Локалните избори ќе бидат распишани на 8 август, првиот круг најверојатно на 26 октомври, дознава „Канал 5“ - Канал 5

Локалните избори ќе бидат распишани на 8 август, првиот круг најверојатно на 26 октомври, дознава „Канал 5“

Локалните избори ќе се распишат на 8 август, дознава Канал 5 од високи партиски извори. 

Локалните избори ќе бидат распишани на 8 август, првиот круг најверојатно на 26 октомври, дознава „Канал 5“

Според предвидениот рок од 60-90 дена од датумот на распишување на изборите, извесно е дека првиот круг ќе се одржи на 26 октомври, а вториот, две недели подоцна, на 9 ноември.

Но, она што е неизвесно дали тие ќе се одржат со променет Изборен законик и каква ќе биде позицијата на граѓанските иницијативи во изборната трка, по правниот вакуум што настана откако Уставниот суд ги укина членовите со кои се крена прагот за потребни потписи за независните, но пратениците од власта и опозицијата здружно во Собранието повторно поднесоа законски измени за зголемување на бројот на потписи за независните. Вака предложениот Изборен законик сега е заглавен во Собранието поради блокирањето од ДУИ и немање Бадентерово мнозинство.

Екоактивистот Горјан Јовановски од независната иницијатива „Зелен хуман град“ за Канал 5 изјави дека тие веќе поднеле барање за автентично толкување до Собранието за да не настане хаос со кандидирањето, бидејќи според сегашната состојба во законот независните имаат право да учествуваат, но не се знае со колку потписи - дали некој може да се кандидира и со само еден потпис или без ниту еден.

-Веќе е побарано автентично толкување бидејќи ДИК и другите државни институции ги следат насоките коишто се даваат од Собранието. Бидејќи Собранието е единствено кошето може да дава автентично толкување на законите, тие се тие што треба да се изјаснат за овој правен вакуум којшто сега се создаде и нејаснотија дали навистина ние независните може сега да се кандидираме без потписи и дали воопшто не може да се кандидираме. Проблемот е дека таму, тие комисии, тие пратеници треба да знаат дека со носење на вакви штетни измени или оставање некаков вакум со цел да се истиснат независните од изборите, комплетно го газат мислењето на Уставниот суд и демократијата, изјави Јовановски.

Во меѓувреме и министерството за правда подготви текст за Изборниот законик во согласност со препораките од ОБСЕ/ОДИХР и реформската агенда. Од правда за Канал 5 велат дека предлогот е испратен на мислење до ОДИХР, но оттаму се уште немаат повратен одговор. Во него не е опфатено прашањето за една изборна единица, ниту за независните кандидати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Британската агенција за поморска трговија (UKMTO) издаде безбедносно предупредување по инцидентот што се случи вчера во Оманскиот Залив. 

Американците запреа танкер во Оманскиот залив по предупредување од Британците

Предупредувањето е издадено врз основа на дојава дека танкер и воени сили биле вклучени во инцидентот. Речиси истовремено, Асошиејтед Прес објави дека Американската централна команда (CENTCOM) го онеспособила моторниот танкер „Лавин“, кој наводно се обидел да ја пробие американската поморска блокада на Иран.

Засега нема официјална потврда

Досега не е официјално потврдено дали предупредувањето на британската агенција и американската воена операција се однесуваат на истиот настан. Американската централна команда сè уште не дала официјална изјава за целиот случај, а причините зошто не го сториле тоа се непознати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американска ѕвезда е уапсена- возел пијан

Поранешниот квотербек во НФЛ, Тони Ромо, се најде во центарот на скандал откако беше уапсен во Милвоки под сомнение за возење под дејство на алкохол. 

Американска ѕвезда е уапсена- возел пијан

Според американските медиуми, поранешниот ас не го положил стандардниот полициски тест за трезвеност, поради што веднаш бил приведен.

Полицискиот тест вклучува проверка на движењата на очите, одење по права линија со вртење и одржување рамнотежа на една нога. Не беше објавено во кој дел од тестот Ромо не успеал, ниту дали бил подложен на алкотест или го одбил.

По апсењето, Ромо беше пуштен да се брани од слобода, но ќе мора да се појави на суд во септември. Во државата Висконсин, возењето под дејство на алкохол се казнува со парични казни, одземање на возачка дозвола, а во сериозни или повторени случаи, затворска казна.

Ромо ја помина целата своја НФЛ кариера во Далас Каубојс, каде што сè уште го држи рекордот на франшизата за бројот на фрлени додавања за тачдаун. Тој беше избран за Про Боул четири пати, а по завршувањето на неговата играчка кариера, изгради успешна кариера како телевизиски аналитичар на CBS.

Американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес досега одби да коментира за инцидентот во кој е вклучен нивниот познат експерт-консултант.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара.

Њујорк Тајмс: Тајните служби го предупредиле Трамп, среде патување го смени претседателскиот авион

На почетокот на јуни, поради иранската закана, американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш го смени авионот што го користеше за да го напушти самитот на НАТО во Анкара, летајќи во постар „Ер Форс Уан“ наместо оној што му го даде Катар, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Американските медиуми, врз основа на тврдењата на анонимни извори, пишуваат дека заканата се појавила додека Трамп учествувал на состанок на НАТО. Тој претходно пристигнал во турската престолнина со нов „Боинг 747-8“, подарок од Катар, без напредните одбранбени капацитети на стариот „Ер Форс Уан“.

Замена на авионот и објаснување

По предупредување од тајните служби, Трамп го смени авионот, тврдејќи дека промената е направена за да им се даде можност на американските војници во Велика Британија да го видат новиот авион, пишува „Тајмс“. Трамп ја напушти Турција со стар авион, а потоа во Обединетото Кралство се качи на новиот претседателски авион, кој го користеше за да го продолжи летот до Вашингтон.

Истрага за протекување информации

„Њујорк тајмс“ претходно овој месец објави дека властите имаат сомнежи за безбедносните капацитети на авионот што му бил подарен на републиканецот од земја од Блискиот Исток. Властите одговорија на тие написи со истрага за протекувањето на информации, барајќи сведочење од неколку новинари пред порота, како и предавајќи список на повици до нив и нивните семејства.

Трамп минатиот викенд призна дека на новиот авион му недостасуваат некои карактеристики што ги имаат старите претседателски модели на Боинг, одговарајќи на новинар кој го забележа недостатокот на противракетна одбрана. Тој рече дека катарскиот авион наскоро ќе биде „целосно опремен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер