ЛШ: Баерн М. - Реал, Атлетико М- Барселона, Ливерпул- ПСЖ, 1/4 финале за уживање - Канал 5

ЛШ: Баерн М. - Реал, Атлетико М- Барселона, Ливерпул- ПСЖ, 1/4 финале за уживање

 Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Ливерпул и Барселона се последните четири екипи кои обезбедија пласман во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

ЛШ: Баерн М. - Реал, Атлетико М- Барселона, Ливерпул- ПСЖ, 1/4 финале за уживање

Ливерпул на реваншот вечерва на „Енфилд Роуд“ ја надомести негативата од еден гол од дуелот во Истанбул и со убедливи 4-0 пред своите гледачи го елиминираше турскиот клуб.

Пласман во четвртфиналето во доминантен стил обезбеди и минхенски Баерн, кој по триумфот од 6-1 на првиот натпревар во Бергамо, на домашен терен ја совлада Аталанта со 4-0.

Тотенхем на дуелот во Лондон ја забележа првата победа под водство над Игор Тудор, совладувајќи го мадридски Атлетико со 3-2, што беше недоволно да ја надомести негативата од 2-5 од првиот натпревар во Шпанија.

Претходно вечерва, Барселона го декласираше Њукасл пред своите гледачи на Ноу Камп со 7-2 и со вкупен резултат од 8-3 се пласираше во четвртфиналето.

Реванш четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони:

Барселона – Њукасл 7-2 (Рафиња 6, 72, Бернал 18, Јамал 45+3, пен), Фемин 51, Левандовски 56, 61 / Еланга 15, 28)

(прв натпревар 1-1)

Баерн – Аталанта 4-1 (Кејн 25, пен, 54, Карл 56, Дијаз 70 / Самарџиќ 85)

(прв натпревар 6-1)

Ливерпул – Галатасарај 4-0 (Собослаи 25, Екитике 51, Гравенберх 53, Салах 62)

(прв натпревар 0-1)

Тотенхем – Атлетико Мадрид 3-2 (Коло Муани 30, Симонс 52, 90 / Алварез 47, Ханко 75)

(прв натпревар 2-5)

Вторник:

Арсенал – Баер Леверкузен 2-0 (Езе 36, Рајс 63)

(прв натпревар 1-1)

Челзи – ПСЖ 0-3 (Кварацхелија 6, Баркола 14, Мајулу 62)

(прв натпревар 2-5)

Манчестер Сити – Реал Мадрид 1-2 (Халанд 41 / Винисиус Жуниор 22, пен, 90+3)

(прв натпревар 0-3)

Спортинг – Бодо Глимт 5-0 по продолженија. (Инасио 34, Гонсалвес 61, Суарез 78, пенал, Араухо 92, Нел 120+1)

(прв натпревар 0-3)

Четвртфинални двојки:

Спортинг – Арсенал

ПСЖ – Ливерпул

Реал Мадрид – Баерн Минхен

Барселона – Атлетико Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица

Директорот Гоце Димовски оствари посета на Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица, каде заедно со менаџментот на фабриката беа разгледани тековните активности, плановите за во иднина, како и можностите за раст и развој.

Остварена посета на фабриката Адиент Аутомотив во ТИРЗ Струмица

Покрај ова, беше реализирана и обиколка на производствениот погон.

Во рамки на средбата, Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува со континуирана соработка со компаниите кои работат во зоните, со цел навремено да се согледаат нивните потреби и да се обезбеди соодветна поддршка во нивното работење. Тој посочи дека активно се работи на дополнително подобрување на условите за инвестирање, како и на создавање уште подобра деловна средина за компаниите кои се дел од ТИРЗ.

Од страна на менаџментот на фабриката, беше изразено задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беа претставени тековните активности и идните планови и очекувања на компанијата. Преку ваквата директна и отворена комуникација со инвеститорите, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со јакнење на партнерскиот однос, подобрување на условите за работа и поддршка на компаниите во нивните развојни планови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени.

УХМР: Топол продолжен викенд со изолирани невремиња

Продолжува топлотниот бран, со температури кои во Скопје ќе достигнат и до 36 степени во делови од државата температурата ќе биде и до 39 степени, можно е изолирано невреме во делови од земјата, велат од УХМР..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Во моментот се активни четири пожари, 24 се изгаснати, а под конторла се 24 пожари, објаснуваат од ЦУК..

ЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково

Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково општините Гостивар и Македонски Брод Општина Чашка – над с. Нежилово, и делови во општина Струга.

Од ЦУК со апел за внимателност, да не се палат огнови на отворено..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер