3Сиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин
3Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
ФудбалЛШ: Борусија во Санкт Петербург, Јунјатед во Атина Вечерва на стариот континент на програмата се две нови осминафинални средби во фудбалската Лига на шампионите. Дали на подвидот се две нови двојки во осминафилните пресметки во елитното натпреварување или пак Зенит и Олимпијакос ќе ја одбранат честа на домаќините во елиминациското осминафинале ќе дознаеме вечерва по средбите во Санкт Петербург и Атина. Во првите четири осминафинални средби во Лигата на шампионите доминираа гостинските екипи. Вечерашната програма стартува во 18 часот во Санкт Петербург каде рускиот првак Зенит ќе го дочека европскиот вицешампион Борусија Дортмунд. Четата на Јирген Клоп во продолжението на сезоната се ќе фрли на една карта натпреварите во ЛШ бидејќи во Бундеслигата е далеку зад шампионот Баерн, заостанува цели 20 бодови и елитното натпреварување му е единствена шанса за освојување на трофеј . Улогата на фаворит в вечерва ќе биде на страната на гостите од Дортмунд , милионерите се во полна натпреварувачка форма, а Зенит е без натпревар веќе два месеца поради паузата во првенството во Русија. Но предводникот на Дортмунд Клоп смета дека Зените е опасен ривал кој формата ја одржувал со одигрување на пријателски средби. „Тие тренираа добро , имаат одлично услови за подготовки. Тренираа многу во последните недели , играа пријателки средби и сигурно ќе бидат подготвени за вечерашниот меч . Мислам дека не сме во никаква предност во односн на зенит“, смета Јирген Клоп. Зенит е само вториот руски тим во осминафиналето и токму поради тоа за избраниците на Лучано Спалети дуелот со Борусија е шанса за влез во историјата. -Ова е најсилниот противник кој можевме да го добиеме на ждрепката . Не знам дали нашето максимално залагање ќе биде доволно за успех но ние сигурно ќе дадеме се од себе во овој двомеч, порача Спалети. Борусија пред гостувањето во Русија има проблеми со неколку повредени фудбалери. На повреда се жалат Суботиќ, Хумелс, Блашчиковски, Бендер но и најдобриот стрелец Левандовски. На вториот вечерашен натпревар од 20 часот и 45 минути во Атина ќе играат Олимпијакос и Манчестер Јунајтед. И покјар слабите игри на домашната сцена сепак Манчестер ја има улогата на фаворит во овој дуел . Грчкиот гигант ги загуби сите четири одиграни средби против Јунајтед , но последниот меч е одигран пред цели две децении . Олимпијакос со заверена титула во домашното првенство го пречекува дуелот со Манчестер , за тимот пак на Моес токму елитното натпреварување е шанса за рехабилитација за лошите игри и резултати во Премиерлигата. Олимпијакос во зимскиот преоден рок остана и без својот најдобар фудбалер Костас Митроглу , сите овие факти покажуваат дека Јунајтед е фаворит , но сепак вечерва ќе биде пеколно во Атина. -Улогот е голем ние не се предадеме. Искуството е многу значајно во вакви средби , но ние може да се носиме до тоа. Играме страсно , така ќе биде и вечерва против Јунајтед. Сега сме во подобра форма од пред два месеца , работевме напорно и подготвени го очекуваме осминафиналето. Во Атина Манчестер ќе биде под притисок , немаат право на грешка поради ситуацијата во која се наоѓаат во Премиерлигата, истакна тренерот на Олимпијакос Мичел. Манчестер е фаворит на хартија но ќе мора тоа да го докаже и на теренот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуте: Русија месечно губи повеќе војници, отколку САД за време на целиот Виетнам (ВИДЕО) Русија губи повеќе од 40.000 војници во Украина секој месец, вклучувајќи мртви и тешко ранети, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Тој истакна дека оваа бројка е споредлива со вкупните американски загуби во текот на 14-те години од војната во Виетнам. Руте го изјави ова во говорот на форумот „Атлантска иднина“ што се одржа вчера, пренесува Украинска правда. Споредба со Виетнам Руте објасни дека рускиот претседател Владимир Путин не успева да ги постигне своите цели на бојното поле, наведувајќи ги огромните човечки загуби што Русија ги претрпува во последните месеци како причина. 🚨 🚀🇷🇺🇺🇦 NATO Secretary General Mark Rutte claims Russia is suffering heavy battlefield losses in its war against Ukraine: "Russia's war against Ukraine continues. Putin is failing on the battlefield. In the past few months, Russia has been losing more than 40,000 troops killed or seriously wounded every month." — Russia News (@russianews_eng) November 12, 2026 „Соединетите Американски Држави изгубија 56.000 луѓе во Виетнам за 14 години. Тука, Русија има 40.000 мртви или тешко ранети само за еден месец. Првите податоци за октомври покажуваат дека овој број би можел да надмине 50.000. Педесет илјади за само еден месец“, рече Руте. Напади врз цивили и хибридна војна Генералниот секретар на НАТО смета дека Путин, откако не успеа на фронтот, се свртел кон напади врз цивили за да ја скрши волјата на Украина за борба. Тој рече дека Русија ги таргетира украинските градови со ракети и беспилотни летала и се обидува да уништи клучна инфраструктура пред зимата. „Русија, исто така, ја интензивираше својата кампања на непријателски активности низ Европа. Путин се обидува да нè подели, да ги дестабилизира нашите општества и да ја наруши нашата поддршка за Украина преку палежи, инциденти со беспилотни летала, кибернапади и други злонамерни дејствија. Но, да бидеме јасни - тој не успева. Ние одговараме на секој руски хибриден напад врз нашите земји со испраќање уште поголема помош на Украина“, рече тој. Проценки за вкупните загуби Алијансата претходно процени дека Русија имала повеќе од 50.000 жртви само во септември, од кои 28.000 биле убиени, што е значително повеќе од загубите на украинските вооружени сили. Според проценка објавена ова лето, НАТО верува дека Русија изгубила повеќе од 1,4 милиони војници од почетокот на инвазијата.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Есенско разубавување на нашето Скопје!И во есенските денови, Скопје го облекуваме во бои што внесуваат свежина и топлина во нашето секојдневие.Денеска, вредните вработени во ЈП „Паркови и зеленило“ засадија есенски цветен расад во цветните леи во Градскиот парк, Парк Македонија, долж булеварите „Партизански одреди“, „Јане Сандански“ и „Александар Македонски“, како и во Реонскиот центар. Нов цветен изглед добија и фигурите „Штрк“ во општина Аеродром и „Торта“ во општина Чаир, кои ги освеживме и украсивме со сезонско цвеќе, миозотис и хризантема. Благодарност до сите вредни раце што секојдневно се грижат нашите паркови и јавни површини да бидат поубави и попријатни за секој скопјанец. Да го чуваме она што го разубавуваме, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова: Со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во ДаблинДенеска, заедно со 50 шефови на европски држави и влади, учествував на Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, чија централна тема е „Европа: силна, безбедна и поврзана“.На панел-дискусијата „Градење на компетитивна Европа – иновација, поврзаност и достапна енергија“, говорев за поврзаноста меѓу европската конкурентност, иновациите, енергетската безбедност и интеграцијата на Западниот Балкан. Европа ја црпи својата сила од способноста различноста да ја претвори во соработка, а соработката во заедничко дејствување. Конкурентноста денес не може да се сведе само на капиталот, големината на пазарите или цената на работната сила, туку сè повеќе зависи од капацитетот да се поврзат знаењето, технологијата, инфраструктурата, енергијата и луѓето и тие врски да се претворат во иновации, продуктивност и одржлив раст. Западен Балкан не е надвор од Европа, туку е дел од нејзината историја, инфраструктура и безбедносна архитектура, при што Европа и Западниот Балкан ги опишав како „систем на поврзани садови“, во којшто случувањата во еден дел неизбежно влијаат врз другиот. Прашањето не е само како Западниот Балкан подобро да се поврзе со Европа, туку дали Европа може да си дозволи да остане недоволно поврзана со регион што се наоѓа на пресекот на нејзините стратешки правци, енергетски коридори, пазари и човечки потенцијал, објави на ФБ претседателката Гордана Сиљановска- Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook