Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ФудбалЛШ: Прекинатиот меч ПСЖ – Истанбул Башакшехир со нови судии ќе се доигра денескаПрекинатиот натпревар помеѓу Пари Сен Жермен и Истанбул Башакшехир ќе се одигра со еден ден задоцнување и ќе започне во среда во 18.55 часот, одлучи УЕФА.Европската куќа на фудбалот го повлече овој потег затоа што играчите на Истанбул Башакшехир го напуштија теренот, тврдејќи дека четвртиот судија на натпреварот, Себастијан Колтеску, го навредил помошникот тренер Пјер Вебо на расна основа. Тој го опиша како „негро“ во комуникацијата со Овид Хацеган, што можеби нема толку погрдна конотација на романски јазик, но тоа секако ги разбесни играчите и стручниот штаб на турскиот тим. Huge Respect to Demba Ba 👏🏻#PSG #Besiktas #UCL pic.twitter.com/uD3bN71nUp — VON (@MEDIOVON) December 8, 2020 Ним им се придружија играчи на ПСЖ и играта беше прекината по дваесетина минути, а самиот инцидент се случи во 14-та минута. Главниот судија предложи пауза од десет минути, по што играчите на Башакшехир сепак не се вратија на теренот. УЕФА најави истрага по завршувањето на натпреварот, но исто така се создаде невиден преседан. „По инцидентот на мечот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир, по дискусија со двата клуба, УЕФА одлучи дека поради исклучителната ситуација, преостанатите минути ќе се играат утре со новите судии“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе учествува на состанокот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан во Њујорк Премиерот Мицкоски и лидерите од регионот денеска на ручек со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, на маргините на Генерално собрание на ОН во Њујорк. Средбата на лидерите на ЕУ и земјите од Западен Балкан доаѓа во пресрет на новата стратегија за проширување која ЕК ќе ја објави точно за една недела, а со која фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, во зависност од напредокот во реформите. Премиерот Мицкоски претходно од САД повика на вклучување на претставници на ЕУ, со цел да помогнат за подобрување на дијалогот за разликите со Бугарија. Токму европската перспектива на земјава била една од темите на средбата меѓу премиерот Мицкоски и неговиот словенечки колега Јанез Јанша синоќа во Њујорк. Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, двајцата премиери разговарале и за продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните геополитички и безбедносни предизвици во Европа и светот. - Нашиот став е јасен – европската интеграција мора да се темели на заслуги, исполнети критериуми и реални резултати, а не на нови билатерални условувања кои немаат суштинска врска со европските вредности. Не бараме привилегии и не бараме пократок пат. Бараме фер и предвидлив процес во кој постигнатото ќе се вреднува, а Македонија ќе биде почитувана како држава и партнер, му рекол Мицкоски на Јанша. Македонија синоќа во Њујорк беше претставена и од сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози Мицкоска, на приемот што го организираше првата дама на САД, Меланија Трамп, за сопругите на светските лидери кои учествуваат на 81. Генерално собрание на ОН. Приемот бил организиран во рамките на иницијативата на Меланија Трамп „Заедничко градење на иднината“. – Заедно, ние претставуваме прекрасен спој на култури, јазици, истории и традиции. Сите сме обединети околу една вечна вистина: иднината на нашиот свет ќе биде одредена од она што денес го правиме за нашите деца, порачала првата дама на САД на приемот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36Мицкоски ќе се обрати во ООН во петок, денеска учествуваше на Самит на мултилатеризмот15:00Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта12:50
МакедонијаПродолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупаДокументација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази Документација поврзана со основање на заедничко друштво со странски партнер, владини одлуки, како и финансиски трансакции поврзани со набавката на видеолотариски терминали, се дел од материјалните докази кои денеска обвинителството ги изведе пред судот на рочиштето за проневери во државна лотарија од 9,7 милиони евра. Според обвинителите изведените докази се однесуваат на надлежностите кои поединечно ги имал секој од обвинетите во предметот.. во наредниот дел од постапката како што пјаснија како сведок на обвинителството ќе се појави и актуелниот директор на државна лотарија Климовски - Денеска беа изведувани докази во насока на нивната надлежност, односно докази со кои обвинителството ќе се обиде да докаже дека тие ги преќекориле тие овласутавања. Понатаму беа изведувани докази по однос на нивното својство на сторување на делото, на кратко кажано и докази коишто се однесуваат на тоа на кој начин се носени одлуките од страна на органите на управување на друштвото. изјави тонско обвинител Даниел Коцев . – Во нашата листа на докази е директорот на државна лотарија, кој е предложен како сведок на обвинителството односно како сведок претставник, кој што ќе треба да се произнесе во однос на имотно правното побарување, кривичниот прогон и така натака,- изјави Александар Давчевски. За одбраната пак, изведувањето на доказите на обвинителството покажало дека дека обвинението е конфузно, но и дека обвинетите не сториле кривично дело. -Првично по изведените докази се засилува нашата теза дека обвинението е слабо, нејасно и контрадикторно. Од самите докази што ги видовме денеска произлегува дека обвинетите не само што не ги ставиле делата кои им се ставаат на товар туку напротив тие постапувале по инструкции на владата, со претходна согласност од владата и само го штителе државниот интерес,- изјави Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Бојан Јанев . Следното рочиште со изведување на материјалните докази на одбрана ќе се одржи на 30 септември. Првообвинет во предметот за проневери во државна лотарија се ексдирекророт Перпарим Бајрами, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, како и уште шестмина други Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“. „Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си. Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен. „Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе. Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе. Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот. Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп. Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра. Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.Тагови: Килијан Мбапе Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter