ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
2ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
ФудбалЛоврен ја заврши репрезентативната кариераДејан Ловрен се повлече од хрватската репрезентација. Хрватскиот фудбалски сојуз денес објави соопштение и проштално писмо од дефанзивецот.- Оваа одлука ја донесов по долго размислување. Дојде денот кога треба да се збогувам со репрезентацијата, иако и понатаму останувам страстен навивач на репрезентацијата. Најубавата страница во оваа приказна за мене е сето она што го постигнавме во изминатите пет години. Да бидам искрен, сè уште ми изгледа како еден голем сон. Никогаш нема да ги заборавам овие моменти и засекогаш ќе ги чувам во моето срце. Благодарам за соработката на сите тренери, од Славен Билиќ до Златко Далиќ, научив многу од сите. Им благодариме на сите поранешни и сегашни соиграчи за оваа незаборавна авантура. Споделивме подеми и падови, смеа и солзи. Ми станавте како браќа. Бевте покрај мене кога ми беше навистина тешко. Како и секогаш ќе бидам покрај вас. Ви благодарам од се срце, напиша дефанзивецот на Лион. Ловрен во хрватската репрезентација е од 2009 година. Како дел од тимот „коцкестите“ одигра 78 натпревари, стана вицешампион на светот во 2018 година и бронзен медалист на Светското првенство во Катар 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкцииПо изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи? Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста. Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање. Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите. Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Тирана повторо„гореше“,молотовлеви коктели, оган, водени топови За време на деветтиот ден од протестите во Тирана, демонстрантите фрлија неколку Молотовлеви коктели кон кабинетот на премиерот на земјата, Еди Рама, како и кон полицискиот кордон што ја обезбедуваше зградата, објави албанскиот медиум „Еуроњуз“ (EurМолотовите коктели предизвикаа мал пожар, кој беше брзо изгаснат од дежурната противпожарна служба. Водените топови беа во подготвеност, но не беа употребени, а полицијата исто така не упати никакви повици до демонстрантите. Clashes in the Albanian capital, Tirana, escalated into full-scale street battles by mid-day today. Furthermore, protesters are actively dismantling surveillance cameras throughout the city. https://t.co/zFx3z1iOmo — 𝕊𝕡𝕣𝕚𝕟𝕥𝕖𝕣 𝕻𝕣𝕖𝕤𝕤 (@SprinterPress) October 21, 2026 Демонстрациите завршија по неколку часа со марш до плоштадот „Скендербег“. Демонстрантите најавија продолжување на протестот утре, за кога е закажана пленарна седница на владата. Во Албанија, веќе девет дена се одржуваат протести предводени од студенти. Тие започнаа поради незадоволство од состојбата во образованието, високите трошоци за студирање и слабите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка. Премиерот на Албанија утрово се огласи преку видео на социјалните мрежи, во кое го повтори повикот за дијалог со демонстрантите. 🇦🇱 Albânia: protestos pedem mudança radical na política. A Praça Skanderbeg, em Tirana, registra o sexto dia consecutivo de protestos contra o governo de Edi Rama. #Albânia #Tirana #Protestos #EdiRama #Política #Democracia #Europa #FronteiraLivre https://t.co/AkzZlwnp6M — Fronteira Livre (@fronteira_livre) October 22, 2026 Во видеото објавено утрово на Фејсбук – за разлика од претходниот ден, кога поканите ги стави на столици – денес тој ги постави на бетонски клупи. Видеото е проследено со коментарот „Добро утро“. Според локалните медиуми, денес се очекува уште еден напнат ден во Тирана, бидејќи студенти и граѓани најавија нов собир пред албанскиот парламент.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter