Лондон: „Многу наскоро“ нова средба со САД, Украина и европските партнери - Канал 5

Лондон: „Многу наскоро“ нова средба со САД, Украина и европските партнери

Договорено е многу наскоро повторно да се сретнеме со партнерите од Е3, САД и Украина.

Лондон: „Многу наскоро“ нова средба со САД, Украина и европските партнери

И покрај изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој сугерираше дека САД може да се откажат од посредувањето доколку не се постигне напредок, британската влада повтори дека останува посветена на изнаоѓање пат кон прекин на огнот во Украина.

- Договорено е многу наскоро повторно да се сретнеме со партнерите од Е3, САД и Украина, за да најдеме начин да постигнеме прекин на огнот и целосен, одржлив мир, изјави портпарол на британската влада за Скај Њуз.

Е3 е неформална безбедносна група составена од Велика Британија, Франција и Германија, основана во 2003 година за време на кризата во Ирак, а подоцна се фокусираше на иранската нуклеарна програма./МИА

Ноќeска на паркинг во Битола опожарени три возила

Синоќа на паркинг во Битола на улицата Леринска  изгореа три возила,според информациите возилата биле на  сопруга на битолски бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник.

Ноќeска на паркинг во Битола опожарени три возила

Случајот во СВР Битола бил пријавен 20 минути по полноќ. Од таму потврдија дека се опожарени три возила со битолски, скопски и тетовски регистерски таблички.според очевидци пожарот избил од „возило тојота и ги зафатил и другите две возила.

Од полицијата потврдуваат дека се опожарени три возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата. Во инцидентот нема повредени лица.

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

 Најмалку 160 лица загинаа, а 234 се исчезнати на медитеранската рута од почетокот на годината до 17 мај, соопшти Меѓународната организација за миграции во Либија.

Повеќе од 160 загинати и 234 исчезнати мигранти на медитеранската рута од почетокот на годинава

Исто така, објавено е дека во истиот период 8.665 мигранти се фатени на море и вратени во Либија, пренесе Анса.

Од нив 7.369 се мажи, 895 жени, 296 малолетници, а за 105 лица не е познато од кој пол се.

Форум за културна дипломатија во Скопје

Во просториите на министерството за надворешни работи и надворешна трговија, денеска се одржува третиот форум за културна дипломатија, во организација на кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов.

Форум за културна дипломатија во Скопје

Темата на овогодишниот форум е „одржлив развој и културна дипломатија – поттикнување глобални партнерства“.

YouTube video

притисни ентер