Лудило на eBay – за еден билет за филмска премиера се бараат по 5000 долари

За премиерата на филмот Avengers: Endgame , за која што билетите се пуштени во продажба во вторникот, владее вистински онлајн хаос.

Цените на влезниците на eBay достигнаа невидени суми, па така еден корисник за четири билети бара 5 000 долари , а друг продава два билета за премиерата во Њујорк по цена од 9 199 долари. На други огласи цените се ,,поскромни” и изнесуваат по 125 до 500 долари за билет.

Во Британија , за премиерата во Лондон , цените на билетите во онлајн препродажба се движат од 125 до 380 фунти. Станува збор за последниот продолжеток на филмот од Марвеловата колекција , кој премиерно ќе биде прикажан на 25 април .

Експертите предвидуваат дека само во првата недела на прикажувањето , филмот ќе заработи 282 милиони долари , така што ќе го надмине рекордот на претходниот продолжеток на Avengers: Infinity War, кој во првата недела заработи 258 милиони долари. Филмот ќе трае три часа.

Јојуз: Тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ги потпише уставните измени“

ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, не е камелеон партија, најбројна е и најорганизирана, имаат програма, има економска програма за разлика од сите нив што немаат ниту една и тврдам дека на крај сите ќе одат на „баци рака' кај Мицкоски. Но, тука ќе се отвори Пандорината кутија дента кога ќе победи ВМРО-ДПМНЕ. Во таа Пандорина кутија тие преферираат да имаат коалиција со ВРЕДИ со тоа што цело време ја користат синтагмата „бугарски диктат“ и тука оправдување ќе им биде дека сега е т.н. европски диктат и тоа ќе им служи како изговор. Во политиката нема ништо случајно, рече Агим Јонуз во Само Вистина.

Хамас тврди дека САД му вршат притисок да го прифати договорот со Израел

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците.

Високиот функционер на милитантната група Хамас, Сами Абу Зухри, денеска изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен врши притисок врз Хамас да ги прифати барањата на Израел во преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

- Коментарите на Блинкен се спротивни на реалноста. Тоа не е чудно за Блинкен, кој е познат како министер за надворешни работи на Израел, а не на Америка, да дава такви изјави, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Абу Зухри која тој ја дал за Ројтерс.

Тој додаде дека „дури и израелскиот преговарачки тим признал дека Нетанјаху е тој што го попречува постигнувањето договор“.

Блинкен претходно неколку пати го повика Хамас да ја прифати понудата на Израел да ја прекине војната и да ги ослободи заложниците, опишувајќи ја како „исклучително дарежлива“, додека Абу Зухри рече дека групата сè уште ја проучува понудата./МИА

Пандов: ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат

„Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ“

Мицкоски го доживувам како политичар од 21-от век и не сме оптеретени со национализам, што јас го нарекувам шовинизам. Пораките се дека Македонија треба да се врати во рацете на народот, Историски гледано ВМРО-ДПМНЕ и со ДПА и со ДУИ имало коректна коалиција, но ДУИ се повампири во времето на Заев и работите ги доживуваат низ признма на бизнис и пари и така ја гледаат државата. Не прифаќам дека нема нова понуда, Мицкоски има земено кај себе многу млади кадри и тие луѓе не се бирани за да дојдеме на власт и да ги фатиме фотењите. Идејата е Македонија повторно да биде горда, имаме во секое село Албански комитети, има бошњаци, роми, власи. Мораме да го причекаме 8 Мај да видиме што ќе каже семафорот, очекувам да добиеме 58-60 пратеника. Имаме цврста намера и желба да направиме коалиција со ВРЕДИ, веруваме на нивната желба тие да го променат ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставни измени под бугарски диктат тоа значи дека историската комисија може да разговара, но тоа да не биде услов за отворање поглавја со ЕУ, рече Александар Пандов во Само Вистина.

притисни ентер