СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
1СДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијание
КултураЉутков: Важно е со титулата Европска престолнина на културата да се врати сјајот и идентитетот Важно е со титулата Европска престолнина на културата да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Важно е со титулата Европска престолнина на културата за 2028 година да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Веќе стигнуваат интересни иницијативи во однос на програмите, иако загубивме година дена без помош од градот Скопје, порача министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој на денешниот брифинг со новинарите посочи дека е во комуникација со сите амбасадори и ја бара поддршката од Европските комисии. -Се обидувам колку е можно да одржиме некоја нормална комуникација со градот да ја задржиме таа титула. Се појавуваат некакви иницијативи и стравови дека можеме да ја загубиме титулата, тоа би било погубно, бидејќи никогаш не се случило во историјата на Европа да се одземе оваа титула од одреден град, рече Љутков. Тој додаде дека е важно со титулата Европска престолнина да се врати сјајот и идентитетот на Скопје. Најави дека ќе има многу програми, многу културни политики, туристички политики, а како што посочи, веќе стигнуваат многу интересни иницијативи во однос на програмите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Извештајот на ЕП го посочува странското мешање во Македонија, руското, српско и кинеско влијаниеЕвропскиот парламент во својот извештај за Македонија јасно и недвосмислено укажува на сериозни ризици од странско мешање и влијание кое директно го загрозува европскиот пат на државата.СДСМ навреме предупредуваше и гласно зборуваше за овие ризици а очигледно е дека ситуацијата е многу посериозна. Во извештајот се нагласуваат руските напори за проектирање влијание, кинеското економско и политичко влијание, како и растечките врски со Србија која спроведува илиберална агенда во регионот. Европратениците изразуваат загриженост од регионалните наративи и влијанието на „српскиот свет“ кое е насочено против европската ориентација на Македонија. Ова не е прв пат Европскиот парламент да укажува на овие опасности. Но, ова е прв пат кога ваквите предупредувања доаѓаат во момент кога Владата на Христијан Мицкоски отворено ја копира политиката на Вучиќ и „српскиот свет“ и во реторика, и во наратив, и во политичкиот модел. Додека Мицкоски и ВМРО секојдневно го туркаат антиевропскиот наратив, го навредуваат секој што се залага за ЕУ и ја блокираат европската иднина на граѓаните, Европскиот парламент јасно порачува дека странското мешање - руско, кинеско и преку регионални актери, станува сериозна закана за Македонија. Наместо да се бори против овие влијанија, Владата на Мицкоски активно учествува во нивното ширење. Наместо да ја зајакнува отпорноста на државата, ја слабее преку политички прогон, контрола на медиуми и откажување од реформи. Европскиот парламент го кажа она што граѓаните го чувствуваат секој ден. Македонија е изложена на странско влијание, а Владата на Мицкоски не само што не го спречува, туку активно придонесува за него. СДСМ останува јасно и доследно на страната на европскиот пат, на владеењето на правото и на отпорноста од секое странско мешање - било тоа руско, кинеско или регионално. Граѓаните заслужуваат Македонија да биде дел од Европа, а не заложник на туѓи интереси и туѓи наративи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Менуваме“ со кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политикаКоалицијата „Менуваме“ со апел да се разгледа според нив незаконското намалување на работното време на услугите за лична асистенција за лицата со попреченост, издавањето лиценци со кршење на законските процедури.Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична приајва до ОЈО за Министерството за социјална политика. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
КултураДоделена е наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански или од португалски јазикДоделена е наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански или од португалски јазик за годините 2024 и 2025 година.Оваа година, наградата за книжевен превод „Ванѓа Чашуле“ се доделува третпат по нејзиното возобновување во 2023 година, на иницијатива на семејството, по повод 40- годишнината од смртта на Ванѓа Чашуле (1923–1986), една од првите преведувачки од шпански и првата од португалски на македонски јазик, во чиј опус се дела од повеќе познати автори меѓу кои се истакнуваат „Сто години самотија“ од Габриел Гарсија Маркес, „Сребре и јас“ од Хуан Рамон Хименес и „ Габриела, каранфил и канела“ од Жорже Амадо. Комисијата во состав: академик Илија Чашуле (организатор на наградата, лингвист и книжевен преведувач), Игор Поповски (претседател на комисијата, книжевен истражувач и преведувач), Лилјана Митковска (член на комисијата, професор и лингвист) и Виолета Јагев (член на комисијата и книжевен преведувач, добитник на наградата), разгледуваше преводи од шпански и од португалски јазик објавени во 2024 и 2025 година, а од преведувачи што досега не ја добиле оваа престижна преведувачка награда. Комисијата едногласно одлучи наградата „Ванѓа Чашуле“ за 2024 и 2025 година да му ја додели на преведувачот Ненад Трповски за неговиот превод од португалски на македонски јазик на делото „Книга“ од современиот португалски писател Жозе Луиш Пејшото, во издание на „Антолог“ од 2024 година. Изворниот наслов на книгата гласи „Livro“ и е првообјавена во Португалија во 2010 година. Комисијата смета дека преводот мошне успешно ги пренесува јазичните и стилските особености на овој метафикциски роман, задржувајќи го богатството на авторовиот израз и сложената наративна структура. Со внимателно избрани реченични и лексички решенија, преведувачот природно го воведува македонскиот читател во светот на делото, така што книгата се чита како да е изворно напишана на македонски јазик – одлика на секој врвен превод.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter