Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти - Канал 5

Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одлучи во Лондон да не се одржуваат квалификациски турнири за Олимписките игри 2024 година во Париз објави „Inside the Games“.

Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти

Ова се должи на ставот на властите во Велика Британија за руските спортисти. Претходно, владата на земјата одлучи на руските и белоруските спортисти да им биде дозволено да се натпреваруваат само откако ќе потпишат декларација за неутралност.

- Крајно сме разочарани што не сме во позиција да бидеме домаќини на олимписките квалификации како што се надевавме. Ова е особено фрустрирачко за британските спортисти, кои се лишени од бенефитот да добиваат поддршка од своите навивачи, рече портпаролот на Британскиот олимписки комитет.

Лондон требаше да биде домаќин на квалификациите за Олимпијадата 2024 во брејк, скејтборд, спортско качување и „BMX“ слободен стил.

Во март 2023 година, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача спортските федерации да им дозволат на руските и белоруските спортисти да учествуваат на турнирите под неутрален статус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Возачот на камион, државјанин на Македонија М. Ј., загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Врање - Ниш, во близина на Богоевац во близина на Лесковац.

Возач на камион од Македонија загина во тешка сообраќајка кај Лесковац

Сообраќајната несреќа се случила околу 1:50 часот по полноќ, кога возачот, кој управувал камион со приколка, најверојатно поради несоодветна брзина, излетал од автопатот, објави Блиц.

По излегувањето од коловозот, возилото се запалило и целосно изгорело, а телото на возачот било пронајдено во камионот.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари, екипи на брза помош и полиција. Пожарникарите интервенирале поради пожар во камионот, додека полицијата извршила увид на лице место за да ги утврди сите околности и точната причина за несреќата.

Истрагата е во тек, а повеќе детали за околностите под кои се случила трагедијата ќе бидат познати по извршувањето на проверките.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.

Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината

Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски.

Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии.

„Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски.

Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите.

„Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)

Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.

Протест на аеродромот во Приштина-  приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)

Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“.

Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг.

YouTube video

На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“.

Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти.

Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер