Тесла“ во правец кон Белград, има повредени.Според првичните неофицијални информации, во несреќата учествувале цистерна и комбе. Возачот на цистерната останал заглавен во кабината. Набргу, со помош на пожарникари и спасувачи, тој бил извлечен од кабината и пренесен во Ургентниот центар. Повреден е и 40-годишен маж, кој со тешки повреди е пренесен во болницата во Земун, како и 36-годишен маж, кој управувал цистерна. Сообраќајот на овој дел од патот се одвива отежнато. Според првичните информации, цистерната превезувала цемент и нема опасност по здравјето на луѓето или по животната средина.Тагови: сообраќајна несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАјзенкот доби мандат за формирање нова влада во ИзраелПоранешниот шеф на израелската војска Гади Ајзенкот доби мандат за формирање нова влада.Мандатот му го додели претседателот Исак Херцог, по изборите на 27 октомври. Изборните резултати не обезбедија мнозинство ниту за Ајзенкот ниту за премиерот Бенјамин Нетанјаху. Ајзенкот најави дека ќе се обиде да формира широка национална влада што е можно побрзо.меѓу опциите се коалиција со арапските и ултраортодоксните партии или влада на единство со Нетанјаху. Тој оцени дека на Израел му е потребно ново политичко лидерство.Како главни предизвици ги посочи заканите од Иран, состојбата во Газа и односите со Либан. Ајзенкот најави дека ќе ги повика сите партии кои ги прифаќаат неговите политички принципи.Сепак, формирањето парламентарно мнозинство се соочува со сериозни Пречки.преговорите за формирање нова влада може да траат до шест недели.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44